Колку е чист воздухот во РМ

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не е дека Скопје има прекрасен чист воздух во пролет, лето и есен, но загадувањето е неспоредливо помало од тоа во зимата.
Ако добро ме држи сеќавањето, а ме држи зошто во летните периоди исто воздухот во Скопје преминува над нормала во загаденост?
И второ прашање во врска со греењето на дрва, зошто во Велес 40 години воздухот беше загаден над нормалата секој ден?
Трето прашање, зошто во Кавадарци загадувањето е над нормала во текот на цела година?

Зошто Делчево не е загадено сите се грејат на дрва? Зошто да речеме таа загаденост ја нема Кочани?
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Вчера го прочитав апелот на Коце да не излегуваат надвор и да не проветруваат граѓаните. Чим Скопје ја надминал границата, Велес, Куманово и Тетово се исто над граница. Кавадарци последните години е исто многу загаден.

Би сакала Коце да го прашам што направил во врска со загадувањето? Дали можеби градските автобуси кои се со лиценца за пренос на патници низ град Скопје му се со еур 3 или еур 5? Или можеби има 50тина нули? Дали можеби ненајавено пратил инспекција во фабриките? Или со претходна најава стасуваат инспектори за мерење на квалитет на филтри? Дали Коце не даде дозвола за сечење на Водно и градење пат, плус и ресторант? Дали Коце не даде дозвола на Андора и сличните како него за градење згради на Водно? Дали можеби Коце има мерки со кои ја одржува чистотата во Скопје, затворени контејнери и рециклажни складови? Дали возилата на јавните претпријатија, камионите и тешката механизација се еур 4 можеби? Дали можеби направил проверка на тешките возила на Бетон и Гранит кој еур се? Дали вовел систем за греење на гас? Дали го регулирал сообраќајот? Дали некој нешто направил во оваа држава да има чист воздух? И после секој втор има рак? Зошто да нема.

Коцка, затвори го џамот и не проветрувај, чекај да помине загадувањето. Немојте за услови за живот да обвинувате народ. Немојте.

ПЛУС:

Полoвните возила од ЕУ, што ги увезуваат и проадаваат за џабе пари...:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ПЛУС:

Полoвните возила од ЕУ, што ги увезуваат и проадаваат за џабе пари...:)
За нив @valvoline е експерт нека каже дали е дозволено под еур 3 да се увезе возило? Мислам дека имаше некое правило за нив.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Еве гратис уште еден причинител за загадување, пестицид
Скопје лежи на 10.000 тони отров - надлежните спијат. Сите зборуваат за прашината, а линданот од ОХИС не' отру
Вредноста на линдан во воздухот во Скопје е од 1.700 до 3.000 пикограми на кубен метар, за разлика од Лазарополе каде што е помала од 100
Сања Наумовска
Скопскиот воздух не е загаден само со прашина, туку и со испарувања од несоодветно складираниот опасен отпад на линдан во фабриката ОХИС. Според професорот на Институтот за хемија, Трајче Стафилов овој загадувач е неоправдано игнориран, бидејќи последиците од него се катастрофални за здравјето на луѓето. Инсектицидот, кој веќе неколку децении е забранет во огромен број држави во светот, се' уште се наоѓа во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Еколошката бомба која е број еден на листата на жешките точки во нашата земја, може да биде причинител на голем број болести што ги мачат скопјани.
Не ми се верува што прочитав. Како е можно ваква хемикалија да се дозволи да испарува во лето и во зима и да не биде соодветно складирана. Убаво си кажа еден човек на ТВ. Во нормална земја за вакво загадување градоначалникот за два часа ќе го уапсеа за непреземање мерки.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.819
...нивото на загадување било на граница, па штом греењето во домаќинствата предизвикува толкав проблем.
Ајде малку поозбилно. :)
Не е дека летово се шетавме со гас маски, и сега наеднаш вагата ја превагна „малку„ загадување од неколку десетина илјади оџаци (конзервативна проценка). Загадувањето од греење со дрва и отпад е најголемиот фактор.

Загадувањето не е заради тоа што луѓето се греат на дрва како евтин енергенс, загадувањето е заради тоа што се користат неефикасни печки кои имаат неефикасно и нецелосно согорување.
Не му налагам јас на никој да гради ефикасни печки, јас само покажав дека за многу евтини пари постои многу еколошко и многу ефикасно решение. Има и други добри решенија.
Крајно време е државата (и општината/градот) да наложи што да се прави по тоа прашање, преку закони и регулации за греење на дрва. И најстрого да се забрани горење на отпад. Не ме интересира кој колку е сиромашен, за мене горење на отпад и ѓубре е еднакво на нанесување телесна повреда или убиство, нешто што не смее да се толерира без разлика што некој го прави тоа „заради сиромаштија„.


Најмалку сакам да го бранам буљашот што е актуелен градоначалник, ниту тој ниту никој пред него не си ја врши работата како што треба.

А да не зборам на празно еве што сметам дека треба да се направи:
- да се донесе регулација за минимум дозволена концентрација на честици од оџак, нешто што може да се мери. Притоа државата да субвенционира изведби и материјали за некое техничко решение со ниво на ефикасност и незагадување, како тоа што јас го покажав.
- да се среди јавниот сообраќај, да се воведеат тролејбуси како едиствено економски можно, а еколошко решение.
- да се направат вистински велосипедски патеки, наместо смешните линии врз кои се паркираат автомобили, на кои се поставуваат огромни рекламни панели, и кои се делат со пешаци и автобуски постојки. Нема потреба да се измислува топла вода, нека видат како тоа е направено таму каде што се средени тие работи.
- кога ќе се средат предходните два услови, да се воведат изгор скапи такси и давачки за возење кола во целото централно градско подрачје (од почеток на Ѓорче до крај на Лисиче/Драчево, од друга страна цело Водно до крајот на Радишани.
- да се релоцираат СИТЕ индустрии што испуштаат чад, во индустриски зони надвор од градот.

Од сето ова горе најлесно може да се регулира чадот од домаќинствата, и велосипедските патеки. Другите услови, исто така се решаваат со цврста волја.
Но не се решаваат зошто гласачкото тело е воглавно проста раја, која не знае да си ги бара правата. Затоа и ни се случува ова што се случува, и ни мачкаат очи со ретардирани препораки од видот „седете дома и не проветрувајте простории„.
Барем да би објаснат како да го надополнуваме нивото на кислород дома, чим веќе не ни делат боци со кислород. ;)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.819
Ако добро ме држи сеќавањето, а ме држи зошто во летните периоди исто воздухот во Скопје преминува над нормала во загаденост?
И второ прашање во врска со греењето на дрва, зошто во Велес 40 години воздухот беше загаден над нормалата секој ден?
Трето прашање, зошто во Кавадарци загадувањето е над нормала во текот на цела година?

Зошто Делчево не е загадено сите се грејат на дрва? Зошто да речеме таа загаденост ја нема Кочани?
Географија и метереологија?
Скопје е во котлина, за Кавадарци и Кочани не знам точно (а пошто ме мрзи да барам, нека кажат кавадарчани и кочанчани). Големо влијание на стварањето на смог имаат јачината и фрекфентноста на воздушните струења. Во Скопје веќе неколку денови имаме 0км/ч, еве тек сега утрово има слабо ветре од 3км/ч.


Инаку ти озбилно во Скопје го споредуваш загадувањето во лето со тоа во зима??!?
Не зафркавај сега и ти, како што кажаа претходно, сега можеш смогов со нож да го сечеш. Не ги бранам (неспособните) власти, туку ви укажувам дека немате претстава колкав проблем е греењето на дрва и горењето на отпад.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Географија и метереологија?
Скопје е во котлина, за Кавадарци и Кочани не знам точно (а пошто ме мрзи да барам, нека кажат кавадарчани и кочанчани). Големо влијание на стварањето на смог имаат јачината и фрекфентноста на воздушните струења. Во Скопје веќе неколку денови имаме 0км/ч, еве тек сега утрово има слабо ветре од 3км/ч.


Инаку ти озбилно во Скопје го споредуваш загадувањето во лето со тоа во зима??!?
Не зафркавај сега и ти, како што кажаа претходно, сега можеш смогов со нож да го сечеш. Не ги бранам (неспособните) власти, туку ви укажувам дека немате претстава колкав проблем е греењето на дрва и горењето на отпад.
Значи Кавадарчани на дрва се греат сите годишни времиња, зошто Фени не ги загадува сам.
Фени е обврзан на филтри, колку му вршат инспекции кажува воздухот во Кавадарци.

Инаку озбилно го споредувам загадувањето во лето, зошто е над нормала. А се што е над нормала претставува високо загадување. Секако се труеш ми е муабетот.
Имаат очигледно влијание и дрвата за греење, али во Скопје воздухот ни во лето не е подобар. Затоа показалецот од народот префрли го кон кој тој што е одговорен за цела година да си во нормална зона за дишење.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.819
Сега погледнав надвор, се осеќа промена со ветрево што дува. 3км/ч е слабо струење а прави промена. Еве и мерења од мерниот центар во Карпош:
Еве доле мерења за вчера, во 13ч биле измерени ~280ug/m3, денес во 13ч 210ug/m3 и како што продолжува да дува макар и слаб ветар, се намалува и концентрацијата на пм10 и воздушното загадување воопшто.​


Јасно се гледа, навечер се ложат печките со дрва (или разен отпад) и концентрацијата на пм10 рипа до 02ч. кога истата се намалува (пошто луѓето спијат и никој не ги ложи печките). Потоа тие што не одат наутро на работа ги палат/ложат печките накај 11ч но правиот скок во загадување е од 16 до 19ч кога сите (што се греат на дрва) се дома и ги палат печките.​
Потоа загадувањето расте до 02-03 навечер, по што опаѓа (повторно пошто сите спијат и нема кој да пали дрва).​
Ви велам, греењето на дрва (со неефикасни печки) е најголемиот загадувач во градов.​
--- надополнето: 15 декември 2013 во 13:40 ---
Инаку озбилно го споредувам загадувањето во лето, зошто е над нормала. А се што е над нормала претставува високо загадување. Секако се труеш ми е муабетот.
Имаат очигледно влијание и дрвата за греење, али во Скопје воздухот ни во лето не е подобар. Затоа показалецот од народот префрли го кон кој тој што е одговорен за цела година да си во нормална зона за дишење.
Прво, Коце е неспособен буљаш. И Владата не е ништо поспособна.
ОК? Го расчистивме тоа?

