Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.189
Поени од реакции
19.267
Пред два саати се вакцинирав со озогласената Фајзер вакцина,кои нус појави да ги очекувам? Најдобрата вакцина на Астра Зенека нема шанси нигде да се најде.
Од првата доза само раката ме болеше при движење два дена, од втората доза наредниот ден кренав температура 38,1C и бев малаксан, лапнав два далерона и тоа беше тоа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
А му се смеевте на братот Мабус кога со блутут ги откриваше чипираните.
Мабус бе...
lol
Aнтихристот од пророштвата на Нострдамус (или оној кој ќе го подготви неговото доаѓање).
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
Пред два саати се вакцинирав со озогласената Фајзер вакцина,кои нус појави да ги очекувам? Најдобрата вакцина на Астра Зенека нема шанси нигде да се најде.
Мала зашеметеност првиот ден и мала болка во раката.

Мали болки по зглобовите.

Тоа имав јас. Ова мала сфати го како многу мала, до толку да не знаеш баш дали е факт или не.

Барем едно три дена без алкохол, мада еден доктор (реномиран) ми кажа дека една чаша вино не е проблем у тие три дена.

Секако, ќе сретнеш милион други примери со други ефекти, али ја така поминав.
Исто така е ваљда битно да знаеш дека јас имам забележано од моја околина (но во темава и обратни примери ќе видиш), дека многу голем процент од тие кои прележаа, а земаа Фајзер имаа поголеми нус појави, ден два, со температура и сл.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.912
Пред два саати се вакцинирав со озогласената Фајзер вакцина,кои нус појави да ги очекувам? Најдобрата вакцина на Астра Зенека нема шанси нигде да се најде.
Мислам дека не е работата за заебавање.
Еве прашај ја @Хоуп како си помина, значи имаш и вакви и такви искуства од секоја вакцина (не само од фајзер).

Јас лично повеќе пати имам придружувно луѓе на вакцинален пункт и во 4-5 наврати имаше колабирање после 10-15 мин од примена вакцина, а таму сестрите ти викаат као седи 15 мин и замини. Што ако се струполиш на сред улица?
Треба да си таму пола саат на столче + наредни 4 часа дома да имаш некој до тебе да не ти дојде до алергиска реакција и компликации.

Инаку, вакцина како вакцина, како и секоја друга може да имаш некоја реакција може воопшто да немаш, зависи од организам до организам.
ГРЕШКА која се прави кај нас и која не ја поправија (за која нема протокол или ако има не е како што треба) е што ги вакцинираат сите без претходно да им проверат антитела, да им прегледаат крв и воопшто да му направат проверка на општата здравствена состојба - што по мене е пропуст пар екселанс.


Второ, како да им веруваме на доктори кои сеуште немаат воспоставено национален протокол за лекување, во држава каде смртноста е на високо 5то место во Европа, до скоро во првите 10 во свет? Каде се даваат антибиотици кои прават масакр во организмот и оставаат трајни последици? Каде болничари го вклучуваат кислородот иако поим немаат на колку литри во секунда треба да подеси посебно за секој пациент на кислород (иако и докторите не знам дали и колку "научно" тоа го пропишуваат)? Или каде од немајкаде се бараат ленти за проверка на шеќер. Како тие титули и публикации ќе ги вратат толку мртви и ќе ги залечат последиците кај оние кои се спасија од ковидот, не знам.
Не сум медицинско лице па точно за протокот на кислород во литри во секунда не можам да дадам мислење, но на почетокот од пандемијата имаше една информација (за жал не зачував линк) како во погранична област меѓу франција и германија заради недостаток на болнички кревети едно 40 пациенти биле префрлени од франција во германија. Проблем било што сите биле за на респиратор.
Ги ставиле на респиратор и германските доктори востановиле дека всушнот нормалната работа на респираторот со 1.4 (ваљда кубици или литри на час кислорот - не знам точно ниту ми е интерес да гуглам за да се направам паметен) им прави дополнителни проблеми на пациентите и воспалението на белодробието не згаснува. Протокот го намалиле од 1.4 на 1. Веднаш после тоа востановиле дека општата состојба со инфламацијата на белодробието се подобрила бидејќи веќе дишните патишта и слузокожата биле длабоко воспалени од ковидот и доколку држеле по стандард процедура (протокол) голем дел од тие пациенти би биле мртви - вака немале ниту еден мртов од овие 40 што ги хоспитализирале само затоа што го намалиле протокот/притисокот.
ЗОШТО такви информации не биле досега ширени наоколу не знам, но сосема логично (како медицински лаик) ми звучи ова што го направиле германските лекари и со тоа допринеле до подобра здравствена состојба на пациентот. Сигурно не е само еден ваков случај и само ваков пример, гарант има и други начини на хоспитализација и лечење кои дале некој ефект.

Кај нас, од друга страна, имаш еден куп антибиотици (во право си за тоа) и освен тој дел каде ги трујат буквално со антибиотици уште во примарна грижа (не стигнати до болници), кога ќе ги хоспитализираат сите ги ставаат на кислородна па ко преживи прича че. Буквално делеа соби со мртовци кои ги оставаа покрај креветите бидејќи немаа место каде да ги носат. Хаос од невидени размери беше минатиот пат по болниците.
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Во Германија на прележани пред 4-5 месеци отидоа да се вакцинираат, и имставиле по една доза фајзер, им рекле дека нема порреба од втора доза.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Мабус бе...
lol
Aнтихристот од пророштвата на Нострдамус (или оној кој ќе го подготви неговото доаѓање).
Ахахахах не знаев за ова.

Ако ти се гледа добра комедија пушти си го вечер интервјуто на Балкан инфо.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Од над 500.000 вакцинирани со две дози:
- 2924 се заразиле со Ковид
- 11% биле хоспитализирани
- 30 души починале
Ова е комплетно нерелевантна статистика. Едина статистика која има логика за анализа е колку од детектираните/хоспитализирани/умрени се вакцинирани.
 
Член од
22 март 2019
Мислења
233
Поени од реакции
551
Денеска се тестирав за антитела и сум позитивен 52 вредност со референтна вредност за позитивен 20.33.

Се вакцинирав со синовак и примив втора доза пред 5 недели.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Петличковски за годините што ги има, има потенцијал да биде на истото рамниште со Спироски.
... околу ова доволен и убав коментар даде @Lurtz, да не се повторам!
... отварам кајгана во 06ч сабајле, 10 цитати од Бијонс. Како ти се стои од такви работи?
...да бидеме попрецизни, вчера се логирав на Кајгана во 20:59 со прв коментар и последниот 9 коментар беше во 00:21, седам и те читам и се чудам на твојата ракција „за мои цитати“, како може ова моево да биде под лупа на твојата критика, а да не се погледнеш себеси да прв твој коментар во 05:56 на темава би бил што, не идеш во веце, не миеш лице, не се радуваш покрај прозор на новиот ден, ти веднаш во кревет „форумот во рака“ да пишеш за бијонс? :facepalm:
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Денеска се тестирав за антитела и сум позитивен 52 вредност со референтна вредност за позитивен 20.33.

Се вакцинирав со синовак и примив втора доза пред 5 недели.
Не си лош. Имаш развиено антитела и стекнат имунитет. Имаш два ипол пати поголема концентрација на антитела(52) од основната референтна вредност(20.3)

ПС во која лабораторија се тестираше?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.040
Поени од реакции
10.251
Не знам дали заради тие потенцијали треба да ги игнорираме мислењата на Даниловски епидемиолог и Пановски микробиолог. Дали се помалку стручни или нивните пиејџди не вредат. Во однос на прележаните се со слични мислења, а делумно или целосно спротивни на мислењата на Петличковски (вакцинирање на прележаните од 1-6 месеци по прележување) и Филипче (45 дена по прележување).
Второ, како да им веруваме на доктори кои сеуште немаат воспоставено национален протокол за лекување, во држава каде смртноста е на високо 5то место во Европа, до скоро во првите 10 во свет? Каде се даваат антибиотици кои прават масакр во организмот и оставаат трајни последици? Каде болничари го вклучуваат кислородот иако поим немаат на колку литри во секунда треба да подеси посебно за секој пациент на кислород (иако и докторите не знам дали и колку "научно" тоа го пропишуваат)? Или каде од немајкаде се бараат ленти за проверка на шеќер. Како тие титули и публикации ќе ги вратат толку мртви и ќе ги залечат последиците кај оние кои се спасија од ковидот, не знам.
До вчера здравството ни беше (сите повеќе помалку го критикувавме) полно наводно мито и корупција, Тодороф го нарекувавме министер за смрт, имавме најголема смртност на бебиња во Европа...сега одеднаш треба да ги ставиме на пиедестал само заради оние (повеќето мед сестри и некои доктори кои не се експонираат) кои навистина се жртвуваа за пациентите. Народ милиони се изнададе за Систина, Митрев, Срце, Неуромедика и слични установи, заради тие пиејџди величини (не само во пандемијава). Што е сменето што мора да им прајме темане ако се "величини"?
Попрво капа ќе им симнам на персоналот од итна и сестрите кои навистина се жртвуваа за секој пациент неголи на некоја диплома и публикација во медицински журнали. Џабе му на мајстор 10 дипломи ако не може да ти го поправи фрижидерот.

Патем, не знам колку си во здравството ама треба да се сетиш какви фамилијарни кланови се правеа на клиники и по здравствени домови. И сеуште ги има. Ужа и шира фамилија ми беа во здравство 80ти и 90ти (а скоро и да ништо не е променето) така да малку од малку ми е познато иако и лаик може да види како функционира.
А кој тоа ги игнорира ставовите на Даниловски и Пановски, коа токму тие се меѓу најчитаните доктори во државата?! Секоја чест за професорите, редовно им враќаат на луѓето по социјални мрежи. Многу ги почитувам и двајцата. Меѓутоа ниту Пановски, ниту Даниловски не се имунолози. Јас зборев за имунологија и имунолози, па ги издвоив двајцата лекари кои според мое лично мислење се едни од најдобрите во државата! Тоа не ги прави двајцата доктори кои нон стоп се експонираат на социјалните мрежи помалку доктори или помалку стручни.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
А кој е ризикот од вакцина, па плус инфекција? Бидејки тоа ќе го добиеме, а не само вакцина. Значи сппреди вакцина плус вирус вс само вирус.
... не е баш така, можеби АДЕ (antibody dependent enhancement) и вакцина и дополнителна инфекција МОЖЕБИ не се знае сеуште, ќе даде многу полоша состојба!

... во клиничките испитувања од Фаза III се дизајнирани да откријат чести или тешки несакани ефекти пред антиковид вакцината да биде одобрена за употреба за СОВИД-19 дали можат да предизвикаат АДЕ?
укажано е дека :
,,..Ниту болеста COVID-19, ниту антиковид вакцини не покажаа докази дека предизвикуваат АДЕ, луѓето заразени со САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува СОВИД-19, најверојатно нема да развијат АДЕ при повторна изложеност.Ако го сторат тоа, тие ќе бидат отстранети од употреба...,,
...тоа зборче ме убива во поим „,највероватно“ значи „не е можно“, но има опција да значи „можно“, и што ќе не задоволува тоа „остранети од употреба“ ако веќе сме ја примиле и да се молиме да не дојдеме во контакт со вирусот и доколку не не’ стрефне стереотипот на вирусот според кој е направена антиковд вакцината ќе не’ стрефне АДЕ? :(
 
M

Macedon1um

Гостин
Ова е комплетно нерелевантна статистика. Едина статистика која има логика за анализа е колку од детектираните/хоспитализирани/умрени се вакцинирани.
Вкупно 17.020 позитивни во последниве 3 недели
3000 од нив т.е 17% биле целосно вакцинирани
89% од моментално хоспитализираните не се вакцинирани
Има 276 починати пациенти во последните 3 недели од нив 30 биле вакцинирани (9 спрема 1)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.379
Вкупно 17.020 позитивни во последниве 3 недели
3000 од нив т.е 17% биле целосно вакцинирани
89% од моментално хоспитализираните не се вакцинирани
Има 276 починати пациенти во последните 3 недели од нив 30 биле вакцинирани (9 спрема 1)
Меѓутоа и односот вакцинирани со невакцинирани е 1 према 4
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Пак трансплатација праеле гледам.
А нешто зачкрипи, одма Филипче Великомаченик трансплатации прави да си го оправда мизерното постоење.
Филипче нема никаква врска со трансплантациите. Чисто ради ПР оди и се слика. Зошто еднаш не влезе во било кој ковид центар и таму да го сликаат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom