Кој всушност е ставот за името на СДСМ и на ВМРО?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Гледам сите дојдовте до заклучок дека ставот на двете партии е ИДЕНТИЧЕН. Тогаш зошто СДСМ излегува со поента дека ВМРО-ДПМНЕ е да цитирам "аргументите на опозицијата - за непопустливоста на власта , тврдиот став и конечно, одбивањето да се затвори досието име, заради популизмот и стравување од последици за рејтингот"
Зошто? Па најверојатно ради членството, рејтингот и следните избори. И од двете страни. Се е за поени, а за Македонија... :toe:
Едните во опозиција ги обвинуваат другите за популистичка политика која тие ја воделе претходно, а овие во позиција тогаш беа опозиција и ги обвинувале за исто, но со друг назив. Така нешто.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
USTE LI NE SFATIVTE ?

STAVOT E IST I NA DVETE PARTII samo u drugo pakuvanje

i dvete partii imaat ogromen pritisok od moknicite pretstaveni kako EU,NATO,USA i seto anglosaksonsko gubre za naoganje na razumen kompromis....SDSM go kazuva toa otvoreno ....VMRO se krie ama poleka zajakot pocnuva da izleguva od zajackata dupka
Ne bas...Sds imase stav...Vmro imase pa nemase...otkoga dojde NG...i uste nema...

Problem e vo demokratija vo Vmro...ima poedinci od vmro koi imaat stav...ama ne smeat da go kazat oti na NG narod seci veni...taka da ne se isti...Vmro stvarno nema da go smeni...ama samo zato sto narod e ovca...i natoj nacin nema da vidi katastrofa od ekonomija...i ce si glasa za NG razbira se...logika na site od Ums na kajgana...
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
епа они декларативно ке бидат против за политички поени...додека владата во улога на влада ке го понесе товарот!!!!

инаку тој став на СДСМ за промена на име и влез во ЕУ и НАТО беше само трик за изборите:toe:
Малку наивно е да се мисли дека ако се дојде до промена на името, меџународната ќе му дозволи на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ да се муртат на решението и да изигруваат контра за да добијат политички поени...
Ако веќе дојде до тоа (се надевам дека имаме доволно сили да не се случи) ќе ги седнат Грујо, Бране и албанските партии на иста маса (слично како за Рамковниот), ќе си потпишат и заедно ќе го јадат стапот. Затоа муабетите за понесување на одговорност не ми се реални. Ако веќе се менува името на државата, сите во неа ќе треба да понесат одговорност а не само позицијата (без разлика дали тоа би се случило сега со Груевски, или за година-две-три со Црвенковски).
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.647
А дали воопшто двете најголеми партии имаат некаков став по однос на ова прашање?

Според мене треба да се направи некаква стратегија која ќе ја направат сите во Македонија и ќе биде официјален под кој нема да се помериме, дека тоа ќе биде таа наша "црвена" линија.
Ама со нашиве политичари тоа е по се изгледа тешко остварливо, од една страна имаме влада која на почетокот пропагираше непопустливост од отстапување од уставното име а од друга страна имаме старо/нов лидер на опозиционата СДСМ кој ќе направи се да ја сруши оваа гарнитура која е на власт при што дава изјави дека е спремен да коалицира со секого само не со Никола Груевски.

Е сега ја би сите политички партии кои имаат пратенички групи во Собрание да седнат на заедничка маса, фино лепо да се договорат вака и вака ќе постапуваме и притоа сите подеднакво да ја поднесат одговорноста од таа одлука сразмерно со последиците кои би произлегле од тоа.
А национализмот и останатото да го оставиме за други подобри времиња.:smir:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
СДСМ ставовите за се ги граделе врз основа на тоа како меѓународната јавност во одреден момент имала став за одреден проблем. Така е и со прашањето за името, СДСМ секогаш кокетира со меѓународната јавност заради проценките дека меѓународниот фактор го сметаат за релевантен помошник за опстанок на власт или заради побргу доаѓање на власт. Оттука нивните ставови секогаш се поклопуваат со меѓународната јавност па и овој за прашањето за името, разликувајќи се само во акцентот кој кај нас паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Од друга страна пак ВМРО-ДПМНЕ како спротивна од неа ставовите ги гради како ставови произлезени од народот или обратни од оние на СДСМ, па така имаат тврд став за непромена на името. Она што сега кружи во јавноста како разумен компромис сеуште го сметам како тврд став на власта и купување на време чекајќи погоден момент да го задржи името Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom