Која раса на кучиња не ја сакате?

Член од
13 август 2012
Мислења
14
Поени од реакции
1
Пекинезер Пекинезер пекинезер пекинезер пекинезер пекинезер
 
Член од
13 април 2013
Мислења
156
Поени од реакции
30
Сите минијатурни раси на кучиња, не дека ги маразам, но никогаш не би ги чувал.
 
К

Кики.

Гостин
Не ги мразам, ама никогаш не би чувала пекинезер, пинч, чивава, пудла, ши-цу и слични мали, лигави раси.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
62
Поени од реакции
9
Оние мали бушави :) Што се сипуваат, а кога ќе им вратат бегаат.
 
Член од
3 мај 2013
Мислења
20
Поени од реакции
3
Не ги сакам оние крволочните...
На пр: доберманот, питбулот, бул териер...
Инаку секое куче ќе се однесува како што сопственикот ќе го воспита тоа е јасно!!!
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не ги сакам оние крволочните...
На пр: доберманот, питбулот, бул териер...
Инаку секое куче ќе се однесува како што сопственикот ќе го воспита тоа е јасно!!!
Крволочни? Ако те слушне Lu тешко тебе :D се шалам.

Терминот крволочни не соодведствува, затоа што мислам дека покрволочни се малите раси кои се чувствуваат инфериорни и затоа повеќе напаѓаат отколку големите.
Но, мислам дека и самиот збор воопшто не одговара за опис на куче, затоа што кучето одамна престана да живее во дивината и да лови за да преживее. :)
 
L

Lu

Гостин
Крволочни? Ако те слушне Lu тешко тебе :D се шалам.
Оддамна престанав да им објаснувам на луѓето (и на форум и во живо) дека Доберманите не се крволочни ѕверови и дека сликата која што е создадена за нив е многу погрешна.

Но кога на некој човек му е испран мозокот, и не бил никогаш во својот живот во близина и во контакт со Доберман, и притоа верува во оние рекла-казала муабети дека се крволочни и дека на старост мозокот им се потиснувал во черепот и дека си го убивале сопственикот ... е на таквите луѓе навистина нема теоретски шанси да им објасниш каква е реалноста ... затоа веќе не се ни обидувам да им објаснувам :)
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Зборете што сакате али не би остаил дете у куќа со питбул,ротфајлер,дога,териер и слични крволочни кучиња.Остајте тие прикаски као ќе го воспиташ така ќе биде,ќе ви набројам мал милион случаи кај што се десиле лоши работи и после долги години чување на овие раси.Освен шарпланинец,германски овчар и самојед неам поверење во друго куче.
 
Дефинирај што за тебе претставува крволочно куче ?
И како можеш да носиш заклучок за одредена раса (Доберман / Ротвајлер / Питбул / Дога ...) дека се крволочни, врз основа на поедини случаи ?

И јас 1.000 пати повеќе би оставила дете дома со Доберман / Ротвајлер отколку со Самојед / Хаска.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Дефинирај што за тебе претставува крволочно куче ?
И како можеш да носиш заклучок за одредена раса (Доберман / Ротвајлер / Питбул / Дога ...) дека се крволочни, врз основа на поедини случаи ?

И јас 1.000 пати повеќе би оставила дете дома со Доберман / Ротвајлер отколку со Самојед / Хаска.
Аха, а ти како го донесе твојот заклучок?
Имаш темелна анализа направено на кучињата, фамилијата, воспитувањто и 50тина случаи знаеш за незгоди со самојед и хаска?
Како треба да се носат заклучоци?
 
Јас си изнесов мој став дека повеќе имам доверба во Доберман / Ротвајлер отколку во Самојед / Хаска.

А тој заклучок го донесов бидејќи Доберманот / Ротвајлерот спаѓаат во службени раси и на тие раси им е во генетиката да се заштитнички настроени и внимателни кон членовите на семејството (а поготово малите деца).

Значи не збориме за изолирани случаи каде што кучето било малтретирано од страна на сопствениците, па дошло до ситуација да ги нападне.
Јас зборам за правилно одгледувани службени раси, во нив имам најголема доверба од сите типови на кучиња.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Си се запрашала некогаш зашто баш тие кучиња се користат од полицијата а не овчарски кучиња како шарпланинецот и самоједот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom