Кочани

Добар град за живеење или не?

  • Вкупно гласачи
    17

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.357
Поени од реакции
3.132
*Кочани е сместен на северната страна од Кочанска Котлина, на местото каде што Кочанска Река ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е Кочанско Поле, додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора.
Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од Скопје), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од Гринич.
Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5о С, што значи дека е иста со онаа во Струмица, а повисока од онаа во Скопје или Прилеп. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4о С. Се јавуваат екстремно високи и ниски температури.

Оризот (латински: Oryza) е едногодишно растение, житарка од фамилијата треви што потекнува од тропските и суптропските предели на Азија и Африка. Се одгледува на значително големи површини и во Македонија, најмногу во долината на Брегалница во Кочанската Котлина, а во помал обем и во долините на Тополка и Бабуна во Велешко.

Кочанската Котлина е најголем термален басен на води со високи температури на Балканскиот Полуостров. Во него досега се направени 18 дупнатини од кои 14 се самоизливни, а водоносните хоризонти се јавуваат на длабочина од 86 до 1096 метри, со штедрост од 2,2 до 350 л/сек и температура од 50 до 80о С.
Термални изворишта се јавуваат кај селата Долни Подлог и Бања, при што кај Долни Подлог се користат две дупнатини длабоки 35 и 460 метри, со штедрост од 300 л/сек и просечна температура од 78о С. Во селото Бања има самоизливни термални води со штедрост од 30 л/сек и температура од 63о С.[10]

Езерото Гратче е мала вештачка акумулација во непосредна близина на Кочани, изградена на Кочанска Река во 1959 година, во подножјето на Осоговските Планини. Покрај езерото работат современи тyристичко- угостителски објекти. Сместено во извонредно живописна клисура, Гратче е мошне популарен локалитет за рекреативен и излетнички тyризам.

Пониква еден од најпознатите зимски туристички центри и викенд населби во Македонија. Пониква се наоѓа во близина на Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација на Осоговските Планини. Спортско-рекреативниот центар опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи, авто-кампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на Пониква. Како посебна туристичка атракција за љубителите на ловот, во непосредна близина на Пониква се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијалното ловиште - резерват, покрај сместување, на посетителите им нуди можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи.

Кочани е домаќин на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ), културна манифестација од национален карактер што се одржува еднаш годишно, во последната седмица на мај, и на која настапуваат најдобрите аматерски драмски ансамбли од Македонија. Исто така, значајна е културната манифестација Денови на оризот, посветени на кочанското “бело злато“, исполнета со низа свечености и празнувања на почетокот на жетвата на оризот во кочанскиот регион, како и манифестацијата “Петровденски конаци“[14], поврзана со одбележувањето на празникот на градот - Петровден.
Литературниот клуб „Копнеж“, што работи во рамките на библиотеката „Искра“, е носител на две културни манифестации: Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ (од национален карактер) и Месец на книгата.

*Ова е општо а темата понатаму нека служи за се' во врска со Кочани....
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.635
Македонскиот Кобе, македонскиот Гармиш Партен Кирхен.
Првото ради ориз, фторото ради нагоре надоле ридско брдски стил.Рим е на седам ридови,Кочани е на безброј.Ја мислу дека сфака кочанчанка има истртен и тфрд гз, набилдани бутови.А сфако мушко ноге како Роберто Карлос.
Скопјани ви га усрасфа специјалитет сс ноф топоним.Рижото бе.
Јебала вас талијанска кухиња.
Ориз бре!!!
Замисли да каеш "еј иам дома за ручак рижото сс копанчиња"

Градче е много убаво место.Поготово на есен.Езерце и природа около њега ви е како Лок Нес.

Ама много смешно зборите,ударате на јапански.Среќа очи не ви се искривисфа од муабет "Лееееј па ли бе ориз за ручак"
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.758
Преубав град, најубави девојчиња, најсимпатичен дијалект во цел исток, најубави села околу. Да не го заборавам центарот и кафичите(келнерки бомби :icon_mrgr: ), летно време е прекрасно, кејот, кочанска река, исто преубав бурек имате во трговскиот, пици исто, се на се топ градче и луѓе.
Автоматски споено мислење:

Kocancani slabo koristat kajgana. Preferirat kazina i kaldilnici hahahaahaha
Не сакав да напишам за ова а и не го прочитав мислењето претходно, измислено е за таа работа Кочани, можеш да се прешалтуваш од казино до казино, кладилница до кладилница а и тоа лето кога ве посетував мислам дека никаде не сум видел толку млади луѓе да играат како таму, лихвари исто еден куп внатре.

ПС: Шери казино, у уста го ебам :D
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Имам идено два пати на проаѓање кон Виница и два пати имам играно футсал. Ми се допаѓа ептен градот, ги кажавте местата кои се за посетување, така да ништо не би додал. Знам дека е исто еден од најчистите градови во Македонија. Имам план следната година да го посетам со велосипед, но о том потом.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Нова тема за мојот град. (y)

На анкетата горе не гласам пошто стварно не знам како. Колку и да викам дека тука не чини, сепак роден град си е роден град, тука имам најмногу спомени, па нејќам да гласам против него. Ај вака со ред, што моментално е океј, а што не е...

Веќе сте пишале, Градче е феноменално место. Секој викенд кога сум тука пешачам и пијам кафе на мотелот со друштво и се надевам таа традиција ќе ми продолжи и во зимските месеци. Супер место за релаксација, добро е што моментално работат и двата ресторана, па може да се седи во пријатна атмосфера. На Пониква јас искрено ретко одам, не сум љубител на скијање и такви работи. Еве може да ја препорачам преку лето, ако сакате да се ладите малку на планина и да избегате од градските жештини. Друга убава работа е кејот на реката. И поголеми градови не можат да се пофалат со таков кеј. Поради тоа централниот градски простор од плоштадот до паркот изгледа убаво.

Од манифестации тука се ДАФ и Саемот на книгата во библиотеката. Штета што поради короната оваа година второто не се ни одржа. Секако може подобро, едно време често се одржуваа некои музички настани, сега се’ поретко.

Што не чини? Секако масовното иселување на младите што е се’ поочигледно. Не чини и што од најчист град во државата станавме еден од најзагадените. Што на секој чекор има казина. И нормално, што во последните години кога не’ има на вестите, тоа е најчесто во црна хроника.

Ноќниот живот е скоро па замрен. Има добри ресторани и неколку пријатни места за кафе шема. Ама кафичи за ноќно излегување се’ помалку. Освен ирскиот паб не знам што друго би препорачал. Споредено со пред 15 години, многу слабо.

Тоа би било тоа на кратко. Супер што живна тема за Кочани. Ако се случува нешто интересно ќе давам breaking news тука. Еве за крај на постот една убава песна за градот од нашиот композитор (и мој бивш професор по музичко) Тоше Филипов.

Имаа моите другари колега од факултет од Кочани, викаше дека сте излегувале во Виница, бидејќи било поефтино, а и таксито не било скапо. Ова беше пред 5-6 години и јаки дискотеки имаа тогаш. :D
 
У врска со иселувањето...точно..."најквалитетните" луѓе си отидеа ...и тоа е насекаде на истоко. (Делчево, Берово, Виница)
...У врска со загадувањето (освен официјално 2 другара...)Пејпер Мил.
....Ноќниот живот како и во сите градови е замре'н...и во другите градовe е исто со коронава...(во ред...штета е што освен во пабот живи свирки нема у другите локали и претходно ...)

Позитивно е еве што се работи по градо( Паркчето за деца во трговски....го средија сега скоро трговскиот со нови плочки, клупички, ограда)...за кратко време(40 год) конечно ќе се реконструираат ски лифтовите а и општо тој дел од Пониква....така да зимоска сите со шаловите и капите на Пониква на скијање...

ПС...Има едно интересно видео на Yt за моменталната состојба во Кочани....кој завршува со цитирам" Шо би рекол балканскиот езоп Саша Матич - Неке птице никад не полете"...Така да и ние си тонеме колективно како и се' друго....
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931

Можеби е малку офф, но гледам иднина пак да заживеат малите места со се повеќе професии кои можат да се работат онлајн, доколку си високообразуван сеуште е природно да се стремиш кон големиот град за просперитет и кариера, децентрализација мислам дека допрва ќе се деси. Слично мислам и за селата, се појавува стремеж кај образувани млади да живеат во природа, во помала заедница.
 
Да...Да...Убаво е што веќе има луѓе кои си работат од дома...Еве јас работев СК и воопшто не ми се допадна сета таа околина, брзаница, сообраќај, (на работа беше супер) Кочани ептен ми недостигаше како место, поднебје, со сите природни убавини а не толку луѓето бидејќи скопјаниве се многу по ок од нас:D во секоја смисла...
Само локалниве власти кај нас стварно се дно...Никаков сенс за колективност....Само да дојдат до парите на граѓаните...додуша и за тоа ги кандидираат партииве а и затоа овие се мотаат уште од мали по партиите...само не знам како народот уште не ги сконта и им излева на избори.....

ПС. Што викаат древните маи, инки и цатки: "На крајот пак поединецот сам се снајдува и си бара решение"....
 
Ако гледаш како сегашна фактичка ситуација - Да, дно се во повеќето места, но гледам друга иднина, само треба да изумре една генерација, која е во старата парадигма на испреплетеност како црева, искористување на другите за лични интереси и тн - треба време, наредната да е подобра, болеста помала. Ова што го зборам го гледам како иднина на нашите внуци, но и сега има млади луѓе како тебе кои сваќаат дека друго е побитно.

Плус нели мозокот ни е способен убаво да помни околу 120 луѓе или колку беше, доколку ти си ми комшија во Кочани, со колата си пред мене и закочиш нагло, ќе излезам со трчање да те прашам дали имаш проблем, како да ти помогнам. Во Скопје има да те испцувам се до трето колено.

Заедницата ја прават индивидуите кои пред се треба да се самите независни, тогаш лесно ќе се договориме за тоа што е битно.
 
првиот дел ок....вториот си во грешка....Во Ск луѓето се многу посупер(читај :си го гледаат својот живот)кај нас малку се затупавеани и ако закочам нагло ем ќе ме испцуват ем цел град ќе дознае... :D

Кочанчаните вклучувајќи ме и мене не сме многу добри луѓе ама затоа местото(котлина опколена со планини-, геотермални води, пријатна клима) ептен ни е убаво... :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom