Корејски филмови

Член од
6 април 2014
Мислења
135
Поени од реакции
166
Да ја надополниме листата со уште неколку добри филмови :

Going by the book (2007) http://www.imdb.com/title/tt1193460/
Добра комедија-акција со сообраќаен полицаец кого ќе го ангажираат да учествува во полициска вежба против кражби на банки.

Joint security area (2000) http://www.imdb.com/title/tt0260991/
Истрага за двојно убиство врз двајца северно корејски војници , а осомничен е јужно корејски војник. Дејствието се случува во демилитаризираната зона која ги раздвојува Северна и Јужна Кореја.

Silmido (2003) http://www.imdb.com/title/tt0387596/
Филмот е базиран според настани кои се случиле во 1968 година. Се работи за група на затвореници кои ги обучуваат да извршат атентат на тогашниот претседател на Северна Кореја.

The Villainess (2017) http://www.imdb.com/title/tt6777338/?ref_=nv_sr_3
Пред некој ден го изгледав но не бев воодушевен од приказната на филмот, но сепак кој сака да гледа акција (премногу крв за еден филм) и еден вид на римејк од Никита нека го изгледа. Почетокот на филмот многу ме потсети на сцената од тепањето во ходникот од филмот Oldboy, само ова дупло повеќе.

Pandora (2016) http://www.imdb.com/title/tt6302160/?ref_=nv_sr_1
Во моментов овој филм го гледам. Се случува земјотрес при што има експлозија во нуклеарна централа и вработените прават се за да не дојде до поголема катастрофа.

Пријатно гледање :)
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Kkeut-kka-ji-gan-da/A Hard Day (2014)
Истиот ден после смртта на мајка му, со залутани мисли, еден детектив ќе прегази човек на улица, ќе се испаничи и ќе го земе телото за да го сокрие случајот, телото ќе го стави во ковчегот на мајка му и заедно со неа ќе го закопа, ама прегазениот човек бил убиец и баш тој детективот треба да работи на тој случај, треба да го пронајде и да го уапси тој што го закопа. Во исто време, некој непознат лик му се јавува за да го уценува пошто бил во близина кога се случила несреќата и видел се. Одма се дешава ова во првите 15 мин од филмот, не ви го раскажав, не ви кажав спојлери, ако така изгледа :LOL: Ок трилер со нешто акција, не е лош, не е ни нешто посебно. 6.5

Deokhyeongju/The Last Princess (2016)
Тажна приказна за трагичниот живот на последната принцеза на Кореја, која како мала, после убиството на нејзиниот татко, била принудена да ја напушти Кореја и да замине во Јапонија, нејзините обиди да се врати назад, неправдите што и ги нанеле и огромната носталгија и копнеж за својата земја и својот народ. Ок беше и овој, исто ко тој погоре. 6.5
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Корејциве имаат многу добра кинематографија,имам гледано неколку филмови а сега гледам и дека сте отвориле тема на форумов.
Сум ги гледал: The Man from Nowhere,Oldboy,New World,I Saw the Devil,The Host,The Yellow Sea(не ме импресионираше многу),A Hard Day(мене многу ми се допадна,незнам зошто @Хоуп вика дека не е ништо посебно)
Да препорачам и јас нешто:
The City of Violence- http://www.imdb.com/title/tt0821470/
The Chaser- http://www.imdb.com/title/tt1190539/ Овој многу ме воодушеви,тежок филм,не е за секого.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Exchange (2015)
Не е толку лош колку што му е лоша оцената, ваљда со тоа хорор очекувале луѓето дека ќе биде нешто страшен, а не е пошто не е ни хорор, трилер си е, ама како и да е. Еден млад пар кој упорно се труди да направи дете и не успева, веќе заебани по малце во психата од толку разочарувања, со комплекси, со разнишана поврзаност меѓу нив и такви никакви ќе најдат на нет некое место на една планина, па ќе одат демек да си ја подобрат ситуацијата. Местото не е како на сликите, една смрдена шупа и еден забеган газда со една нема помошничка... Ликот на газдата на местото е мн интересен, крипи е, саркастичен, со некоја изместена смисла за хумор и такви сфаќања, чуден и ептен забеган а и глумецот е Dong-seok Ma, не може да не е добар лик, ако ви текнува го има и во возот за Бусан... Така, не е лош.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
http://m.imdb.com/title/tt0386064/
Аии филмов еј! :bravobe::cuc:(y).
Воен, за двајца браќа.
Акција, музика, емотивен до коска, сите можни ужаси од војната прикажани опфатени и нема што повеќе да бараш; како што иде према крајот све подобар станува.
Може уште ме држи еуфорија али по мене овој би требало да биде у секоја топ10-воени-листа.
На IMDB 8.1, и пак ми се гледа некако ниска.
Јебеш Данкирк.

Цел го има на Јутуб со англиски превод, еве го
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.792
Поени од реакции
1.703
The Thieves/Dodukdeul
Доста интересен Хеист филм од прочуениот корејски режисер Чои Донг-хоон со широка постава. Филмот е копродукција со Кина, па е половина на Кантонски и Мандарински јазик со по некој дијалог на Англиски и Јапонски. Во филмот глуми и Џун Џи-Хјунг во една доста добра комична изведба со која се прослави. Па ете можете да го изгледате филмот ради неа, доста се фура филмов на Оушн Елевен и такви слични филмови. Филмот е сниман во Хонг Конг и Макао, а завршните сцени се во Бусан и се полни со акција. Одличен филм, од мене 9/10.
 
E

Epsilon

Гостин
imase eden korejski film cinam, zena na mafijas ce pocni da gi tepa od mafijata mislam deka go ubijaja soprugot i posle otkako ce ja fati policijata i ce daj kako vtora sansa, odnosno da raboti kako agent za niv..?


mu tekna na nekogo kako se vika filmov?
 
Член од
6 април 2014
Мислења
135
Поени од реакции
166

Kajgana Shop

На врв Bottom