Читам денес во Вест, владата ќе го објавела договорот со ЕВН, за да види рајата како некои луѓе шиткаа национални богатства како да им се дадени од дедовците нивни...
Ова е дефинитивно првиот ваков потег во Македонија и слободно можеме да го означиме како првиот чекор кон падот на комунизмот, кој нажалост, скоро 20 години по падот на "железната завеса" сеуште вирее (и тоа како вирее) во слободна Македонија.
Кај и да е, се ближи неукоста на овците македонски (како што не нарекува конкрит) и конечно ќе можеме да видиме кој и како ја распродал Македонија преку двете најголеми капитални објекти (ОКТА и ЕСМ), па да се надеваме дека народот ќе донесе радикална мерка!

Купопродажниот договор за ЕСМ на Интернет
Купопродажниот договор за "ЕСМ Дистрибуција" денеска претпладне ќе се најде на Интернет страницата на Влада (њњњ.гов.мк), го пренесе вчера владиниот став портпаролот Ивица Боцевски. Обврската за доверливост на договорот била истечена, но Боцевски не прецизираше кој датум е наведен во договорот.
"Деновиве ЕВН и се обрати на Владата со барање да му се вратат 22,5 милиони евра, бидејќи ревизорскиот извештај, направен по продажбата, покажал дека ЕСМ била во полоша финансиска состојба од онаа што им била презентирана на Австријците во тендерската постапка. Односно, во договорот, потпишан во предизборниот период од Владата на СДСМ, ДУИ и ЛДП, се предвидува продавачот да врати 10 отсто доколку постои разлика меѓу вредноста на компанијата, проценета од ЕВН при нивната длабинска анализа, и конечната цена, утврдена од ревизорот по потпишувањето на купопродажниот договор", изјави вчера Боцевски, дополнувајќи дека Владата ќе ги исполни своите обврски кон ЕВН.
На новинарските прашања дали ова е реваншизам кон ЕВН и дали со ова го бркаат инвеститорот од земјава, Боцевски одговори дека Владата има партнерски однос со сите присутни инвеститори, а темелното спроведување на принципите на правна држава е позитивен сигнал за сите странски инвеститори кои сакаат да вложат во Македонија. Портпаролот најави и активирање на банкарските гаранции, предвидени во купопродажниот договор, доколку надлежните служби докажат дека ЕВН во првата година не инвестирал 35,5 милиони евра во ЕСМ. ЕВН ќе плаќа дневни пенали и за 90 дена задоцнето предавање на завршниот извештај за работењето на компанијата. (Т.Ј.)
***
Владата ќе го објави и договорот за "Окта"
Владини извори тврдат дека се испитува можноста за објавување на купопродажниот договор за "Окта", заедно со сите анекси и документи. Доколку правниците утврдат дека обврските за доверливост на овој договор се изминати, документите ќе се стават на Интернет страницата на Владата.