Чудно, ама немам ни еден прекар.
Името ми е составено од дууууури три букви, па е невозможно да се скрати.
Надимаци од друг тип немам, освен што комшијата кога бев копиљ ме викаше Ивчуле, и татко ми дома ме вика Кики. Никогаш не сфатив зошто ме вика Кики. :icon_neut Од Ива до Кики има милиооооонска разлика у букви, ама ете, уште од мала така ме вика нон-стоп, освен кога ме кара.
Некои од форумџиите знаат да ми се обратат со Псај (според никот, нали) од време на време... Ама во принцип, моето име најчесто си го слушам.