Кој е Бог?

Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Стравот е од непознание, непознавање на Кој е Бог.;)
Апсолутно се согласувам со тебе дека е стравот од непознавање на бог.
Но дали и можеш да го познаваш бог кој има позитивни атрибути од типот на самобендисаност, нарцисоидност, осветољубивост, мазохист итн.
Значи нормално дека секој нормален би се плашел од бог бидејки неговото влегување во рајот се сведува на тоа колку е лицемерен и на која нога станал бог.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Во овој случај кога човекот го прекинува односот со Бог а тоа е изворот, причината и начин на постоење, нормално заради својата смртна природа чувствува страв, недоверба, неизвесност дали повторно ќе воспостави однос со Бог итн., т.е. се она што го носи како последица на својата создадена, смртна природа.
Оттука не е фер Бог да го квалификуваме како Страшило, Деспот, Тиранин..., стравот е од нашата создадена, смртна природа и злоупотреба на сопствената слобода на лична штета што ни е дадена од Бог на дар да бидеме Богови со Него.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не се работи за прост избор како израз на слободата пр: ако сакам одам за Лондон или не, никому ништо јас пак постојам.
Во егзистенцијална смисла неприфаќањето на заедницата со Бог, подразбира непостоење како личност која во библијата се смета за пеколна состојба=вистинска смрт.
Така С. Суд не е ултиматум, туку прифаќаме постоење, живот... или одбиваме сами сносејќи ги последиците.
Оттука ова со добри или лоши постапки, поведение, казни, награди по таа основа отпаѓа како концепт и е апсолутно небиблиски, нехристијански.
Баш напротив, изборот секогаш зависи од особините - карактерот кој го има личноста. Тие особини кој ги има креацијата, се предодредени од нејзиниот креатор!
Да се префрла вината на креацијата, во ситуација кога се тврди дека креаторот е семоќен и сезнаен, е врв на апсурдот и лицемерието.
Кога ќе купиш производ кој не ги задоволува критериумите кој ги предвидел призводителот, не ја гледаш вината во производот (креацијата), туку во во производителот (креаторот).

Како сакаш врти ја поентата, останува фактот дека христијанскиот концепт за Бог се стреми да создаде чувство на грижа на совест кај луѓето. Чувство дека човекот треба да се искупува, да бара прошка и да се чувствува должен да поднесува сметки за своите постапки. Постапки кој се последица на особините дадени од истото тоа семоќно и сезнајно битие.
Премногу човечки, премногу суетно и премногу апсурдно за битие кое треба да биде совршено.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Баш напротив, изборот секогаш зависи од особините - карактерот кој го има личноста. Тие особини кој ги има креацијата, се предодредени од нејзиниот креатор!
Заради ова (болд) не се разбираме, имено, личноста неможеш да ја дефинираш, ограничуваш..., со особини, карактери. Таа подразбира слобода, секогаш ново, креација итн.
Значи нема предодреденост, освен прифаќање на постоење во љубов(слобода) како богови или без љубов= непостоење=смрт.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Заради ова (болд) не се разбираме, имено, личноста неможеш да ја дефинираш, ограничуваш..., со особини, карактери. Таа подразбира слобода, секогаш ново, креација итн.
Значи нема предодреденост, освен прифаќање на постоење во љубов(слобода) како богови или без љубов= непостоење=смрт.
Како неможеш да ја дефинираш, ограничуваш со особини? Хомосексуалците на пример имаат уникатна особина - ги привлекуваат припадници од истиот пол. Тоа тие не го одбрале, туку е нешто со кое се родиле, ова итекако е предодреденост, која нема никаква врска со прифаќање љубов или духовност.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Како неможеш да ја дефинираш, ограничуваш со особини? Хомосексуалците на пример имаат уникатна особина - ги привлекуваат припадници од истиот пол. Тоа тие не го одбрале, туку е нешто со кое се родиле, ова итекако е предодреденост, која нема никаква врска со прифаќање љубов или духовност.
Зборуваш за човечката природа тоа не е личност.
Бог не гледа на човекот како природа дали е хомосексуалец, хендикепиран, генијалец..., туку како личност и пред него сме сите исти(нема Јудеец, Елин. машко, женско...).
Нема предодреденост, т.е. предодредени сме за богови ако сакаме.:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зборуваш за човечката природа тоа не е личност.
Бог не гледа на човекот како природа дали е хомосексуалец, хендикепиран, генијалец..., туку како личност и пред него сме сите исти(нема Јудеец, Елин. машко, женско...).
Нема предодреденост, т.е. предодредени сме за богови ако сакаме.:)
Се слагам со ова, но не се слагам дека овој став е библиски т.е. христијански.
Посебно болдот.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Зборуваш за човечката природа тоа не е личност.
Бог не гледа на човекот како природа дали е хомосексуалец, хендикепиран, генијалец..., туку како личност и пред него сме сите исти(нема Јудеец, Елин. машко, женско...).
Нема предодреденост, т.е. предодредени сме за богови ако сакаме.:)
Отидовме јабана ако гледа на нас како на личности(персони, маски).
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Се слагам со ова, но не се слагам дека овој став е библиски т.е. христијански.
Посебно болдот.
Како сакаш, но е христијански:
(Јов. 3:16) Словото Бог се воплоти и стана човек, и со тоа Бог повторно му даде на човекот можност да се обожи и да стане бог по благодат.
Бог – вели свети Атанасиј Велики – станал човек, за човекот да стане Бог”...
--- надополнето: 18 август 2012 во 11:38 ---
Отидовме јабана ако гледа на нас како на личности(персони, маски).
Ова е обид на античкиот човек преку маската, пред боговите(митолошки) да биде слободен, да каже што мисли, сака..., макар и за момент на претставата, а конечно ја добива Слободата, преку Божјата Личност на Христос, оттогаш сме слободни повторно да излеземе од себе и да му пристапиме на Бог.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како сакаш, но е христијански:
(Јов. 3:16) Словото Бог се воплоти и стана човек, и со тоа Бог повторно му даде на човекот можност да се обожи и да стане бог по благодат.
Бог – вели свети Атанасиј Велики – станал човек, за човекот да стане Бог”...
Каењето и наметнувањето грижа на совест, за мене а верувам и за многу други не е благодет.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Каењето и наметнувањето грижа на совест, за мене а верувам и за многу други не е благодет.
Каењето е слободно преумување на човекот, а пак совеста ни помага да ги култивираме, одржуваме меѓусебните односи, додека за „наметнувањето“, потруди се да се ослободиш од него, не е христијанско-да не ти наметнувам де.;)
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Во овој случај кога човекот го прекинува односот со Бог а тоа е изворот, причината и начин на постоење, нормално заради својата смртна природа чувствува страв, недоверба, неизвесност дали повторно ќе воспостави однос со Бог итн., т.е. се она што го носи како последица на својата создадена, смртна природа.
Оттука не е фер Бог да го квалификуваме како Страшило, Деспот, Тиранин..., стравот е од нашата создадена, смртна природа и злоупотреба на сопствената слобода на лична штета што ни е дадена од Бог на дар да бидеме Богови со Него.
Прво за болдот.
Гледаш ова е само глумење лудило или тешење. Реалноста е дека оние кои ја прекинале врската со Бог уопште не се плашат од него се плашат само оние што не ја прекинале таа врска. Еве на пример јас ја имам прекинато врската со Бог и немам страв од него, случајот е обратен со оние што не го направиле тоа.

