Контрола

Themacedon

ViXa
Член од
16 август 2009
Мислења
154
Поени од реакции
75
Да тоа е мојот потпис :pipi:

Љубовта треба да се базира на доверба. Нема да ангажирам луѓе за да дознаам што правел и каде бил :tapp: нема да се бламирам ниту себе ниту него. Ако има нешто да ми каже ќе ми каже. Љубов не е да го затвориш некого во кафез, нема ефект, никаков, ниту љубоморни испади, посесивност -бљак, така само ќе го изгубиш побрзо. Ако пробаш да го проверуваш и он ќе те проверува и наместо дечко и девојка вие ќе си играте детективска агенција :pos: Јас не сакам кога некој ме препрашува, испрашува, кога сака да дознае нешто ама од околу, не сум таков играч. НЕ МИ ВРТИ КО ДОЖД ОКОЛУ КРАГУЕВАЦ! Кажи ми што имаш да ми кажеш, прашај ме што имаш да ме прашаш, не сакам мудрување во љубовта. Искрена сум и се си кажувам. Им верувам на луѓето што ги сакам! Не сакам ко демек „случајно“ поминал таму и опаааа мене ме видел, такви „случајни“ работи ич не сакам! Треба да имаме доверба! Мене тоа проверување телефони, следење каде се движи ми е манијачење! Пушти го бре нека дише, човек е! Како јас што сакам слобода така и другиот сака. Да знаеш штом некој дознае дека го следиш намерно ги прави работите за да те изнервира, затоа што и ти него го нервираш. Ако не му веруваш додека сте дечко и девојка никогаш нема да му веруваш! Довербата не се стекнува лесно, а се губи за минута. Јас сум многу толерантна, но да осетам дека некој ме манијачи?! Нека му е со среќа :pos: :pos: :pos: Олабавете се, дишете малку. Луѓето премногу се променија, ама на лошо. Станаа помалку доверливи, помалку веруваат, станаа преваранти, почнаа да ги навредуваат другите, почнаа да гледаат што прават другите. Јас не сум папагал бре! Имам свој живот! Нема да му дозволам на некој да ме замара со небитни работи. Не гледам што прават другите, не сакам да ги повредам луѓето кои ги сакам :toe:

Значи не, јас не ги проверувам луѓето! Седнувам со нив на маса и правам муабет, ако има нешто да ми каже ќе ми каже. Се зависи како ќе се поставиш во врската. Со неискреност го повредуваш другиот! Ако го сакам ќе му кажам дека го сакам! А ако тој не ме сака, тоа е веќе друго!
Тачно! Глупо е да праиш такви работи...следење...звонење итн итн итн....ако се поставиш толерантно...сигурно и парнерката/партнерот ке се постави така....глупо е да проверуваш шо праи....(може ке ја/го прекинеш во нешо важно :pos2:) ако имаш нешо да и/му кажеш ке и/му кажеш у очи...ако ти смета нешо шо праи...ке кажеш и со разговор ке средите се... :)) барем ја така праам... :))
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нити проверувам, нити нешто кријам... ако некој/а во некаква прилика дојде до мојот телефон, се е во него јавно, нема што да скривам од никој/а.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Не е сигурен во себе,затоа се љубоморни машкиве не се сигурни
 

Kajgana Shop

На врв Bottom