Намалени трошоците на студентите за 50% во јавните универзитети на Косово
Косовската Влада одлучи да ги намали трошоците за семестар од досегашните 50 евра , на само 25 евра.
Додека за престој во студентските домови ќе се плаќа 20 евра , наместо досегашните 40 евра. А за храната ќе се плати 15 евра , наместо досегашните 30 евра.
Исто така семејствата кои имаат повеќе од 1 студент, ќе плаќаат само за едниот студент , а останатите ќе студираат бесплатно.
За 50% се намалени и трошоците за последипломски студии како и докторати.
Од оваа промена ќе имаат придобивка над 54.000 студенти. (3.600 во студентските домови)