Колку вреди човечкиот живот во Македонија?

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Живот како живот, секој има различна цена. Таа зависи од тоа за чиј живот зборуваме и каде истиот се живее, иако и тоа не е некоја гаранција. Во врска со животот многумина имат неизлечливи илузии дека нивниот живот има некоја, општо прифатена, вредност која е еднаква со нивните индивидуални очекувања и вреднувања. Ни сите оние војни, геноциди, биолошки и хемиски испитувања, големи бизниси поврзани со нафта и лекови не успеаа да ја нарушат илузијата за скапоценоста на човечкиот живот.
Можноста некој да биде заклан како свинче од заглавен наркоман за некои си 200 денари секако не оди во прилог на високата вредност што и се придава на живејачката. Истото важи и за најголемиот број од оние што ја имале привилегијата да се родат во Уганда, Руанда, Сомалија или во некои други егзотични земји и простори, како на пример во близината на Чернобил пред некоја деценија. Се разбира, ова се само примери. Со нив ни оддалеку не се ицрпуваат нештата што секојдневно го обезвреднуваат (обесмислуваат) човечкиот живот, а кои најчесто се дело на самите луѓе, освен природните непогоди.
Секако, сите сме загрижени за сопствените животи (освен самоубијците) и за животите на нашите блиски. Има дури и такви кои се загрижени за животите на поширок круг луѓе и на разни начини се обидуваат да ја подигнат неговата, одамна девалвирана вредност, но тоа во споредба со се што се случува и се случувало во минатото е занемарливо.
Се покажало дека одредени метали, гасови, специфични видови камења, течни остатоци од фосили, па дури и мали обоени листови хартија на кои е отпечатено нешто што е изгледа многу вредно, можат да бидат многу поважни од животите на милиони човечки суштества.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Страшно, грозно, морбидно, жално.....нашите животи во оваа проклетија од држава не вредат ни пет пари, не вредат ни за една морална оставка...не вредат ништо...и жив да гориш и да се пеплосаш, нашиве политичари бетон образ имаат, ниту морал ниту совест. жално...Некој во затвор лежи за 10 кебапи што украл или што ја потегнал за коса онаа кокошкана Рада министерката.....а кој ке лежи, кој ке одговара за 15 трагично починати лица???
Никој...оти не вредат нашите животи ако немаш вујко владика, ако не си на власт, на позиција, ако немаш моќ...
Страшно......Анима мунди за едно куче што го отепаа се посраа од јадење бурек, тоа куче излезе повредно од овие 15 мина невини човечки животи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom