Концесијата ќе го уништи рибниот фонд на Охридското езеро

S

Shellshock nam67

Гостин
Спортските риболовци против издавањето на Охридското езеро под концесија – стопанскиот риболов, велат ќе го сотре и така сиромашниот рибен фонд.

“Оние кои до вчера не убедуваа дека риба нема, поради што и 7 години беше забранет ловот на пастрмката и белвицата, сега според изготвениот правилник , дозволуваат годишно да се ловуваат и до 6.000 кг . Може-велат риболовците,ама ако рибите растат на дрво. “

“Ова ќе биде уште една голема катастрофа која што не само што ќе ги уништи охридската пастрмка и белвица, туку концесионерот за да си ја накохнади концесијата ќе се сврти на другите видови риби , така да ќе ги уништи крапот, келнот, писата, сите други видови риби кои не може да ги порибува“ вели Радован Димитриески С.Р.Д. “ Св. Апостол Петар“.

Со правилникот за заштита на рибите кој за близу 200.000 евра го изготви Хидробилошкиот завод, се дозволува 25 риболовци секојдневно да фрлаат вкупно 80 км мрежи, а ќе можат да се ловат и огромни количини плашица.

“Тоа се предвидува за три години, за три години значи 1.500 тони плашица да се изловат од Охридско езеро, па тоа Тихиот океан не може да го издржи, не Охридско езеро“ изјави Димитриески.

Дека институциите само со запленување на мрежите не се моќни да се справуваат со нелегалниот лов на риба, призна и миниситерката Јанкулоска.

“Не го дадоа посакуваниот ефект, во секоја наредна година ние повторно имаме кражба на рибниот фонд, оштетување на ендемските видови, дури и нивно истребување“ вели Јанкуловска.

За една година полицијата запленила 1440 мрежи, 355 кг риба,поднела кривични пријави против само 8 лица. Некои од нив така добро се опремиле за лов, што покрај оделата за нуркање, подводните пушки и пловилата им фали уште подморница.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.262
Поени од реакции
3.613
За ваша информација во албанија никогаш не бил забранет ловот, таму може да се најде пастрмка на велико и легално така да џабе македонија чува нешто кога на рибата не и треба пасош за да помини граница и во албанија да ја уловат фино и поштено... Ова не е само за охридското туку и за другите наши природни езера кои всушност не се само наши... ниту дорјанско ниту преспанско никогаш не биле под заштита од страна на соседните ни наши дружави така да македончето чува за некој друг да користи...

И да, ако тој што ќе ја има концесијата има задолжение да пушти во езерото хххххххх број на подмладот охридска пастрмка од заводот за репродукција тој богами ќе мора и да инвестира не само да лови од таму...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom