Краткорочни Интернет Пакети

Член од
16 ноември 2017
Мислења
23
Поени од реакции
5
Здраво,
Потребно ми е да седам во Скопје Кисела Вода за 3 месеци. Како што гледам голем дел од услугите на интернет се базират на пакет од 2 години.
Дали има опција да се склучи договор за интернет (оптички) од само 3 месеци или да се плаќа месечно, за секој месец посебно без договор?
Ако да, кај кои провајдери ја имат та опција, и според ваше искуство кој провајдер е "подобар" и нуди постабилен интернет во регион Кисела Вода?
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.137
Поени од реакции
25.112
Телекабел. Колку што знам немаат договори ниту услови за вклучување - исклучување и ги има на цела територија на град Скопје.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.810
Поени од реакции
12.111
Здраво,
Потребно ми е да седам во Скопје Кисела Вода за 3 месеци. Како што гледам голем дел од услугите на интернет се базират на пакет од 2 години.
Дали има опција да се склучи договор за интернет (оптички) од само 3 месеци или да се плаќа месечно, за секој месец посебно без договор?
Ако да, кај кои провајдери ја имат та опција, и според ваше искуство кој провајдер е "подобар" и нуди постабилен интернет во регион Кисела Вода?
Македонски Телеком ги нуди своите Интернет пакети со договор на неопределено, но затоа за истите наплаќа поскапо и плус наплаќаат 2000 денари еднократен надомест за монтажата на оптичкиот кабел и на опремата.

Само немаат објавено колку изнесуваат месечните претплати со договор на неопределено.

https://www.telekom.mk/content/pdf/Internet дополнителни информации - 13.10.2023.pdf

Неотел го нудат својот најевтин пакет за оптички Интернет 50/50 по цена од 1390 денари месечно со договор на неопределено и плус наплаќаат 1490 денари еднократен надомест за монтажата на оптичкиот кабел и на опремата.

https://neotel.mk/fiber-50-opticki-internet/

Неотел го нуди својот оптички Интернет преку сопствената оптичка телекомуникациска мрежа таму каде што истата е достапна, а таму каде што нивната оптичка мрежа не е достапна изнајмуваат оптички приклучок и опрема од Македонски Телеком. Конкретно во Кисела Вода над 90% од корисниците на Неотел се поврзани преку оптичката мрежа на Македонски Телеком, што значи дека најверојатно ќе дојде технички тим од Македонски Телеком или некој од нивните надворешни приватни подизведувачи за да ти ја направи монтажата во станот/куќата.

За А1 не знам, немам најдено на нивниот веб сајт дали нудат опција за Интернет претплата со договор на неопределено, а дури и да нудат, бидејќи сакаш да користиш оптички Интернет, веројатноста е над 95% дека најверојатно ќе изнајмат оптички приклучок и опрема од Македонски Телеком, што значи дека најверојатно ќе дојде технички тим од Македонски Телеком или од некој од нивните надворешни приватни подизведувачи за да ти ја направи монтажата во станот/куќата.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2017
Мислења
23
Поени од реакции
5
За приклучок на Отички интернет ако нема во здрадата (бидејки колку шо знам има само кабелски), преку телекабел на пример. Дали треба да земам одобрение или слично од кукниот совет?
И дали приклучокот на оптички интернет е инвазивен и долг процес?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.810
Поени од реакции
12.111
За приклучок на Отички интернет ако нема во здрадата (бидејки колку шо знам има само кабелски), преку телекабел на пример. Дали треба да земам одобрение или слично од кукниот совет?
И дали приклучокот на оптички интернет е инвазивен и долг процес?
Ако успееш да им најдеш траса на Телекабел по која би пуштиле кабел преку бандера, нема да се замараат за да собираат потписи од станарите.

Нивниот оптички кабел е армиран, односно обвиткан во метална спирала која го штити од надворешно превиткување и физичко оштетување, затоа и лесно успеваат да го спроведат низ црева и дозни. Неретко успешно го спроведуваат кабелот преку истите црева преку кои веќе е донесен стариот бакарен кабел за фиксна телефонија од Македонски Телеком, или ако има и црево за кабелска телевизија преку истото ќе успеат да го спроведат оптичкиот кабел.

Македонски Телеком и А1 се држат до законските прописи и не спроведуваат доводни кабли внатре во станбена зграда без согласност од станарите и без потребните дозволи од општината за копање и спроведување на подземни доводни кабли. А1 особено ги почитуваат ваквите законски прописи, успеваат да спроведат свои подземни доводни кабли и во згради во кои ниту Македонски Телеком сеуште не ги има спроведено.

А Македонски Телеком баш и не се некои цвеќиња за мирисање, во Чаир има цели улички за кои не се замараат да копаат и да спроведуваат подземни доводни кабли наводно бидејќи општината многу пари им бара за дозвола за копање, туку со сиот памет пуштаат доводни кабли преку бандера - што вообичаено е Телекабел систем, ама ете, им текнало и на Македонски Телеком да ги копираат конкурентите. Но и во Центар и други места Македонски Телеком се има шверцувано по фушерајски принцип, затоа не се цвеќиња за мирисање.

Единствени кои - засега - работат над 99% во согласност со законите и спроведуваат исклучиво подземни доводни кабли до станбените згради се А1, ама на нив централите сеуште не им се доволно опремени и оспособени за да опслужуваат десетици илјадници корисници, па затоа нивните доводни оптички кабли низ цело Скопје поставени од поодамна - веќе од 2020/2021 година па наваму - сеуште се бескорисни и неупотребливи бидејќи сеуште не пренесуваат сигнал од централите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom