Колку се важни гостувањата за еден навивач

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Вистинскиот навивач ги одработува скоро сите гостувања, освен кога навистина е спречен. Краток или долг пат, важен или неважен натпревар, тој никогаш не ги бира гостувањата, едноставно било кога, било каде е со клубот. Тој посебно не избегнува натпревари кои претходно се означени како натпревари со висок ризик, не се дели од групата и ги почитува правилата на групата.Гостувањата се еден од најважните сегменти во навивачкиот живот и оној кој не го прати својот клуб и на гости никако не може да се смета за навивач. Еден навивач не е комплетен ако не иде на гостувања.

Мал вовед во врска со темава, се надевам ќе има и добра дисксија :)

Колку сте спремни да одвоите време, цел ден да го потрошите за тој натпревар, финансии итн. за да го следите вашиот клуб. Со што најмногу сакате да патувате? (воз,автобус,комбе,кола..) Колку сте свесни за ризикот на одредени гостувања од можни "напади" на домашната навивачка група, кое е вашето најинтересно, незаборавно гостување во Македонија и надовр од неа. Како се спремате за едно гостување и како ви поминува времето додека патувате.

Дали сте спремни на шверц или автостоп па и пешки да тргнете само да стигнете на едно гостување, :D колку се значајни гостувањата за вас, колку е битно едно гостување за вас пред се.

Кратко и јасно во глобала тоа е тоа :) Споделете ваши случки и незаборавни моменти, кое е вашето прво гостување. задржете се на она погоре :) Слободно ставајте и ваши слики од некои ваши интересни гостувања :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 149.jpg
Не е баш за темава,ама имам желба да ве потсетам-да ви кажам како беше во Скопје
кога играше Вардар,во 50-60 години од минатиот век, со оваа фотографија од едно дерби тогашно со екипа од големата четворка, но така беше и со други екипи,па дури и Вардар кога беше во Втора лига беше истото,(а кога сакаше влегуваше во Прва лига)
Во Скопје тогаш имаше 100.000 велесипеди,незнам кој ги изброа за толку,но вие може да ги изброите овие на сликава.Сите патишта во недела попладне водеа кон градскиот стадион,оној старион,ако некој го памети со 20-25.000 капацитет. Е тогаш да имаше капацитет за 100.000 ќе се наполнеше. Многу доваѓаа се сеќавам за кога ќе гостуваа Звезда и Партизан и од сите градови од Македонија. Река народ можеше да се види по плоштадот,и на малион мост кај сајмиштето.
А сега до каде стигна состојбата,ни за наша репрезентација не може 25.000 да наполниме.
Се сеќавам уште дека и некои утакмици сум ги гледал буквално на една нога,а некои под дожд цело време.Најаки сепак беа дербите за влез во Втора лига. Сите високи дрва што сега ги нема,а се наоѓаа во кампингот позади северна трибина беа исто така полни со гледачи,како и горе на Калето. Неможам да ја најдам таа фотографија.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Гостувањата од висок ризик, не само што не ги избегнува вистинскиот навивач туку и со срце ги чека :)

Јас, како што знаете навивам за клуб кој е на 442 километри од мене, така да ќе го раскажам најинтересното одење до Белград, не е гостување но сепак се работи за доста голем пат па сметам дека е во ред ако тоа го употребам.

Црвена звезда - Уникс Казан (баскет). Се нема пари, што ќе праиме, идеме стандард шема воз/авто стоп. Ранецот пунење со сендвичи, купување цигари, шише вода и на пут.

Јас и другар, фаќаме возот кој трга од Скопје во 8:20 накај Белград, плаќаме карта до Табановце која чини 130 денари. Стигаме на граница, каде што се симиња нашиот контролор а се качува српскиот кој нормално ни побара карта. Викаме:„Шефе карта немаме, ни киднаа другарите дојде до недоразбирање, ако може до Дољевац(пред Лесковац место) да не пуштите имаме 5 евра, касниме на утакмица.“ Ајде вика може. И така си патуваме, се смееме, пушиме цигари, лепиме налепници и стигнавме у Дољевац. Е сега, за да отидеш од железничката во Дољевац до наплатната рампа, треба да поминеш една нива, која имаше толку многу кал, што по поминувањето на истата имав 3 кила кал на патиките и пола саат се чистевме на автопат не гледаат тоа работниците се чудат. А заборавив да кажам дека полагав утредента, па некои есеи што требаше да ги однесам ми послужија како хартија со која ги забришав патиките. Имавме среќа на Дољевац ни застана одма кола(што е премија бидејќи најчесто застануваат камиони), Дачиа беше си шибаше 150 стигнавме уште во 4 саат во Белград, утакмицата се играше од 7. Што ќе праиме, ајде до Маракана ќе лепиме налепници, па јадеме „кај пиците“ многу се јаки ако идете мора да пробате, и полека пешки до Пионир (околу саат ипол одење). Е сеа карти немаме, па најдовме од еден другар некои фалцови, со кои не фатија на врата бидејќи у Србија имаат бар-кодови картите не знам за Македонија, али на муабет из Скопља смо едно друго не пуштија, и други членови ургираа да не пуштат. Навивање добро, имаше тепавме, од 10 разлика се вративме и тепавме 15 ми се чини.

На враќање фаќаме градски автобус кој не носи до Аутокоманда, од таму некој приградски до Бубањ Поток(наплатна пред Бг), каде што стопиравме 3 саати никој неќеше да застане, во дефицит со пари, останатите што беа од провинција членови ни купија цигари, јадење, сокови итн. И пошто не можевме да начекаме превоз до Скопје не качи некој лик до Ниш, само овојпат мене, другар ми, и еден од Србија кој требаше на гости да ни дојде. Дур се возевме ни текна дека можеме да го фатиме возот кој тргнал од Белград, во Ниш. Го замоливме до железничка у Ниш да не однесе, и тачно на време го фативме возот, само проблемот е што јас и другар ми имаме по 0 денари, само Србинов што требаше да дојде имаше 500 динари, што се 300 денари. Значи сакавме да се возиме до граница за 100че :D. Арно ама, со натегање, натака навака не пушти и така стигнавме на граница, и влага нашиов кондуктер нејќе да чуе за беспари да се возиме, вика:„Куманово, да сте се симнале.“ Нормално не се симињаме, ама и си имавме едно пендраче со кое си игравме па одлучи да не пушти имак до Скопје. :D

Така, не отидов на испитот кој ми беше од 11 саат, а се вративме во 8 и нешто во Скопје, едноставно многу ми се спиеше. Имам уште едно поинтересно автостоперско искуство, али не сакам да го раскажувам ем е предолго ем не ми е во убаво сеќавање бидејќи не влегов на таа утакмица, и се измалтретирав за назад.

Значи на прашањето коклу сте спремни да направите за својот клуб, одговорот е СЕ. Со секаков вид на превоз сум бил, воз, кола, комбе, бус, авто стоп... А најубаво гостовање во права смисла на зборот мислам дека ќе ми биде во сабота кога играме со Смедерево кај нив :D Има аква парк во Смедерево :icon_lol:
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
^ Се разбира, не е гостување бидејќи си навивач на Звезда, Маракана или салата во која игра Звезда претставува твојот "дом", но сепак како што сам велиш се работи за долг пат, доста интересно и убаво си се снашол, убаво си ја опишал големата желба и што се си направил само да одиш на тој натпревар, тоа е значењето на едно гостување :) (y)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Да се разбериме,кај нас за гостување ти треба дозвола од УЌУМАТОТ за да гостуваш било каде...(макар и кога се работи за гостување во сопствениот град:D )...
Да не не чуди зошто на дерби имаме преку 1000 луѓе,а на грото гостувања по 50-100 најзагрозени(претежно помлада популација)....
Кога ќе остават да имаме гостувања без да воведуваат вакви смешни забрани,без да има смешни притисоци врз водствата на групите,без да се делат деликтите направени на спортски меч на ДЕЛКТИ НАПРАВЕНИ ОД ЕТНИКУМОТ И ДЕЛИКТИ НАПРАВЕНИ ОД ОБИЧЕН СМРТНИК тогаш ќе прајме муабет за тоа колку е важно гостувањето за еден навивач...
Дотогаш џабе ќе дискутираме....а дотагаш не ги делете луѓето на навивачи кои навистина го сакаат клубот и на навивачи кои не одат на сите гостувања од една проста причина шо СО ВАКВА ПОЛИЦИЈА,во ваква држава НЕ ВРЕДИ ДА ОДИШ НА ГОСТУВАЊА....
Кога ќе се создадат нормални услови за чоек да гостува било каде во оваа држава,тогаш ќе прајме муабет кој навистина го сака клубот..:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom