TpH, ако навистина сметате Бунева за македонка,неразбирам зашто трошете плочата?Нема логика.
Не сум видел некоj во МК да слави името и.Не сум видел ни чул да има плоча турена от македонците некаде на Бунева.Зашто така?Ако навистина Бунева се борела за свободна МК,то истата таа има место до Jане,Гоце и така натаму.
Ке ми е мило да вида на 13 тоа месец и цветja от македонската влада,ако ja сметате за македонка.
Ај сега на трезно да се разбереме:helou:
Проблемот е што сето минато не е до крај разјаснето и што Мара Бунева поради разни влијанија е ставена во редот на контроверзните личности од Македонската историја.
Има премногу злоупотреби и од Бугарска и од Српска страна на голем број видни Македонски личности на кои им биле лепени разни етикети само за да се манипулира со нормалниот Македонец.
Нормално постоеле и луѓе на кои таквите српско-бугарски препукувања им послужиле во лични цели,да добијат подобар статус,пари и функција.
И самите вие Бугарите знаете дека како и во Југославиа така и во Бугарија ..историјата беше принтана од државните служби, па и така Македонската историја во многу наврати била криво пишана те во Српски те во Бугарски интереси.
Типичен пример е Мара Бунева, оди прочешлај ги Српските националистички страни и после Бугарските па ќе мислиш дека си читал 2 истории на различни континенти.
Затоа,без да ги оправдувам Македонските историчари кои што веќе 17 години спијат, сепак историјата односно вистината полека излегува на виделина и нема уште долго да помине кога сите пропаганди од соседите ќе бидат тотално разбиени.
Ете тоа е суштината на проблемот кој што ви сеуште се обидувате да го манипулирате,а и самите чувствувате дека го гУбите теренот.
Сите знаеме кој работи во Бугарската амбасада во Македонија и веќе сме темелно запознаени со сите подли методи.
И да ти одговорам зашто постои нашиот револт кога вие Бугарите доаѓате да ја величате Мара Бунева,
како прво вие и наметнувате ЕДИНСТВЕНО БУГАРСКИ карактер,иако нејзините внуци сведочат нешто поинакво, како второ кога доаѓате на спомен плочата извикувате крајно провокативни слогани дека „НИЕ СИЧКИ СМЕ ЕДИН НАРОД„ или скандирате БЛГАРИЈА БЛГАРИЈА шетајќи се со развеано Бугарско знаме и симболот на ВМРО, како трето панихида во ЦРКВА на некој што се самоубил НЕ СМЕЕ да се прави, како четврто вашите медиуми вршат огромна пропаганда во која нема ништо пријателско кон Македонскиот народ туку само се провоцираат националните чувства.