Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Благодарам за одговорот Ставрогин
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.655
Поени од реакции
31.539
konechno neshto da neznae ., brzo zapishuvaj se tamu za da doznaesh i nauchish:place:
 
T

Tetro

Гостин
Попот им ги поставил следниве прашања на своите верници:

Дали некој од вас го слушнал Господ? ... Никој не одговорил на прашањето.
Дали некој од вас го допрел Господ? ...Повторно, никој не одговорил.
Дали некој од вас го видел Господ?
Кога и по трет пат никој не одговорил, попот едноставно заклучил дека Господ не постои!

По некоја секунда мислење, еден од верниците побарал дозвола од попот да одговори на прашањата.
Попот се сложил, во исчекување да го слушне одговорот на овој храбар верник. Верникот застанал пред своите селани и наместо одговор храбро ги прашал:

Дали некој од вас го слушнал мозокот на попот? ... Сите молчеле.
Дали некој од вас го допрел мозокот на попот? ... Повторно молк.
Дали некој од вас го видел мозокот на попот?

Кога никој не се осмелил да зборува, верникот заклучил: Значи, според логиката на нашиот поп, мора да е точно дека нашиот поп нема мозок!

И сите среќно си живееле.

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Ова може и овака....

Дали некој од вас го слушнал мозокот на Watchlist? ... Сите молчеле.
Дали некој од вас го допрел мозокот на Watchlist? ... Повторно молк.
Дали некој од вас го видел мозокот на Watchlist?

Значи, според логиката на Watchlist, мора да е точно дека нашиот Watchlist нема мозок!:)
 
Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Попот им ги поставил следниве прашања на своите верници:

Дали некој од вас го слушнал Господ? ... Никој не одговорил на прашањето.
Дали некој од вас го допрел Господ? ...Повторно, никој не одговорил.
Дали некој од вас го видел Господ?
Кога и по трет пат никој не одговорил, попот едноставно заклучил дека Господ не постои!

По некоја секунда мислење, еден од верниците побарал дозвола од попот да одговори на прашањата.
Попот се сложил, во исчекување да го слушне одговорот на овој храбар верник. Верникот застанал пред своите селани и наместо одговор храбро ги прашал:

Дали некој од вас го слушнал мозокот на попот? ... Сите молчеле.
Дали некој од вас го допрел мозокот на попот? ... Повторно молк.
Дали некој од вас го видел мозокот на попот?

Кога никој не се осмелил да зборува, верникот заклучил: Значи, според логиката на нашиот поп, мора да е точно дека нашиот поп нема мозок!

И сите среќно си живееле.

Нека земат сељаците некој ќутук и нека го треснат по глава попот .. тогаш сите аргументи ќе му паднат во вода т.е. разлијат по земјата :D
 
G

galaxy

Гостин
Ова истражување е од 2009 и оттогаш само во Јануари, Science магазинот го има обработено случајот и ако го прочиташ текстот ќе видиш дека многу други научници го дискрдитирале проектот.
И ако целта ти беше да дадеш доказ за Креационизмот, грешиш.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Neznam koj go diskreditiral, dali ima megu tie nekoi nobelovci?
Inaku ne go podrzuvam kreacionizmot, a za darvinizmot ne pravam ni muabet.
 
G

galaxy

Гостин
Neznam koj go diskreditiral, dali ima megu tie nekoi nobelovci?
Inaku ne go podrzuvam kreacionizmot, a za darvinizmot ne pravam ni muabet.
Па зошто го постираше ова тука? Зошто не го стави ова во Наука, нема никаква врска со религија, а посебно не со креационизам или еволуција, или го стави ова ова зашто го идентификуваш како псеудонаука.

Тоа што поделил Нобелова награда за ХИВ вирус не кажува ништо. Го сработил тоа што го сработил на тоа поле и добил признание. Овој проект нема никаква врска со тоа поле за кое добил Нобелова награда.

Не е докажано ни дека водата има меморија, а не пак со кванти да се пренесува ДНК конфигурација од една епрувета во друга, во која има само ВОДА. Ај да имаше некој нуклеотид или пак прости елементи, фосфор, азот, ама не има САМО ВОДА.
 
