Копаоник

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Копаоник е величенствена планина, богата со води, ливади и шуми, со многу поволни климатски особенсоти, во чија околина се наоѓаат бројни и вредни културно-историски споменици. Најубавиот дел на Копаоник кој зафаќа површина од 12000 хектари кој се одликува со исклучителни природни вредности, прогласен е за национален парк 1981 год.
bg.jpg

Копаоник е најголем скијачки центар во Србија и несомнено еден од најубавите центри во овој дел на Европа. Копаоник поседува неверојатен природен потенцијал од околу 200 сончеви и околу 160 денови под снежна покривка во текот на годината. Прекрасно уредените терени на скијачкиот центар Копаоник со 55 км патека за алпско и 12 км патека за нордиско скијање како и сноуборд парк кој е опремен по највисоките стандарди со патека со вкупна должина од 450 метри пружат неизмерно уживање на сите категории скијачи, од почетници до професионални скијачи, сноубордери и заљубеници во ноќно скијање и ски трчање. Благодарејќи на системот за вештачки снег кој покрива 90% од капацитетот на ски центарот, ски сезоната трае подолго и не зависи од временските услови.
P1011754.jpg

Копаоник е омилен зимски центар меѓу младата популација поради добрите забави и богатиот ноќен живот. Фамилии со деца можат да уживат во разновидните содржини на сноу паркот со зимски активности – санкање, лизгање. За најмладите и почетниците кои ги прават своите први ски чекори постои обезбеден простор со ски лента која олеснува да се совладат основните ски вештини. Копаоник е познат по одличната забава која трае до раните утрински часови во некој од големиот број кафичи, барови, дискотеки, клубови и ресторани.
snowboard-i-ski-park-kopaonik.jpg

1Kopaonik.JPG

Бил ли некој од вас во Копаоник? Каде сте биле сместени? Какви се ски патеките?
 
Ако човек се мисли каде да оди на зимување, дефинитивно Копаоник е вистинското место. Посебно погледот навечер освојува, а хотелите се ептен добри:)

kopaonik.jpg

2527717.jpg

3333144327_397cf45560_z.jpg
 
Планирам да идам викендот после нова година на скијање. Дали некој има идено скоро и какви се стазите моментално, има снег, вештачки?
 
Изгледа убаво :) Према прогноза после НГ треба да има веќе наврнато повеќе снег.
Копаоник во живо
Копаоник сајт
 
Планирам да идам викендот после нова година на скијање. Дали некој има идено скоро и какви се стазите моментално, има снег, вештачки?

Баш денес има паднато снег доста. Тука имаш подетално: https://www.facebook.com/infokop.net/

Јас одам веќе две години и одлично е. Во самиот центар на Копаник е поубаво и доста поскапо е сместувањето, ама се е тука од ски стази до кафани, дуќани, супермаркети. Поефтина варијанта е сместување во викенд населбата која е оддалечена некаде 3-7 километри од самиот центар.

Што се однесува за патот преку Косово е поблиску, одиш Приштина - Косовкса Митровица - Лепосавиќ и на административниот премин за влез во Србија давате лична карта, со пасош прават проблем.
 
Имам идено пред некоја година во онаа најладната зима, - 30 беше тогаш. Затоа ме интересира сега како е по што температурите се над просекот, дали има толку снег и какви се стазите.
 
Што се однесува за патот преку Косово е поблиску, одиш Приштина - Косовкса Митровица - Лепосавиќ и на административниот премин за влез во Србија давате лична карта, со пасош прават проблем.

Дали знаеш каква е процедурата за деца? Немаат лична карта, како ќе го поминат контролниот пункт?
 
Мене не ми правеа проблем, веднаш ми го вратија пасошот од малата и помина без проблеми, само ги земаа личните карти на возрасните за контрола. Значи два пати одам без никакви проблеми, некој велат имале проблем, ама јас никаков.

Сигурен сум дека нема да имаш проблем, возрасните одат со лична карта и приложуваш пасош за деца.
 
Што се однесува за патот преку Косово е поблиску, одиш Приштина - Косовкса Митровица - Лепосавиќ и на административниот премин за влез во Србија давате лична карта, со пасош прават проблем.
Зошто би правеле проблем со пасош?
 
Баш денес има паднато снег доста. Тука имаш подетално: https://www.facebook.com/infokop.net/

Јас одам веќе две години и одлично е. Во самиот центар на Копаник е поубаво и доста поскапо е сместувањето, ама се е тука од ски стази до кафани, дуќани, супермаркети. Поефтина варијанта е сместување во викенд населбата која е оддалечена некаде 3-7 километри од самиот центар.

Што се однесува за патот преку Косово е поблиску, одиш Приштина - Косовкса Митровица - Лепосавиќ и на административниот премин за влез во Србија давате лична карта, со пасош прават проблем.
Здраво. Ја најдов темата, и би сакал да прашам за патот од Приштина до Лепосавиќ дали е ОК ? - тоа е ,,Ибарска магистрала,, ако не се лажам. Четири години по ред одам по А1 (Е75) но има 100-тина км регионални и локални патишта кои се реконструирани последните 2 години и сега се добри.
 
Од Приштина кон Митровица се вози делумно по две ленти, делумно по една, доста е фрекфентен патот, ама не е долг околу 40 километри е. Од Косовска Митровица до Лепосавиќ генерално е добар, не е многу оптоварен, само пази на ограничувањето на брзината, лесно може да те казнат.
 
Како ќе биде викендов на Копаоник? Каде следите информации?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom