Буквално сѐ е подобро од ништо. И остај глупости како „ендемски менталитет и општа здравствената култура на нашите граѓани“...
... за тоа како ние тука на Балканот несовесно се однесуваме може фермани да пишувам, не е поентата пред ТВ или аудиториум да почитуваме мерки, а кога никој не не' гледа, не важи, со што загрозени исклучоци почитувачи на заштитни мерки,
...пример, знае дека е инфициран и не седи во изолација, напротив шета меѓу повеќе познати, се вози со градски превоз, дури и медицинскиот персонал на работно место селективно ја поставува заштитната маска, а во маркети или во други затворени простории вон работно место дури ниту ја користат, еееее тоа на друго место го нема или барем е многу ретко и санкционирано!
... околу протоколот, напишав дека тоа е одговорна работа и често менлива поради нови сознанија за однесување на коронавирусот и неговите мутации, затоа и бара комбинација на специјалности, што за жал нема да го има тоа во креирање на протоколот затоа што се земаат во предвид чисто медицински лица кои се поставени на функции токму од своите партиски лидери, каде веќе се губи стручноста, впрочем доволен пример е Комисијата за заразни болести и поставени директори на институции кои ниеден не менаџира како треба токму поради тој факт,ТРЕБА - НЕЗАВИСНИ експерти, НЕЗАВИСНИ стручни лица!
... на пример, на почеток на пандемијата се применуваше кортикостероидот декаметазон и антибиотикот азитромицин (сумамед), а сега поради можна цитокинска бура и појава на висока гликемија, висок крвен притисок и други причини, сега многу поретко се применуваат, дури може да се каже дека воопшто не се применуваат во болничко лекувањекај пациенти со К19,
...големи количини на овие два лека скоро џабе се има залихи низ болниците, па и државни резерви, поради горните нови искуства во лечење на К19 ете „протокол“ се сменил, се префрлија на послаб кортикостероид преднизолон и на други антибиотици да не ги редам тука,
(ова како пример, додека се направи еден протокол за терапија поради промени во текот на искуствата при лекување на К19 ќе се смени терапијата и протоколот веќе не е валиден, прашање кој ќе седи да ги следи промените и да ги менува?).
... дополнително, ако има протокол лекарот се иземува од одговорност, ќе рече „што ми е гајле такви се протоколите!“,
да не ги заборавиме на почетокот на пандемијата упатствата кои беа еден вид протоколите дадени од Министерство за здравство преку Лекарска комора како да се селектираат пациентите со алгоритам и епидемиолошка анкета, да не спомнам која утка беше тоа и колку луѓе биле одбиени за болничко лекување преку матичните лекари токму поради тие алгоритми, а после некој ден починале,