Види вака, се дедека експериментот не се направи пак и не се потврдат резултатите
се е млатење празна слама....значи ни јас ни ти не знаеме дали е, или не е така.
За нобеловата награда.....спомнав затоа што станува збор за кредибилитетот на човекот.
А дали има врска со дебатава на темава да оставиме времето да покаже.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Религиите за создавањето на светот, вселената и животот се базираат на догми и верување, без физички хемиски...доказ, дадени во Библијата, толкувани и коментирани од св. Отци без "научна" основа...другата страна, слебениците на еволуцијата дадена како таква упорно се труди да ги базира информациите врз факти...но засега ми се чини истата се заснова во повеќето случаи на субјективни на мислења, верувања и претпоставки врз база на мерења кои по некоја година ќе се покаже дека воопшто не биле точни него дадени ориентационо (во распон од половина до милијарда).

Земјата може без Месечината?

Тие веруваат дека стабилизирачкиот ефект, кој нашата Месечина го има врз ротацијата на Земјата, не е од суштинско значење, како што се веруваше претходно.
Научниците велеа дека без влијанието на Месечината, навалувањето на Земјата ќе се менува со текот на времето, со што ќе се предизвикаат големи флуктации во климата, бидејќи Сонцето речиси директно ќе удира на двата пола, влијаејќи на еволуцијата на животот.
Сега научниците од Универзитетот во Ајдахо објаснуваат како Земјата би можела да живее и без Месечината. Тие тврдат дека
Месечината е помлада за 200 милиони години?
18.08.2011 | Наука | Извор: Макфакс / Кајгана
Мистериите за потеклото на единствениот земјен природен сателит одат дотаму што најновите испитувања на некои научници велат дека таа или е помлада за 200 милиони години од што се веруваше или еволуирана многу различно со текот на времето.
Доколку ова ново одредување на староста на оловните изотопи се покаже како точно, тоа би значело дека најстарите делови на кората на Месечината и Земјата биле формирани во приближно исто време, кога настанале и најстарите минерали на Земјата.
Друга група на научници неодамна тврдеше дека Земјата некогаш имала втора Месечина,...
Доколку човек им верува на овие верувања, зошто не би верувал во сила непојмлива за човекот која можела и може да твори и створи? Дали имаме докази дека не е можно да постои уште една временска димензија, што со оние 5-6 димензии испреплетени, неиздиференцирани, дали сме и ние дел од некоја непозната димензија која е дел од нечии сознанија за други 10 димензии...ама ако не си во таков научен тим, вакви прашања и нивни претпоставки се неосновани.
Дали под превезот на реченицата "нови сознанија и мерења, развој и нови достигнувања" во овие области во одредени случаи не се работи за добро смислени и уште подобро платени (повеќемилионски) проекти и научни тимови. Поготово што со нивните тврдења стигнаа до првата секунда од почетокот на вселената и времето, но за жал сеуште не можат да средат некои работи на земјата. Точната пресметка на погрешни мерења не дава точен податок, иако резултатот е точен.
"The extraordinarily young age of this lunar sample either means that the moon solidified significantly later than previous estimates, or that we need to change our understanding of the moon's geochemical history," says team member Richard Carlson of the Carnegie Institution for Science in Washington DC.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Религиите за создавањето на светот, вселената и животот се базираат на догми и верување, без физички хемиски...доказ, дадени во Библијата, толкувани и коментирани од св. Отци без "научна" основа...другата страна, слебениците на еволуцијата дадена како таква упорно се труди да ги базира информациите врз факти...но засега ми се чини истата се заснова во повеќето случаи на субјективни на мислења, верувања и претпоставки. Демантите на постарите верувања исто така не се базираат врз факти и мерливи докази туку повторно (според овие текстови) на нови поинтересни верувања, тврдења врз наводно прецизни мерења (иако пред некоја година со зборот точни се бранеа претходните изјави и верувања).
Земјата може без Месечината?

Месечината е помлада за 200 милиони години?
18.08.2011 | Наука | Извор: Макфакс / Кајгана

Доколку човек им верува на овие верувања, зошто не би верувал во сила непојмлива за човекот која можела и може да твори и створи? Дали под превезот на реченицата "нови сознанија и мерења, развој и нови достигнувања" во овие области во одредени случаи не се работи за добро смислени и уште подобро платени (повеќемилионски) проекти и научни тимови. Поготово што со нивните тврдења стигнаа до првата секунда од почетокот на вселената и времето, но за жал сеуште не можат да средат некои работи на земјата. Точната пресметка на погрешни мерења не дава точен податок, иако резултатот е точен.
Мислам дека воопшто не станува збор за тоа дали е можно некоја сила непојмлива за човекот да твори и створи. Секоја тероија која во моментов ќе понуди и 1% веројатност дека се лсучила нема да биде отфрлена од многумина.
Засега на многумина Тероијата на Еволуцијата им личи на најприкладна во објаснувањата за животот и ја прифаќаат истата.
Ако видиш наназад низ темава ќе забележиш дека никој од тврдокорните еволуционисти не е спремен да одбие нова хипотеза колку толку издржана со нам познати логички факти. НАпротив.

