Ако мислиш да одиш на економски, оди во некое средно каде што ќе си го прчиш и запиши се на приватен.
Ако имаш врски и кој да те вработи со тој факултет имаш иднина, ако немаш врски со економски ќе може да: редиш по рафтови во КАМ, Веро, Тинекс, таксист, камионџија, продавач....или ако си политички активист или дете на родители кои имаат добри конекции ќе те пикнат во банка или во државна администрација и цел живот ќе се шеташ со шпиц чевли, кошула и пантолони.
Ако ти оди математика, од мене совет ти е да си одиш во гимназија, првите 2 години се исти за сите, па потоа си одиш природно математички клас, ќе те боли глава во средно со 3 математики и програмирање, али после тоа секој факултет ќе ти биде „лесен“, а за понатаму да се запишеш на ФИНКИ и да се правиш програмер, голем дел од овие другите професии со тек на време нема да постојат посебно делот на економски каде што софтвер може да ја работи над 80% од работата на луѓето.
Не би сакал да навредам ничија професија, но веќе имаш софтвери како SAP во кои со еден месец курс човек кој никогаш не сретнал економски факултет може да работи без никаков проблем работа од некој кој е магистер на економски, со тек на време парите нема ни да постојат, иднината е на интернет плаќања, а се ќе биде сведено на картици, податоците за сите ќе стојат на клауд и доаѓа иднината на криптовалутите, па уште помалку ќе бидат потребни професии од ранг на економистите, а се повеќе луѓе „кои знаат да се разберат со компјутерите.