За вториот дел.
Јас не го квалификувам така тоа го има направено некој друг у мое име јас само го читам тоа што го пишува во Библијата. Кога некој е спремен да убива новороденчиња и да прави геноцид на глобално ниво и уште да вика дека е со добра намера е најголемиот лицемер. Ништо не може да го оправда таквото злосторство.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Прво за болдот.
Гледаш ова е само глумење лудило или тешење. Реалноста е дека оние кои ја прекинале врската со Бог уопште не се плашат од него се плашат само оние што не ја прекинале таа врска. Еве на пример јас ја имам прекинато врската со Бог и немам страв од него, случајот е обратен со оние што не го направиле тоа.
Стравот има безброј манифестации:rolleyes:.

За вториот дел.
Јас не го квалификувам така тоа го има направено некој друг у мое име јас само го читам тоа што го пишува во Библијата. Кога некој е спремен да убива новороденчиња и да прави геноцид на глобално ниво и уште да вика дека е со добра намера е најголемиот лицемер. Ништо не може да го оправда таквото злосторство.
И јас несакам ваков бог.(n)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Прво за болдот.
Гледаш ова е само глумење лудило или тешење. Реалноста е дека оние кои ја прекинале врската со Бог уопште не се плашат од него се плашат само оние што не ја прекинале таа врска. Еве на пример јас ја имам прекинато врската со Бог и немам страв од него, случајот е обратен со оние што не го направиле тоа.

За вториот дел.
Јас не го квалификувам така тоа го има направено некој друг у мое име јас само го читам тоа што го пишува во Библијата. Кога некој е спремен да убива новороденчиња и да прави геноцид на глобално ниво и уште да вика дека е со добра намера е најголемиот лицемер. Ништо не може да го оправда таквото злосторство.
Зошто би се плашеле оние кои го имаат запознаено вистинскиот Бог со сите негови добри карактеристики? Мислам дека ова не држи вода.

Тоа што ти немаш страв од Бог е твој личен став, но јас не знам дали некој воопшто се плаши?
Сметам дека луѓето кои се верници, се стремат да бидат блиски до него и да ги прими во своето друштво оти веруваат дека ќе им биде подобро.

Нешто слично како во животот, сите се стремат да бидат во друштво со најдобрите, оти сметаат дека ќе им биде поудобно отколку сами и ли во друштво на лузери.

Велиш си ја прекинал врската со Бог?!?!?!?
Неточно - не можеш да прекинеш нешто што воопшто не си го имал;)

Се плашиш ли ти од смртта и зошто не?
 
Ај те молам кажи дека се заебаваш за првиод дел.

Не се плашат??? АХА. Значи лекциите од типот ако не го послушаш тоа што ти го кажал се само онака. Нема да те казни или слично само ке те искара.
Немој да се лажеш сите кои се верници се тоа само поради стравот да не бидат протерани у пеколот т.е. можеш што се мене тиче живеј у бајка, ама да ти кажам реалноста е многу поинтересна, а башка кога би бирал помегу библискиот рај и пекол би го избрал пеколот подобри луге има таму, а во рајот би требало да бидам со убијци, силувачи и други криминалци кои се покајале за своите дела. И тоа дали се лузери или не незнам само запрашај се дали тие лузери го смислиле компјутерот, интернетот итн. Се надевам дека ја свакаш глупоста на ова.

трет дел.
Не мислиш дека пишуваш нешто само за да го напишеш тука.
Нели библијата вика дека сите сме божји деца. Од тука следи дека уште од рагање сум бил поврзан со Бога а после било оставено на мене дали ке тргнам по друг пат или ке останам на тој.
Исто има и една реченица која ми се свига: Бог ме направил Атеист кој си ти да го критиковаш тоа :).

Не се плашам и ке ти кажам зошто.
Има една книга која се вика Hagakure и таму у еден дел вика: Смртта е можен исход на секоја битка прифати го тоа тогаш и со отсечена глава ке можеш на поразиш уште 2-3 противници. Оваа реченица многу лесно може да се генерализира за секојдневна употреба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom