- Член од
- 25 септември 2007
- Мислења
- 1.436
- Поени од реакции
- 45
Косовкиот парламент ја усвои независноста на Косово.
Од 109 пратеници во косовскиот парламент, 109 гласаа “за“ декларацијата за објавување на независноста. Декларацијата ја потпишаа косовскиот премиер Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи.
Во своето излагање пред парламентот, косовкиот премиер Хашим Тачи увери дека новата државаќе се стреми кон добрососедски односи, па и кон Србија.
“Денешниот ден го симболизира крајот на догиот процес. Косово ќе биде држава на сите нејзини граѓани. Тоа ќе бидела држава на толерантноста, мултиетничка држава, ориентирана кон Европската Унија“ рече Тачи.
Тој на пратниците им се обрати со зборовите “Косово ќе се гради одново и одново треба да бидат изградени институциите“.
Пукотници низ Скопје за прослава на независно Косово
Пукотници од огнено оружје се слушаат во некои делови на главниот град, а граѓаните реагираат дека лица со развиорени албански знамиња се шетаат по “пластичарска улица“ во близина на скопското кале и пукаат со “Калашњикови“ во воздух, прославувајќи го прогласувањето на независноста на Косово. Во редакцијата на Нетпрес се јавуваат исплашени граѓани кои велат дека пукотници се слушаат од повеќе места, а една жена тврди дека залутан куршум паднал на само два метри од неа.
Од МВР велат дека и кај нив имало пријави за пукање, но полицијата која поминувала по улиците од каде се слушало пукањето не забележала ништо сомнително, ниту полицајците воочиле луѓе со оружје.
За вечерва е закажано прославување на прогласената независност на Косово, на плоштадот пред споменикот на Скендер-бег во центарот на Скопје. Полицијата тврди дека ќе присуствува на настанот.