Колку сончање е здраво без последици?

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И од Докторс мене ми врши работа, има едно со каротен ама му го заборавив името, пред 10 години го користев ама одеднаш почна да ми развива алергија, може ми се јави осетливост на каротенот.

Инаку какво 30 не зезај, тоа е само за до по леб идење :icon_lol:
Поради тие алергии користам органски. Поскапи се ама имаат ефект. Повеќето кога избираат да купат гледаат само фактор на заштита, арома и што пониска цена, а уствари други работи се поважни.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Благодарам за вашите мислења. Точно е дека "одење на одмор" е балканска работа, веројатно наследено од социјализмот кога нашите дедовци и баби или родители секое лето иделе на одмор низ Југославија ;) не сум сигурен, исправете ме.

Сончање сакам пред се бидејќи ме опушта. Работам со седење на компјутер затворен во 6 ѕида 8 часа на ден. Сакам бар што се вика, 2 саати да ги истерам на лежалка со пијалак и да се опуштам, со видик кон небото и по можност згодни женски :)

Скопските базени ќе завршат работа. Но не сакам да се оштетам без потреба ;)

Ако добро разбрав, сончање 10-15 минути 3-4 пати во неделата е доволно за да се створи потребниот Д-витамин. ;)

https://en.m.wikipedia.org/wiki/Health_effects_of_sunlight_exposure
https://www.epa.gov/sunsafety/uv-index-scale-1

Дали знаете на кој базен одат згодни женски? ;)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Па нормално дека не се, имаат различен состав и кај некои нема многу разлика од 30 и 50, ама пак не се осмелувам да земам 30
Освен фактор на заштита си гледате и состав. Добра е оваа.

Прегледај го приврзокот 193897
Не ме разбра, зборот ми беше дека тоа што го имаат напишано не го нудат, едно рекламираат и пишуваат, а друго има во него.
Инаку немам проблем јас со ова, дури и со најфушарски да се мачкам нема да изгорам, брзо потемнувам, а додуша и не се осудувам на многу жешко да се сончам.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.392
Поени од реакции
7.326
Со домашно кантарионово масло се мачкам, во него има и лаванда. :D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не ме разбра, зборот ми беше дека тоа што го имаат напишано не го нудат, едно рекламираат и пишуваат, а друго има во него.
Инаку немам проблем јас со ова, дури и со најфушарски да се мачкам нема да изгорам, брзо потемнувам, а додуша и не се осудувам на многу жешко да се сончам.
Тоа на сликата ептен штити и има ефект, затоа пишав има разлика во составот и не може да се исти тие од 5 евра и оние од 25 евра. Од оние поевтините и 50 не ми помага и може и 30 да е. Го потрошив ова што ги имам и вчера ставив едно изгледа купено е од дм фактор 50 и плус за чувствителна кожа и жив изгорев на нозете. Никаква заштита.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom