Крвав петок во Турција

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Повеќемина починати од полициско насилство во Турција, во земјата владее медиумски мрак!

Она што и’ е познато на светската јавност за “мирните протести” кои започнаа вчера во Турција, не е ни половина од хаосот кој моментално се случува во Истанбул и Анкара. Во земјата има медиумски мрак, и никој не го пренесува точниот биланс на починати од полициска бруталност.
Сепак, на социјалните мрежи млади борци за демократија во Турција, кои не се плашат да ја откријат вистинската приказна, ги објавија шокантните податоци.

Мирниот протест за спречување на сечата на дрва во Гези паркот, кој е единствената зелена точка во центарот на модерен Истанбул, прерасна во “Крвав петок” во Турција.

Насилството ескалирало без особена причина. Полицијата започнала да употребува гумени куршуми, солзавец и водени топови.

Она што турските власти и медиуми не го објавија, е дека еден маж на кого му бил насочен во глава водениот топ, починал од силен удар од водениот притисок . Уште еден починал од силен удар по главата. И метро станиците биле затворени и во нив биле испуштани димни бомби. Луѓето, не можејќи да најдат друг спас, се обратиле на Твитер.

Димни бомби биле пуштени и во итниот оддел во болница во која биле примени повредените учесници на протестот.

Стотици луѓе биле примени во болница. Неколкумина од нив имале сериозни повреди на мозокот причинети од удар.

Една жена починала откако била погодена во главата со димна бомба.

Неофицијално на интернет протекоа и информации дека неколкумина луѓе го изгубиле видот од солзавец или водени топови.

Полицијата ги водела луѓето до крајот на Истаклал авенијата со употреба на гасни бомби, каде полициските автобуси ги собирале и ги носеле во Анти-терористичкото биро.

Моментално, во Истанбул има 40.000 луѓе од сите краеви на Турција кои го преминуваат мостот кон Таксим. Цела Турција се обединува против репресивната политика на Владата. Заедно пеат “Рамо до рамо против фашизмот”.

За жал, за оваа модерна револуција светот не може да слушне, токму поради медиумскиот мрак во Турција. Вестите за стравотната полициска бруталност и повеќебројните убиства не беа објавени на ниту еден телевизиски канал, ниту пак во најпознатите светски весници и медиумски канали.

Народот на Турција веќе започна онлајн петиција, која можете да ја потпишете на http://www.avaaz.org/en/petition/Erdogan_End_the_crackdown_now/?copy.

Еве каква е состојбата преку видео и слики :)


policiska-brutalnost-turcija-01.JPG policiska-brutalnost-turcija-02.jpg policiska-brutalnost-turcija-03.jpg policiska-brutalnost-turcija-04.jpg policiska-brutalnost-turcija-05.jpg policiska-brutalnost-turcija-07.jpg
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 17:34 ---

Со воден топ директно во глава: Еден Турчин "исчистен" од улицата
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Турскиот Телеком спречува пристап до Фејсбук, Твитер и останати социјални медиуми.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Интересното е тоа што луѓето во другите држави заради еден парк се дигаат на нозе кај нас да ти ја соберат куќата ќе ти пукаат сеир комшиите.

Само едно некако не јасно ми е зошто толкава панина кренале властите во Турција поради еден обичен протест кој веќе стана повеќе од протест ...
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Изјава од Армијата дека ако полицијата не престане да мава по народот,они ќе превземат мерки,во меѓувреме Ердоган изјавува протестантите да си одат дома и дека проектот ќе се реализира.Пред неколку дена продолжи стихијната исламизација на Турција со нови закони за алкохол.Конечно разврска...или ќе победи вахабизмот на Ердоган или Ќемализмот во Турција.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Без диктатура нема култура
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Само Путин за овие... м.м.е. субверзивно све тоа во ГУЛАГ па на одмор на Голи Оток.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Интересното е тоа што луѓето во другите држави заради еден парк се дигаат на нозе кај нас да ти ја соберат куќата ќе ти пукаат сеир комшиите.

Само едно некако не јасно ми е зошто толкава панина кренале властите во Турција поради еден обичен протест кој веќе стана повеќе од протест ...
Колку што разбрав јас на местото од паркот требало да се гради трговски центар што ќе го градел син на министер во владата на Турција. Мислам дека го слушнав ова на Телма.

Вистинските причини сигурно не се баш невини како спасување на последното парче зеленило во центарот на Истанбул.
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Колку што разбрав се започнало од мирен протест против уништувањето на една од последните зелени зони во Истанбул.
А за ваква ескалација на работите е крива полицијата! Брутален и крајно нехуман однос , а турските медиуми си молчат. А до сега ни од нашиве не чув никаква информација. Подршка за Турците!

Странски медиуми:

http://www.huffingtonpost.com/2013/05/31/occupygezi-protests-istanbul-taksim_n_3366583.html
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Интересното е тоа што луѓето во другите држави заради еден парк се дигаат на нозе кај нас да ти ја соберат куќата ќе ти пукаат сеир комшиите.

Само едно некако не јасно ми е зошто толкава панина кренале властите во Турција поради еден обичен протест кој веќе стана повеќе од протест ...


Најмалку е за паркот. Протестот е против тоталитаризмот и мешањето на религијата во (досега) секуларната Турција што пробува да го наметне Ердоган и да ја врати цел век наназад поништувајќи ја работата на Ататурк. Сака да ја направи Дубаи, со добра економија, но на сметка на засилена исламизација. Интензивно работи на тоа градејќи џамии низ цела Турција, најмногу низ Истанбул и други градежни проекти кои само за власта имале логика. Исто така ги крена цените на алкохол и цигари, алкохолот го забранил за лица под 21 година и не смее да се продава на јавни места. И сега, звучи банално, ама замислете што значи да го отежнеш купувањето на цигари на Турчин! Властите им забраниле на медиумите да известуваат, луѓето не може да протестираат, власта прави што сака, гради што сака, се инсистира на мешање на религијата во функционирањето и кампањите на државата... Ве потсеќа на нешто?
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Турската полиција нема милост , не се како нашиве кога ескалираше протестот за рамковниве во Скопје стоеја на страна , треба да идат на пракса кај турциве.
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Турската полиција нема милост , не се како нашиве кога ескалираше протестот за рамковниве во Скопје стоеја на страна , треба да идат на пракса кај турциве.
немала милост, нема, а ни ќе има. нашите да манат некоја љочка ја губат работата и еден куп пари оштета ќе платат... џабе ќе му е праксата, поќе ние ќотек ќе јадиме
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Турската полиција нема милост , не се како нашиве кога ескалираше протестот за рамковниве во Скопје стоеја на страна , треба да идат на пракса кај турциве.
Грешка си баш кога ескалираа протестите во последните часови покрај сите блокади медиумски полицијата ја снема се повчече.
Ердоган почна да се моли за смиреност а првично арогнтно ги игнорираше протестите кога виде со што си има работа смени мислење.

Ова полиција не го смирува.


Turkish police retreat from Istanbul square
 

Kajgana Shop

На врв Bottom