Коронавирус (COVID-19)

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.726
Поени од реакции
21.304
„Шпанскиот грип во 1918 година имаше смртност од 2 до 3%. Загинаа помеѓу 20 и 50 милиони. Новиот корона вирус има смртност од 3,4%. Ова го споделувам за да им биде на сите разбирливо зошто светот грчевито се бори да го спречи ширењето“, напиша доктор Александар Митов на „Фејбук“.
Доктор Ненад Лазаров сподели статистички податоци кои покажуваат дека коронавирусот е многу поопасен од САРС.

Паниката во Македонија настана денеска откако се откри дека директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска е новиот потврден случај на заболен од коронавирус. Таа откако се вратила од Италија, пет дена доаѓала на работа и не пријавила дека е инфицирана со вирусот, туку тоа го сториле нејзините колеги на кои им се заканувала со отказ.
Смртноста била огромна, поради тоа што воопшто не се внимавало, медицината не била развиена како што е денес, и воопшто не знаеле со што се соочуваат. Статискички исти, но реално воопшто не може да се спопреди со корона која направи / ќе направи пуздер, низ цел свет.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Смртноста била огромна, поради тоа што воопшто не се внимавало, медицината не била развиена како што е денес, и воопшто не знаеле со што се соочуваат. Статискички исти, но реално воопшто не може да се спопреди со корона која направи / ќе направи пуздер, низ цел свет.
Докторот со ова само сака да потенцира дека не е играчка, тоа му беше целта.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
„Шпанскиот грип во 1918 година имаше смртност од 2 до 3%. Загинаа помеѓу 20 и 50 милиони. Новиот корона вирус има смртност од 3,4%. Ова го споделувам за да им биде на сите разбирливо зошто светот грчевито се бори да го спречи ширењето“, напиша доктор Александар Митов на „Фејбук“.
Доктор Ненад Лазаров сподели статистички податоци кои покажуваат дека коронавирусот е многу поопасен од САРС.

Паниката во Македонија настана денеска откако се откри дека директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска е новиот потврден случај на заболен од коронавирус. Таа откако се вратила од Италија, пет дена доаѓала на работа и не пријавила дека е инфицирана со вирусот, туку тоа го сториле нејзините колеги на кои им се заканувала со отказ.
Добро е, нека кренат глас како фела малку повеќе. Јас со тие неколку доктори со кои имам контакт, имаа таков ноншалантен став кон вирусов, како да станува збор за лесна настинка. Тоа можеби би било очекувано од лаици како мене, Петко или Станко, ама не и од медицински професионалци.
Не е крај на светот, ама и не е само обичен грип во прашање.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.794
Поени од реакции
11.741
Во кој свет е тоа да на некој да му посакаш смрт и тоа да е ок?

Не викам дека е во ред да му посакуваш смрт на некому, ама факт е дека со гестов што го направи докторкава собра многу гнев и омраза на многу луѓе, па во афект може да се напишат такви постови за кој подоцна кога со ладна глава ќе размислеш што си напишал сфаќаш дека е невкусно (конкретно за себе кога напишав дека треба северно-корејски метод).

Како и да е хејтот стои, и е сосема заслужен и сметам дека треба да и се одземе лиценца, па дури и затворска казна, бидејќи поради нејзината немарност може да предизвика епидемија за која земја како Македонија не е способна да се справи.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.199
Поени од реакции
30.383
Како ја извади математикава на смртност кога 500 000 000 биле заразени?

It infected 500 million people around the world, or about 27% of the then world population of between 1.8 and 1.9 billion, including people on isolated Pacific islands and in the Arctic. The death toll is estimated to have been anywhere from 17 million to 50 million, and possibly as high as 100 million, making it one of the deadliest epidemics in human history.
Odnosno, spanskiot grip imal smrtnost od 3% - 6%.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.453
Поени од реакции
18.455
Има една српска поговорка која гласи БОЉЕ ДА ТЕ УЈЕДЕ БЕСНО КУЧЕ НЕГО ДА ТЕ ЛЕЧИ САВРЕМЕНА МЕДИЦИНА.
Искрено се надевам дека тој совет ќе го следат сите доследно, само за жал откако ќе ја ебат работата сите овие следбеници на Велков, ќе завршат на болница земајќи му го местот на некој што му е преку потребно, и тоа најверојатно во многу тешка состојба, во која не требало да се најдат.

Мислам да му речиш на човек што има канцер дека треба да се лечи со гледање во Сонцето секој ден наутро, абе треба да си тотално надвор од умот.

Така ако се прашувам јас секој што слушал совет од Велков треба да му се забрани влез во болница.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.199
Поени од реакции
30.383
Во кој свет е тоа да на некој да му посакаш смрт и тоа да е ок?

Јас лично кажав дека тој што го напишал тоа дека се заканувала со отказ, не е шарлатан, ама сепак, за сега е само чаршиски муабет, се додека не се потврди официјално.

И за крај, биди сигурен дека бројот на пациенти со кој стапила во контакт е мал, или нула. Добро знаеш и ти, сите тука бар еднаш сме биле пациент, и незз кога директор дошол да те види.
Проблем е ете што одела на работа и држела говори состаноци што ти ја знам таму во Рагуза.
Pa vidi, ne e ok, ama poveke ne e ok radi tvojata neodgovornost kako profesionalno lice navistina da predizvikas smrt i toa na poveke luge.
Edno se komentarchinja, drugo e vistinski zivot.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Искрено се надевам дека тој совет ќе го следат сите доследно, само за жал откако ќе ја ебат работата сите овие следбеници на Велков, ќе завршат на болница земајќи му го местот на некој што му е преку потребно, и тоа најверојатно во многу тешка состојба, во која не требало да се најдат.

Мислам да му речиш на човек што има канцер дека треба да се лечи со гледање во Сонцето секој ден наутро, абе треба да си тотално надвор од умот.

Така ако се прашувам јас секој што слушал совет од Велков треба да му се забрани влез во болница.
За жал секогаш е така. Ќе дојдат на доктор кога веќе ќе е прекасно (слушале идиоти ко оваа Велков) и во клиника во Швајцарија да ги однесеш, џабе ќе биде, но тоа е друга тема веќе.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.453
Поени од реакции
18.455
:popce:Преку 200 луѓе у изолација и нови 8 пациенти на тестирање за непуни 24 сата.
За жал со ова темпо следната недела ќе имаме 20-30 болни и најверојатно првиот мртов, а по следната недела бројот ќе биде повеќе од 100 и со оглед на процентот на умрени за жал ќе имаме 3 мртви на 100 болни.

Тогаш се ќе се стави во карантин и ќе се одложат изборите.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
За жал со ова темпо следната недела ќе имаме 20-30 болни и најверојатно првиот мртов, а по следната недела бројот ќе биде повеќе од 100 и со оглед на процентот на умрени за жал ќе имаме 3 мртви на 100 болни.

Тогаш се ќе се стави во карантин и ќе се одложат изборите.
При вирус ти загрижен за избори а?ќе плачеме ако се одложат

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom