Колку деца би сакале да имате?

Колку деца би сакале да имате?

  • Вкупно гласачи
    1.142

The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
А ти си му рекол некогаш на татко ти така? Добро некогаш на сите ни текнува, ама во главно ни одговара да живееме да поставуваме цел пред нас и да ја постигнуваме целта

Во главно немањето патики нема да ти остави трауми од детството, немањето внимание и разговор со семејството и полоши работи караници пијанства тепачки ќе остават трауми и во најмала рака лоши сеќавања

секогаш кога се спремаш за некој празник се секираш што ќе облечеме што ќе јадеме,го мериш празникот што иде во пари.... секогаш кога се сеќаваш на празникот се сеќаваш кој бил таму кој што ти рекол, кој како те погледнал дали позитивно или негативно.... го мериш празникот во чувства добро е ако е љубов....
Не сум разговарал со моите на оваа тема, а и нив не ги интересираат многу внуци. Главно ради економската состојба.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Муабетот ми беше дали праша зошто те создал во овие услови.... инаку ептен сум за
ако некој смета дека сака да живее да патува, да ризикува во животот, тогаш да не раѓа деца што би ги запоставил
 
The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
Муабетот ми беше дали праша зошто те создал во овие услови.... инаку ептен сум за
ако некој смета дека сака да живее да патува, да ризикува во животот, тогаш да не раѓа деца што би ги запоставил
Кога моите мене ме создале условите за живот во Македонија биле далеку подобри од овие сегашниве. Тогаш моите живееле во Југославија, имале солидни плати, невработеноста била доста ниска и мислеле дека јас ќе живеам пристојно како што живееле и они.
За жал условите за живеење во Македонија драстично се влошија споредбено со тогаш, сега има невработеност колку што сакаш а платите претежно се движат од 10-12 илјади додека сметките се околу една половина од горенаведената плата. Само поради ова јас несакам да имам дете.
Срцето ќе ми се крши секојпат кога детето мое ќе плаче и ќе сака да му купам некоја играчка или некое чоколатце, а јас нема да можам да си го дозволам тоа поради економската состојба во која што е државава.
 
децата што ги создаваме се наши ама нивните животи не се наши...
не можеш да знаеш каде и како ќе живеат ни да предвидиш

инаку за плачењето има деца во куќата до мене што се одгледани скромно задоволени им се основните потреби, веќе се во годините меѓу основно и средно... многу ми се допаѓа во какви луѓе се претвораат

за моја такозвана мони мислам еден кат од куќа потрошивме на играчки и бесој... едвај ја вратив во колосек толку ја разбеснавме сите.... другото не збесна

а има деца толку се збеснати од се нема што немаат.... не ми се допаѓа во какви луѓе израснуваат
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
најмалку 5 али не дозволува чичко Сем, бетер од кина станавме по стандард и закони :facepalm:
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Значи по мое лично убедување, смешни ми се тие што ја окривуваат моменталната финансиска состојба...
Се работи за себичност бе...
Како не одгледале нашите родители? Јас ни најмалку не сум пораснала во луксузи, не сум носела најмодерна облека, до ден денес имам само една барбика, и 2-3 мечиња, не секогаш сум имала пари да си купам јадење на голем одмор, не сум отишла на екскурзија. Јебига, МИ СЕ СРОНА БИСЕРОТ зарем тоа ме направило тажна? Не, баш сум среќна.....сега сум одмерена и скромна личност. Фала на мама и тато...
Ова е чиста себичност, неподготвеност да се посвети човек, мрзливост...
 
Јас по ова прашање сум меѓу два огна
од една страна да можам здравствено ќе родам 7
од друга страна страшно е, ги разбирам луѓево... ај на здраво дете што нема да му овозможиш се, ќе се скрпиш ќе преживее исто како тебе

ама страотна е ситуацијата ако дојде до болест
јас (јас-жив пример од сите лоши искуства и за ништо добро во животот ништо не знам) ама јас на пример еднаш ми се јави братот и праша дали имам пари или да ми даде, и јас реков имам (немав. имав инает пошто работам и придонесувам во една куќа, мојте деца ќе ги гледаат старците во таа куќа, а кога ќе ми згусне се хранам од друга куќа, неправедно е.)
По недела дена во болница завршив со малото, фати пневмонија, и список со триста нешта што треба да се набават и платат за да преживее. Стресот кога требаше да се јавам и да кажам дека лажев не се заборава. Стресот дали до тој момент може ги потрошил парите што ми ги нудеше исто не се заборава.
Стресот на зима дали ќе ги стоплиш децата почнува од сега. Почна пред две недели. Лесно им е на децата, не го чувствуваат стресот се потпираат на нас. Да не дојде до лошо, нема секаде брат како мојот.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
Значи по мое лично убедување, смешни ми се тие што ја окривуваат моменталната финансиска состојба...
Се работи за себичност бе...
Како не одгледале нашите родители? Јас ни најмалку не сум пораснала во луксузи, не сум носела најмодерна облека, до ден денес имам само една барбика, и 2-3 мечиња, не секогаш сум имала пари да си купам јадење на голем одмор, не сум отишла на екскурзија. Јебига, МИ СЕ СРОНА БИСЕРОТ зарем тоа ме направило тажна? Не, баш сум среќна.....сега сум одмерена и скромна личност. Фала на мама и тато...
Ова е чиста себичност, неподготвеност да се посвети човек, мрзливост...
точно така,има себичност и непромисленост кај поединци,но реалноста е таква со 10-12к плата т.е. вкупно ете и 25 к да носат двајца дома не се баш доволно за безгрижно живеење на трочлена фамилија а камоли 5-6 члена фамилија,ете и дедовците бабите да допринесуваат уште барем со толку за да се функционира успешно

башка шо во нашава ебиветер држава нема никаква сигурност за работниците,секое неидење,каснење на работа ил дуел со шефот или колеги може да значи губење на работно место.............исто да напоменам има доста случки во Битолско каде нашите ценети странски инвеститори кои ќе разберат дека имаат трудна работничка гледат што побрзо да и го заврши или да и го скратат договорот(со убедување и лаги дека ќе ја вратат) со цел да не плаќаат “лежарина“ на девојката која решила да основа фамилија...........
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Ве сфаќам, имате за тоа право.
Сакам да додадам уште, ако живееме со стравот што ќе биде утре - како ќе живееме? Ако се прашуваме тоа, што живот е тоа? Тоа не е живот, не се знае што бидува утре, денес сме на дното, утре може да сме на врвот, и обратно. Ако живееме со пресумпацијата дека животот е крш овде и дека нема иднина, што е причината за нашето постоење тука, во ова време?
Незнам зошто, ама јас ова го поврзувам со она македонското, трпи, не се буни...зарем не е тоа мрзливост, индиферентност?
And more to come....Зошто младината својата неподготвеност и неспособност да се обврзе ја прикриваат со финансиската состојба?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.081
And more to come....Зошто младината својата неподготвеност и неспособност да се обврзе ја прикриваат со финансиската состојба?
А колку од младинава работи и е способна сама да се гледа без работата/пензијата од мама и од тато?
Дали е младината мрза, или едноставно од дома те галат до 40 години, зашто реално така се навикнати скоро сите.
Јас пак не знам како уопште планираш дете ако немаш работа. Како да не ја земеш в предвид финансиската ситуација? Многумина, што моја генерација, што помали, ете ги, ни факултет не завршиле, работа нигде на повидок, они веридби, свадби и деца им се вртат во памет. Јас сум за секој како му е арно, тоа да прави, ако сака и пет деца нека роди, ако сака ниту едно. Но, дека детето не те чини ништо или дека не е скапо, за да се занемари колку пари имаш во џеб, тоа мало сутра. Јас нејќам од моите да чекам и цел век пари да им барам за мене или за мое дете.
Само на балканов се навикнати баш ко онаа рекламата за наталитет што е - Мама ќе ни купи количка, татко ти ќе ни купи креветче и ние среќно ќе си живееме.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Мама ќе ни купи количка, татко ти ќе ни купи креветче и ние среќно ќе си живееме.
Семејство
баби и дедовци носевме на болница, одевме по лекарства по леб, чистевме соби тресевме прашини перевме, поправавме.
Зошто кај нив беше добро од втора светска војна навака па ги стегна лош период на старост со здравјето, затоа имаа семејство и внуци.
тие нам ни даваа пари да студираме ама и да немаа, и кој немаше исто го помагавме... исто не помагаа кој колку може со што може макар со добар поглед и збор...

Јас создадов ново семејство и дури сум жива ќе бидам тука во добро и во лошо
тие ако сакаат нека се запросуваат со дијамантски прстени како на филм, ама количките ќе се од мене :) никој нема да ми го земе правото да купам количка кревет музичка кутија и една соба пелени :) и кога ќе почнат внуците да зборуваат ќе се договориме за друго. За мене ли ќе трошам? Ќе патувам ќе видам зебри, ќе имам лична гатачка неа ќе и давам пари...

за жал секој ти е роднина дури си во добро кога си во лошо нешто се ретчи се тенчи фамилијата.... јас така не сакам да биде меѓу нас и децава ни меѓу децава
 
Kajgana Shop

На врв Bottom