Мислам дека целата рашомонијада е кај моментот на претставување на таа евентуална непојмлива сила која може да твори и створи. На многумина им смета христијаснката претстава на таа сила како Бог (суштество!!!, енергија!!!) со антропоморфни карактеристики, која воопшто не е блиска до рационалноста.

Доколку приказната во Библијата на пример објаснела дека Бог има бел круг на главата (скафандер) и дека се симнува од небото од некоја голема птица (вселенски брод) и што ти ја знам, ќе била многу порифатлива.

Вака како книга сама по себе да земе да ја толкува човек надвор од црквата, еве ти на пример или јас, или било кој атеист тврдокорен, со помош на метафора ќе даде многу пореални толкувања отколку верниците и Црквата.

И според мене креационизам е само облик кој претставува антиеволуционизам. Еволуционизмот си има свои маани и недостатоци, меѓутоа ниту една не доведува до заклучок дека креационистите се во право, посебно што истиот тој креационизам се израмнува со Христијанската догма за постанокот на животот.

Лично и јас имав зебелешки за Тероијата на Еволуција, највеќе кај еволуцијата меѓу видовите, но та воопшто не значи дека треба да се свртам кон толкувањето дека сме создадени за 6 дена по 24 часа, и тоа ни помалку ни повеќе пред 8 илјади години максимум. Уште помалку дека првиот маж настанал од некој калап од кал, а првата жена од реброто од новосоздаденото суштество со човечки особини.

Велиш цитирам:
"Дали под превезот на реченицата "нови сознанија и мерења, развој и нови достигнувања" во овие области во одредени случаи не се работи за добро смислени и уште подобро платени (повеќемилионски) проекти и научни тимови. Поготово што со нивните тврдења стигнаа до првата секунда од почетокот на вселената и времето, но за жал сеуште не можат да средат некои работи на земјата. Точната пресметка на погрешни мерења не дава точен податок, иако резултатот е точен"

И да е така како што велиш, нека е тоа се заради пари, воопшто не го менува фактот и реалната состојба на креационизмот (и еволуционизмот) како спротивставени поими.

Клучен е моментот кој и сам го кажуваш: Науката или еволуционистите ако сакаш, СЕ ОБИДУВААТ преку разумни, рационални, логички податоци да дојдат до вистината.
Религиозните тврдења пласирани од Црквите како инструмент за перење мозоци, во ниту еден момент не се обидуваат да дадат рационален аргумент за нивните пласирани вистини.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Клучен е моментот кој и сам го кажуваш: Науката или еволуционистите ако сакаш, СЕ ОБИДУВААТ преку разумни, рационални, логички податоци да дојдат до вистината.
Религиозните тврдења пласирани од Црквите како инструмент за перење мозоци, во ниту еден момент не се обидуваат да дадат рационален аргумент за нивните пласирани вистини.
Се е в ред со нивната желба покрај бизнисот да придонесат за проширување на видиците кај човекот. Камо среќа точно да знаеме што се случувало, како одел текот на нештата (лично во животот не ми врши работа за потекло на животот, но секое точно детерминирано врз конечни апсолутни бројки и факти е добредојдено). Проблем е што добиените податоци се базираат постојано на погрешни изворни информации и мерења. Наводно се корегираат со нови, подобрени...но по извесен период дознаваме дека ни тие нови не се точни, него повторно се базираат на оние зборови кои ги болдирав и обоив -веруваат, сметаат... Затоа велам со точниот збир на неточни податоци...
Така човекот паѓа од една во друга замка...од едно неточно во друго неточно кое не се разликува по ништо од ова тврдење за мозоците.
Религиозните тврдења пласирани од Црквите како инструмент за перење мозоци, во ниту еден момент не се обидуваат да дадат рационален аргумент за нивните пласирани вистини.
Како пример го посочив линкот каде некој верува дека без природниот сателит нашата земја ќе немала некои проблеми...клучниот збор во сиве овие информации е -верувам...како и во религиозните верувања. Избор на секоја единка е во што ќе верува, но се досега сите фракции да речам се базираат на верување. Секој се приклонува кон она што смета дека му одговара.
А за деновите...имаме зборено. Треба повеќе време пак да се образложуваат тие претпоставки кои ги зборевме и сепак само се претпоставки. Како интонација за тој дел од писанијата -на Венера денот трае подолго од годината и не е 24 часа ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom