Curious
пичкин дим
- Член од
- 24 јули 2007
- Мислења
- 1.652
- Поени од реакции
- 1.899
Живееме во време на дигитална револуција. Интернетот, компјутерите и новите комуникациски технологии го менуваат светот. Гледаме како интернетот помага да се срушат влади и диктатури, како на пример арапската пролет, како злоделата на војниците излегуваат на виделина преку сајтови како викиликс, како целокупното знаење на човештвото е на само неколку клика од сите оние кои не можат да си дозволат да плаќаат за формално образование....
Едно е сигурно, интернетот им носи моќ на малите луѓе, а тоа очигледно не им одговара на оние што владеат со светот.
Ги видовме сите оние обиди се протнат на сила, без согласност на јавноста, законите од типот на АКТА и СОПА; законот што беше донесен во Франција каде ако три пати корисникот биде фатен како спушта пиратерија, ќе биде трајно исклучен од интернет, обидите да се блокираат сајтови како piratebay во UK.... а да не зборувам за The Great Firewall of China и на неговите екваленти околку светот итн.
Во четврток Обединетите Нации изгласаа резолуција со која го прогласуваат интернетот за човеково право. Линк. Линк 2
Покрај сите оние придобивки интернетот, таков каков што е има и свои маани.
Моделот на авторски права е сериозно загрозен. Протокот на информации ги доведува оперативците на терен во опасност. Нашата приватност на интернет е доведена во прашање.
Каков е вашиот став?
Дали интернетот треба да биде човеково право? Дали треба да биде нецензуриран? До каде се границите? Колку слободна треба да биде информацијата?
Што е со авторските права, како би можеле да се заштитат во ова ново дигитално доба, ако воопшто треба и да постојат во иднина?
Што е со нашиот прединтернетовски концепт на приватност што се редефинира подемот на социјалните мрежи?