Колку им верувате на луѓето околу вас?

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Од каде толку сигурен дека се најдобрите??

Колку се тие најдобри,колку можат да бидат...има лимит?
Епа знам.... ја стекнале мојата доверба, со текот на годините докажаа дека тие се луѓето на кои можам потполно да им верувам и да сметам на нив во секое време...па подобро да најдеш и ти такви за на крајот да не останеш зае*ан и сам.
 
B

Black Guard

Гостин
Епа знам.... ја стекнале мојата доверба, со текот на годините докажаа дека тие се луѓето на кои можам потполно да им верувам и да сметам на нив во секое време...па подобро да најдеш и ти такви за на крајот да не останеш зае*ан и сам.
Колку години,како докажаа со дела или зборови а можеби и двете.

Не се нервирај за мене имам јас неколку но доволно.
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Уште малку па ич.
Секој може лесно да ја стекне мојата доверба. Ќе им верувам и оп бууууум, прават нешто крајно глупо. И тоа повеќето од моето опкружување.
Па како да им верувам на луѓето ај, коа скоро од сите се разочарав.
 
B

Black Guard

Гостин
Уште малку па ич.
Секој може лесно да ја стекне мојата доверба..
Тоа ти е проблемот-довербата НАЈТЕШКО се стекнува и тоа со ДЕЛА,а најлесно се губи и со дела и зборови.

Не се разочарувај-не барем од човекот бидејќи по природа не е злонамерен,злото доаѓа од општествените наметнати правила и норми кои се злоупотребуваат(кога не би биле злоупотребени не би можеле да речеме дека тие правила се извор на злото),затоа претпазливо и имај на ум ако си изгубил верба во неколку луѓе не треба да ја изгубиш вербата во човекот-има луѓе со доблест.
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Во текот на изминативе две-три години се повеќе ми се стеснуваше кругот на луѓе во кој имав максимална доверба.Многу е непријатно чувството кога на некого постојано си посветен и му веруваш,за на крај да сфатиш дека време наназад нема реципроцитет. Сега на една рака можам да ги набројам тие кои ја заслужиле мојата доверба вклучувајќи ги и моите најблиски дома. Битно ми е да знам дека им верувам затоа што ме окуражува помислата дека секогаш можам да споделам со некој нешто што знам дека нема да излезе од таму...ми докажале, што според мене е најбитно што не останало само на празен муабет затоа и заслужно останале тука.Не викам дека не може нешто да се смени гаранција немам,времето ќе покаже,но сепак искуствата ме научиле да бирам и да внимавам.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Колку години,како докажаа со дела или зборови а можеби и двете.

Не се нервирај за мене имам јас неколку но доволно.
Неколку години, и се разбира најважно е да се докажат со дела, џабе се зборовите, а понекогаш и ништо не значат.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Пројдева днови кд веруеше на много..имам си 5-6 човека у опкружење кои стварно ме знаев и пратив што ми се дешава.И с'с други имам муабет и све ама потпуно поверење не.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
320
Поени од реакции
225
Prijatelstvoto koga kje prestane... toa znachi deka i ne postoelo - nema potreba da veruvam vo ova , znam deka e taka... koga neshto se pojavuva a potoa ischeznuva - nemalo trajna vrednost, tuku lazhna...
 
C

Creating.

Гостин
Пред да се доверам некому прво што правам е испитувам за каква личност всушност се работи. Потоа, самиот проценувам дали тој/таа ја заслужува довербата и верувањето. Сум имал случаеви кога од старт не сум му поверувал на човека, но имало и ситуации кога за мошне краток период започнувам да им верувам.
 

SteamyLover

beautiful tango
Член од
24 октомври 2012
Мислења
202
Поени од реакции
554
Како што одминува времето се помалце им верувам на луѓето. Имало случаеви каде што сум им верувала максимално и на крај излегле сосема други личности. Некогаш и да сакаш да веруваш, не можеш.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Само во Господ верувам, другите ги проверувам. Можам евентуално на моите дома да се потпрам и тоа е тоа.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Зависно од тоа кој колку си заслужил....100% не верувам на никој!
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
61
Нa никого не верувaм и никогaш немa дa поверувaм. Не постои искрен човек, ниту добaр човек. Секој гледa првa приликa дa му пaдне дa те зезне нa било кaков нaчин. Емоционaлно, мaтеријaлно, било кaко...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom