Не знам дали заради тие потенцијали треба да ги игнорираме мислењата на
Даниловски епидемиолог и
Пановски микробиолог. Дали се помалку стручни или нивните пиејџди не вредат. Во однос на прележаните се со слични мислења, а делумно или целосно спротивни на мислењата на Петличковски (вакцинирање на прележаните од 1-6 месеци по прележување) и Филипче (45 дена по прележување).
Второ, како да им веруваме на доктори кои сеуште немаат воспоставено национален протокол за лекување, во држава каде смртноста е на високо 5то место во Европа, до скоро во првите 10 во свет? Каде се даваат антибиотици кои прават масакр во организмот и оставаат трајни последици? Каде болничари го вклучуваат кислородот иако поим немаат на колку литри во секунда треба да подеси посебно за секој пациент на кислород (иако и докторите не знам дали и колку "научно" тоа го пропишуваат)? Или каде од немајкаде се бараат ленти за проверка на шеќер. Како тие титули и публикации ќе ги вратат толку мртви и ќе ги залечат последиците кај оние кои се спасија од ковидот, не знам.
До вчера здравството ни беше (сите повеќе помалку го критикувавме) полно наводно мито и корупција, Тодороф го нарекувавме министер за смрт, имавме најголема смртност на бебиња во Европа...сега одеднаш треба да ги ставиме на пиедестал само заради оние (повеќето мед сестри и некои доктори кои не се експонираат) кои навистина се жртвуваа за пациентите. Народ милиони се изнададе за Систина, Митрев, Срце, Неуромедика и слични установи, заради тие пиејџди величини (не само во пандемијава). Што е сменето што мора да им прајме темане ако се "величини"?
Попрво капа ќе им симнам на персоналот од итна и сестрите кои навистина се жртвуваа за секој пациент неголи на некоја диплома и публикација во медицински журнали. Џабе му на мајстор 10 дипломи ако не може да ти го поправи фрижидерот.
Патем, не знам колку си во здравството ама треба да се сетиш какви фамилијарни кланови се правеа на клиники и по здравствени домови. И сеуште ги има. Ужа и шира фамилија ми беа во здравство 80ти и 90ти (а скоро и да ништо не е променето) така да малку од малку ми е познато иако и лаик може да види како функционира.