Во последниве две години омилена серија ми е House, со Hugh Laurie kako дијагностичар-генијалец. Вакви оригинални, духовити, интелигентни реплики не сретнав ниту во една серија последниве години, и не е ни чудо што моментално е најгледана серија на Fox телевизијата.
Втората омилена серија е секако Supernatural. Сигурно не толку популарна како Хаус, но секако не помалку забавна, особено поради тематиката со која се бави, или паранормалните појави. Ги гледав скоро сите епизоди, од првата кога прват се сретнуваме со главните ликови Сем и Дин, па се до првите епизоди од третата сезона која што штотуку почна да се емитува.
И да, Heroes ми беше интересна комплетната прва сезона. Втората се надевам дека ке биде уште подобра, со оглед дека ке се инкорпорираат и нови ликови, како на пример главната глумица од Вероника Марс, итн.