Концерт по повод 8-ми Септември на арена Филип II

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Преработката на песните не ми се допадна воопшто, подобро да ги испееја во изворен облик.
Околу тоа што дојдоа пеачи од другите земји немам ништо против.

Но, морам да упатам една модна критика, барем до припадничките на понежниот пол кои таа вечер настапуваа.

Прво, со настапите на Аделина Тахири и Тамара бев во недоумица дали славиме некој американски, или македонски празник?! И двете носеа облека со дизајн на американското знаме, Аделина шорцеви и јакна, а Тамара фустан.
Некој навистина треба да им посочи на девојкиве дека концерт за обележувањето на независноста не служи да покажете колку добра риба сте во куси шорцеви (првата), или дека сте симнале 40 кила од Силуете (втората).

Е сега, кај може Тамара без Тијана:). На г-ѓа Дапчевиќ очигледно и е непознат концептот на миењето коса, а и очигледно белградските стилисти пропуштиле ова да и го спомнат. Ај што истата ја немаше измиено, туку и ја беше врзала со најобично гумено ластиче, какво што користам во кујна:facepalm:

Фустанот на Есма Реџепова беше врвен кич и невкус. Ако веќе толку сака да не убеди дека е голема патриотка, не мора да шие фустани со мотивот на македонското знаме. Само нека престане секој божји роденден да го слави во Пефокохори, во соседна Грција.

За да не си помислите дека сите ги исплукав, за крај ќе ги пофалам Каролина и Тереза Кесовија, кои беа најелегантно и најсоодветно облечени за приликата (и не, не сум нивни фан).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom