Кољо Американецот испразнил инвестициски фонд во САД!

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
ВЕЧЕР дојде до обвинителниот акт според кој на обвинетиот, во Македонија познат по прекарот Кољо Американецот, за измама, перење пари, поткуп и затајување данок му се заканува доживотна казна затвор! Тој мистериозно се појави во Скопје кон крајот на 2007 години и веднаш го привлече вниманието кон себе со трошење на огромни суми пари и скапи автомобили

82D7ACFA5B4712429AB3936F69CDB7BB.jpg
Четириесет и осумгодишниот Кољо Николовски, во Македонија познат како Кољо Американец, бил мозокот во една од најтешките измами со кредитни инвестициски фондови во САД, вредна околу 70 милиони долари, а откриена на почетокот на годинава. ВЕЧЕР ексклузивно дојде до обвинителниот акт што неодамна беше поднесен против Николовски, а во којшто тој се товари со десет точки за измама, поткуп, затајување данок и перење пари и доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна доживотен затвор. Во милионската измама учествувале уште осум лица, меѓу кои поранешната сопруга на Николовски и неговиот внук, кои испумпаните пари ги префрлале на сметки во прекуокеански банки.
Кољо Американец или Бата Кољо, кој има македонско и американско државјанство, мистериозно се појави во Скопје кон крајот на 2007 години и веднаш го привлече вниманието кон себе со трошење на огромни суми пари и скапи автомобили. Станува збор за Албанец католик, кој пред дваесетина години го сменил презимето од Николи во Николовски. Откако е откриена измамата во САД, станува јасно од каде дошле сите тие пари со кои Бата Кољо се расфрлаше низ Скопје.
За време на својот краток престој во државата, тој учествуваше во неколку инциденти со познати и докажани членови на скопското подземје. Еден од тие беше физичката пресметка во кафуле на кејот на Вардар, во која тој беше ранет од истрел од пиштол, а која повлече уште неколку пресметки во кои, за среќа, немаше жртви ако се земе предвид дека во нив се користеше буквално тешка артилерија, рачни бомби и ракетни фрлачи. Тој беше поврзуван со криминална група од скопската населба Дуќанџик, специјализирана за трговија со дрога.
По неколкуте инциденти тој ја напушти државата и се пресели во Белград со неговите внуци. Кога и како бил фатен од американските истражни органи и екстрадиран не е познато.
Милионската измама која ја потресе американската банкарска јавност е поврзана со инвестицискиот фонд Свети Павле" во Кливленд, во сојузната држава Охајо. Во фондот инвестирале претежно хрватските доселеници кои ги има во огромен број во Кливленд. По откривањето на аферата фондот Свети Павле" веднаш бил затворен, а според пишувањата на локалните медиуми голем број од жртвите веќе банкротирале, ги продаваат имотите, масовно се отселуваат од градот и се враќаат во Хрватска иако биле родени во САД.
70B80D988E610944B372B039BFD41EBB.jpg

Малиот инвестициски фонд Свети Павле" постоел со самото доаѓање на хрватските доселеници по завршувањето на Втората светска војна, дури 67 години. Тој бил столб на нивната сигурност и со генерации вложувале и орочувале средства во него. Според федералните служби кои го водат овој случај, ФБИ и ИРС, истрагата покажала дека хрватските доселеници во него вложиле 238 милиони долари, а со измамата биле испумпани 70 милиони, кои пак причиниле дополнителна штета од уште 170 милиони долари поради кои фондот во март минатата година бил згаснат.
Во последните години на чело на фондот застанал извесниот Антони Рагуз, американски државјанин со хрватско потекло. Тој бил и мозокот на целата операција, а Николовски бил неговиот партнер.
Рагуз бил почитуван член на хрватската заедница и секогаш им излегувал во пресрет на луѓето, наоѓајќи начин да им ги покрие финансиските побарувачки со минимални камати и последици. Токму поради тоа никој не се сомневал во неговата чесност ниту пак можел да претпостави дека тој и Николовски ќе доведат на просјачки стап илјадници семејства.
Начинот на којшто го уништиле фондот бил многу прост, но успешен, со фиктивни заеми кои завршувале на прекуокеанските сметки на Николовски и Рагуз и уште неколку лица.
Рагуз како прво човек на фондот издавал заеми на непостоечки лица и фирми и потоа повторно издавал заеми за да се покријат ратите и каматите на првичните заеми кои всушност никогаш не легнале на сметката на фондот.
1522FF265DD0FB49A6970E31F9535975.jpg
Тука на сцена стапува Николовски, неговиот внук Марко Николи и поранешната сопруга Роуз Ен Николовска. Тројцата во 2003 година подигаат заеми во висина од 260.000 американски долари од "Свети Павле" со потпис на Рагуз. Тој потоа им издава нови заеми од по 160 илјади долари и педесет илјади долари. Истата шема се повторува десетици пати, а според агентите на ФБИ само во 2003 година Николовски испумпал околу 2 милиони долари од фондот. Тоа можело да се забележи и по неговиот животен стил. Луксузни автомобили веднаш биле паркирани пред неговата куќа во Кливленд.
Патот на парите, иако тежок, истражните органи успеале да го откријат. Дел добивал Рагуз за услугата, а остатокот Николовски ги префрлал на прекуокеански сметки, но и во банки во Македонија. Во обвинителниот акт стои дека Николовски и неговиот тим зеле 6 милиони долари од кои повеќе од половина биле префрлени на банкарски сметки поврзани со нив. Истрагата утврдила дека вакви заеми биле издадени на вкупно 300 лица, но ниту една не била ниту со приближна сума како оние на Николовски. За истражните органи останува енигма што се случило и каде се над 60 милиони долари на кои им се губи секоја трага, а за кои се сомнева дека се на сметки на Рагуз и Николовски скриени од очите на ФБИ и ИРС.
Николовски бил уапсен во јануари годинава и оттогаш се наоѓа во притвор во затворот Аштабула". Трите барања за бранење од слобода со кауција судијата Кристофер Бојко ги одбил поради опасност од бегство.
На последното рочиште одржано минатиот месец Рагуз се изјаснил како виновен и се обидел да се договори со Обвинителството за да му се намали казната, но тој обид не успеал. Николовски, пак, воопшто не се ни обидел.
Пресудата е најавена во првата недела од јануари идната година.
Огнен Чанчаревиќ
 
Ете ја правната држава на дело доживотен затвор а не како нашиве страв им е да пресудат.Данок за Америте е света работа ради тоа и Капоне падна.Нека земат судиите пример како се решава случајот со "дукјанчињата" и ситната роба на Вељо.
 
Малку каснат ВЕЧЕР, ама можда е и друго дело.За фрка со Сент Пол било пишувано и во Нова Македонија во Јануари



Кољо Американец измамил американска банка


Четириесет и осумгодишниот скопјанец Никола Николовски, попознат како Кољо Американец, е обвинет во Охајо, САД, дека со измама зел кредити во висина од 2,5 милиони долари


transparent.gif

Федералната голема порота го обвинила Николовски по две основи, за банкарска измама и за перење пари, изјавил Стивен М. Детелбах, обвинител за Северниот дистрик Охајо. Обвинението следувало по опсежната истрага на американското Федерално истражно биро (ФБИ), кое открило дека Николовски запишувајќи имиња на други лица на апликации зел неколку кредити од Сент Паул кроејшн федерал кредит унион. Банката пред извесно време банкротирала, па поради тоа била активирана истрага за откривање на сите фактори што придонеле за банкротот.

Според истрагата, Николовски парите од кредитите, во износ од околу 2,3 милиони долари, на 17 август 2009 година ги префрлил од неговата сметка во Долар банк во Истлејк, Охајо, на сметка во банка во Скопје, пренесува Нетпрес.
Николовски и е веќе познат на македонската јавност откако повеќепати беше учесник во неколку инциденти во скопските кафулиња. Еден од нив беше тепачката во март 2008 година во кафулето „Тренд“, кога веднаш потоа му беше гранатирана куќата во населбата Маџари. Неколку месеци подоцна имаше директен судир со лицето Џелал Ајети од Арачиново, во кафулето „Инсомнија“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека засега Николовски не е интерес на некоја нивна истрага и нема потерница по него. Оттаму информираат и дека немаат добиено известување за кривичниот прогон на Николовски во САД.
Уште нешто http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=819954527&id=12&prilog=0&setIzdanie=21753
 
Хаха Кољо ми беше комшија и секој ден си ги прочистував очите со неговите ламборџини, корвети, ескалејди и мотори и слични играчки. Само да знаете овој човек како вози хајабуса со 180 km/h на едно тркало....луд.
Убаво ги средил американциве, ама го фанаа...
 
Ах бе Кољо бе.
Место со 70 милиона да си идеш у Куба, да си смениш идентитет, пола од парите да ги инвестираш во фондот на Фидел Кастро, да си добиеш имунитет и да си го ладиш до крај на живот, ти тука си се вратил.
 
Ах бе Кољо бе.
Место со 70 милиона да си идеш у Куба, да си смениш идентитет, пола од парите да ги инвестираш во фондот на Фидел Кастро, да си добиеш имунитет и да си го ладиш до крај на живот, ти тука си се вратил.


Epa ajde de balkanska rabota - ako eb*s i ne se pofalis isto kako da ne si eb*al, pa taka i ovoj " da me vidat site "...
 
Гола вода е овај затоа затвор ќе лежи, билиони трилиони испраа федералните резерви туку тие сметаат дека се нивни пари....
А се нашол некој Кољо да ги кради, ами ќе го крка црнечкиот таму доживотно што мислел тој?
 
Ете ја правната држава на дело доживотен затвор а не како нашиве страв им е да пресудат.Данок за Америте е света работа ради тоа и Капоне падна.Нека земат судиите пример како се решава случајот со "дукјанчињата" и ситната роба на Вељо.
Данок за Америте е света работа,да се согласувам,ама знаеш ли пријателче каде одат парите од тој данок,како и за кои намени се трошат и дали воопшто имаат појма даночните обврзници на САД,каде заминуваат нивните тешко спечалени пари? Да не постирам сега тука тони интернет-материјал,само ќе ти кажам да го прочиташ ова: Според Конгресната буџетска канцеларија (CBO)извештајот објавен во октомври2007 година, војните во Ираки во Авганистан би можело да ги чинат даночните обврзници на САД вкупно 2400000000000 $долари (прати нули еј,преведено= 2.4 трилиони долари) до 2017 година.
И сега шчо напраифме? Наместо да се трошат овие грдосии од ќеш на позитивни и напредни работи,тие ги арчат во војни,ама ако размисли човек подобро,можеби овие пари им доаѓаат како еден вид на влог кој потоа не само што ќе го повратат,туку и ќе го мултиплицираат,проверено и докажано во пракса!!!
 
Данок за Америте е света работа,да се согласувам,ама знаеш ли пријателче каде одат парите од тој данок,како и за кои намени се трошат и дали воопшто имаат појма даночните обврзници на САД,каде заминуваат нивните тешко спечалени пари? Да не постирам сега тука тони интернет-материјал,само ќе ти кажам да го прочиташ ова: Според Конгресната буџетска канцеларија (CBO)извештајот објавен во октомври2007 година, војните во Ираки во Авганистан би можело да ги чинат даночните обврзници на САД вкупно 2400000000000 $долари (прати нули еј,преведено= 2.4 трилиони долари) до 2017 година.
И сега шчо напраифме? Наместо да се трошат овие грдосии од ќеш на позитивни и напредни работи,тие ги арчат во војни,ама ако размисли човек подобро,можеби овие пари им доаѓаат како еден вид на влог кој потоа не само што ќе го повратат,туку и ќе го мултиплицираат,проверено и докажано во пракса!!!

Сами си го даде одговорот како влогот се враќа многу повеќе ,кога ќе настапиш како подржувач и заштитник на човековите права а од заднина си таму само за да ја собереш целата нафта на која ти подлежи индустријата ете го мултиплицирањето на парите во пракса :)
 
Ах бе Кољо бе.
Место со 70 милиона да си идеш у Куба, да си смениш идентитет, пола од парите да ги инвестираш во фондот на Фидел Кастро, да си добиеш имунитет и да си го ладиш до крај на живот, ти тука си се вратил.
Македонче шо да праи носталгија го фаќа за дома... :)
А исто така, добро би му било да пребега во Грција, таму е сега растур систем така да не се знае кој пие кој плаќа, и можно е таму добро да си изживеел еден "скромен" живот. Сепак Куба си е Куба, таму ке бил цар, со тие пари.
 
Слатки пари ама кратки
 
18 години затвор за Кољо кој уништи банка во Америка

Судот во Кливленд го осуди Македонецот Кољо Николовски на 18 години затвор. Тој е обвинет дека е виновен за пропаѓањето на банката „Сент Паул Кроејшн“.​
getImageThumbnail.axd
Според обвинението, Кољо Николовски познат уште како Кољо Американецот, заедно со уште неколку лица кои работеле во банката, успеале преку кредити да извлечат големи суми пари што никогаш не ги вратиле. Тој е прогласен за виновен за поткуп, банкарска измама и перење пари.

Од парите кои Николовски ги зел за себе, два милиони долари биле испратени на банкарска сметка во Македонија, а властите во САД успеале да повратат 850.000 долари. Николовски ги признал делата.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=91264
 
Кољо шо го викат поп.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom