Кочани - Пекинг со велосипед

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Назад на темата.

Побарај повеќе информации од неговите најблиски за тоа каде се наоѓа и како се справува со патување па информирај не.
 
Член од
15 август 2007
Мислења
12
Поени од реакции
8
До кај стигнал чоеков до сега? Тоест каде е сега..?
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.262
Поени од реакции
190
Најприн поздрав до сограѓанинот Манс :) Инаку тој моментално треба да е во Азербеџан или па подалеку :) не знам баш точно како е, еве овде можете да погледнете неколку видеа од патувањето на Манс, се надеваме дека ке ја оствари својата цел.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Најприн поздрав до сограѓанинот Манс :) Инаку тој моментално треба да е во Азербеџан или па подалеку :) не знам баш точно како е, еве овде можете да погледнете неколку видеа од патувањето на Манс, се надеваме дека ке ја оствари својата цел.

Благодарам за споделената информација.
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.262
Поени од реакции
190
Пред неколку дена Марјан Ѓорѓиев ни пиша дека конечно пристигнал во Кина и дека се наоѓа во градот Урумчи.



Марјан со велосипед тргна од Македонија на 10ти април и патуваше сам се до Кина низ 9 држави. Новоста што не израдува многу е тоа дека тој не патува повеќе сам. Запознал двајца велосипедисти од Кина со кои заедно ќе патува кон целниот град - Пекинг.

Моментално тие се движат кон исток кон Liu Yuen. Според официјалната веб страна на Олимписките Игри во Пекинг 2008, на Марјан и неговите пријатели им останува уште 39 дена за да пристигнат на отворањето на Олимписките Игри.

По се изгледа ќе ја оствари својата цел. Браво за Манс
 
Член од
11 јуни 2008
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здраво дечки, јас малку подоцна видов за отворената тема ама еве да ви пратам неколку информации за Марјан Ѓорѓиев.

Тој моментално се наоѓа во Кина значи конечно стигна таму и веќе нема да биде сам, патува со двајца Кинези. Инаку тој редовно контактира со нашиот веб сајт за ноќниот живот во Кочани - KocaniTonight.com и ни праќа информации.

еве неколку работи кои би можеле да ве интересираат:

- Кога требаше да влезе од Турција во Ерменија границата му беше затворена па мораше директно да влезе во Азербејџан.

- Освен случката со затворањето на границата на Турција-Ерменија и непредвидливите временски услови, Марјан е добро, во одлична здравствена состојба и освен што патува има време да ги разгледа знаменитостите на поголемите градови, да сними по некоја фотографија и видео клипови. Воодушевен е од централна Азија, имало преубави места, посебно од градот Бухара (Узбекистан).

- Во сите држави тој поминал релативно добро, со мала незгодна ситуација во Туркменистан. Имено, поради тоа што тој останал во Туркменистан повеќе од три дена, а не се регистрирал дека ќе остане, на излегување му побарале да плати 178 долари. Тој одбил да плати и добил едногодишна забрана за влез во Туркменистан. За среќа, без никаков дополнителен проблем влегол во Узбекистан.

Еве две клипчиња од Марјан.



Овие денови ќе објавиме уште неколку клипови од градот Бухара и од Бишкек (главниот град на Киргистан) и ќе ги поставиме и овде.

Поздрав до сите
 
Член од
11 јуни 2008
Мислења
6
Поени од реакции
0
Морам да кажам дека спонзорот на Марјан - Руен редовно контактира со други медиуми и ги известува за новости, но некако слабо ги објавуваат. :(

Што е причината, зошто е тоа така не знаеме... :toe:

Во секој случај доброто е што постојат форуми, па народот ќе слушне за неговиот подвиг.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Вистина ли е тоа дека сите спонзори,ветени што биле пред да тргне Маријан за Кина откажале?

Навистина е греота што неговите родители молат за апел до сите фирми за било каква финансиска помош,зошто неговото патување било премногу тешко само со сопствени средства.

Од толку бизнисмени низ нашата мила земја да не се најде никој хуман за ситна пара да му го олесни овој подвиг.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
325
Поени од реакции
11
Bravo za covekot toj ke uspee ne samo da pojde tuku i da se vrati nazad.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
За враќање не верувам дека ке се врати со возење велосипед. Највероватно ке си го фати авионот до Скопје :)
 
Член од
11 јуни 2008
Мислења
6
Поени од реакции
0
Па да, така е според планираното... да се врати со авион. Нема логика да се враќа со велосипед повторно.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Па да, така е според планираното... да се врати со авион. Нема логика да се враќа со велосипед повторно.
Aма ништо од планираното не е така.Откажувањето на спонзорствата значи и откажување на сите трошоци околу патувањето,па доколку работите не се изменат,никој не гарантира дека со авион ќе се врати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom