- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Мирослава Симоновска
„Шпиц“ 15.05.2010
2010 е ребус од 2001
„Шпиц“ 15.05.2010
2010 е ребус од 2001
Се сеќавам на 2001. Недела време носев една иста маица и не одев во училиште. Се` дома, ни беше спакувано во куфери. Претсобјето – резервоар на паштети. Ќе бегавме, ко демек. Барем јас и брат ми. Девет години подоцна, не ми текнува да мрднам од пред телевизор. Таму, ја имам „војната“на видик.
Во моментов класичен воен конфликт не постои. Но, само наивен сателит би поверувал дека живееме во слога, Југомагнат, братство и единство. Е, како не, ќе рече некој! Законите си функционираат совршено, по тек и пропис... Нема да се согласам. За мене, напредокот на албанско – македонскиот соживот, не е во достигнувањето определен број на жители, ниту во пратениците што седнаа во Собрание, ако тоа не донесе напредок во нашите глави. А очигледно не донесе.
Во маало, никој не ја посетува продавничката на Албанецот, условно земено ќечето е симбол за УЧК, а името „шќиптар“ се` уште не го доби посакуваното топло значење и предизвикува револт кај албанското население. За споредба, во 1947 година, на телевизија излегува вест со следниов текст: „Македонците, Албанците, Турците и Власите излегоа масовно на избори. Стари, млади, мажи и жени, гласаа за кандидатите на народниот фронт“. Можете да го погледнете видеото на оваа адреса http://youtube.com/watch?v=EU2uiu8uxkQ.
Што се смени оттогаш, па денес овој збор да е проблематичен? Се смени бојата во нашите гласови, омразата и национализмот од двете страни. Од македонска уста не излегуваат ни пет збора на албански, а да биде иронијата поголема, тоа го сметаме за „патриотизам“. Има соживот, само во населбите каде го имало пред 2001. ДУИ никогаш порано немале полош рејтинг, европската заедница вришти, а за премиерот „се` е под контрола“.
Сево ова, како и стагнирањето во процесот за решавање на името, доведува до тензичност и протести. А на протести – кому иде... Се` може да се каже без никаква одговорност. И УЧК, и нереални барања, и закани, буквално се`! Ама кога ќе му се стапне некому на плускавец, да не речам жуљ, самоконтролата е лукзуз. Соживот – да, на хартија. Дали е 2010 е ребус од 2001?
Прашањата за етнички соживот се отворале и порано во специфични периоди, особено тогаш кога жежело под нозе. Се случуваа тепачки меѓу деца на скопското лизгалиште, шверцувано оружје експедитивно се запленуваше... Пред и по овие настани, никој не ја спомнува ни буквата „е“ од етничност, ама затоа кога се работи за античноста, тука ни реферати не може да ја соберат демагогијата. Џамијата на плоштадот, која се предлага од Исламската верска заедница, е логично барање и логичен след на настаните. Само што, не се предвиде состојбата и текот на настаните од претходно.
Секако, за мене е сосема глупав аргументот дека нешто треба да се гради, само затоа што порано го имало на определено место. Ако одиме по тој редослед, на почетокот немало ништо. Но сепак, во случај подетално го анализираме прашањето за неградење исламски верски објект, ќе ги осетиме предрасудите толку длабоко, што може и да заболи. Тогаш клучното прашање ќе биде: Може ли да си жител на Македонија, ако не си христијанин?
Политичките структури во владејачката коалиција се многу различни и се разидуваат. Дали е етничноста една од причините, размислете самите. Па во ваква состојба државата не ни може да почне да го решава проблемот со името, зашто кога имаш проблем дома, тогаш не си доволно способен и флексибилен за да бараш компромис. Не оти се помачија многу околу компромисот, ама ете, сега и во теорија состојбата е таа. Имаме време ние, колку сакаш!
Властите имаат одговорност пред народот, да објаснат и да дадат подетални информации за последниот случај во селото Радуша, кога шверцувано оружје беше запленето кај Албанци. Дали сето ова е добро изрежиран дел од книгата „Војна и мир“ кој ни самиот Достоевски не би можел подобро да го наслика, со цел да замижиме пред оние работи кои вистински ни го поматуваат видот и не боцкаат – допрва ќе видиме. До тогаш, ќе се правиме дека сме ги заборавиле преговорите за името.