Ај сега заеби политика, и да се вратиме на фактите.


Ова ти е од Август годинава, провери и сама на сајтот ги имаат архивите:​
(Карпош, дневни мерења, датум)​
Скокот во загадување е кога одат луѓето на работа и се стартуваат погоните од фабриките. Врвот е на 74ug/m3 во тој ден од Август, а инаку просекот е некаде окулу 30ug/m3.​
Ќе се согласиме ли дека 30ug/m3 и 300ug/m3 е ОГРОМНА разлика? ;)
(всушност полошо е, врвот од синоќа на полноќ е цели 600ug/m3)​
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прво, Коце е неспособен буљаш. И Владата не е ништо поспособна.
ОК? Го расчистивме тоа?

Ај сега заеби политика, и да се вратиме на фактите.


Ова ти е од Август годинава, провери и сама на сајтот ги имаат архивите:​
(Карпош, дневни мерења, датум)​
Скокот во загадување е кога одат луѓето на работа и се стартуваат погоните од фабриките. Врвот е на 74ug/m3 во тој ден од Август, а инаку просекот е некаде окулу 30ug/m3.​
Ќе се согласиме ли дека 30ug/m3 и 300ug/m3 е ОГРОМНА разлика? ;)
(всушност полошо е, врвот од синоќа на полноќ е цели 600ug/m3)​
Фактите велат вака: Во јуни од 10.06 до 19.06 загадувањето е над 200уг/м3. На 28.06 во Миладиновци е 370 уг/м3. Ќе се согласиш ли дека и во лето е загадено и нема огромна разлика?

Врв имаш и во јули на втори.Имаш и во Август. Септември е исто загаден. Октомври.Речиси исто се јавува во Февруари, Април, и Мај. Пикови како декември имаш низ цела година. Инаку цела година е речиси над 200уг/м3.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.819
Фактите велат вака: Во јуни од 10.06 до 19.06 загадувањето е над 200уг/м3. На 28.06 во Миладиновци е 370 уг/м3. Ќе се согласиш ли дека и во лето е загадено и нема огромна разлика?

...Пикови.... како декември имаш низ цела година. Инаку цела година е речиси над 200уг/м3.
Леандра навистина не знам што гледаш ти, ама еве што гледам јас:
Јуни во Карпош:



Јуни во Миладиновци:


Дали го гледаш истиот сајт?
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=4


Во Карпош нема поголем врв од 95 ug/m за пм10 цел Јуни. Што ама баш ИЧ не е слично со врвот од 600ug/m, синоќа на полноќ.

Во Миладиновци е генерално почисто од било каде во централно градско подрачје, освен во периоди кога рипа над 300ug/m за пм10. Да пиковите се сериозни, ама генерално е многу почисто од Скопје. Јас одма би го мењал тој воздух за овој, кога би било можно.

Нема друго можно објаснување за неколку пати поголемото загадување, освен греењето на дрва и отпад (и греењето на други фосилни горива, минус гас).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Политичарите собираат поени...
Политичките партии ќе организирале протести
Се препорачува....Не излегувајте... Не дишете... Не загадувајте..
Ама вистината е прозаична...
Еве што јави Алфа ТВ - Новите мобилни апарати што треба да се инсталлираат од вторник треба да дадат прецизни податоци за загадувачите
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=67965#.Uq3NJdJDtVU
Значи до вторник - придржувајте се до моите препораки - не им верувајте на политичарите
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Македонија бадијала потрошила милиони на проекти од европските фондови. Предлози за сезона есен-зима 2015
Пакистанско со двојна намена, кремаста боја. Smoke free stove, чини 58 уса центи
Roma Juma makes tea for guests using her smoke-free stove.
Уганда семеен модел
Uganda Stoves Saving Fuel and Forests
Mama Namu and her more efficient charcoal stove.
Раста-штедлива рингла, eco friendly, energy class A+​
Jamaican Hi-Tech Stove.

Во swot анализите на локалните акциони планови ЛЕАП и ЛЕАП 2 за Скопје може да се прочитаат слабостите и потенцијалите
 
Член од
4 март 2013
Мислења
147
Поени од реакции
134
Значи ова го пласираат намерно без везе за да ве ги заслепи очите што друго се праи (само не ми е јасно како не сфативте до сега) ова е мачкина кашлица во однос на она другото што го прават само ако , ке им дојде крајот :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Мене ме плашат предупредувањава, не знам како ќе може да се влијае на прочистување на воздухот, но ниту фабриките не ми се верува да се ограничат со работа ниту автомобилите да не возат одреден период.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Зошто Делчево не е загадено сите се грејат на дрва? Зошто да речеме таа загаденост ја нема Кочани?
Делчево и Кочани моментално се во Лисиче, Аеродром, Пјаченца, Фиренца....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom