Колку вреди човечкиот живот во Македонија?

Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Колку вреди животот овде па посети некој од болниците и погледни ги условите таму како на сета мака наместо да ги лечат ги малтретираат болните, некој конфекции посети види како работат таму работниците, како работат градежниците и да не споменувам остаток.
Кој има длабок џеб и животот му вреди, остало е 3 за 20 вредно или све за 99, овде голем дел од граѓаните вредат само ко дојдат избори, а после шипак.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Кога почнавме со болници. Пред 10 тина години работев едни огради и нормално како секој просечен македонец пред да завршиме ги извадив заштитните наочари и сакав да избрусам едно заварено место. Ми летна едно парче метал во окото веднаш до рожницата , одам во болница, асистенката ми става анестезија, докторот ми буричка по окото,а од окото солзи како водопад. И оваа асистентката (сестрата) цело време абе дете не се плаши абе дете не се плаши и на крај за среќа докторот го забележи шишенцето со анестезија а на шишенцето датум на употреба истечен што значи анестезијата ги изгубила својствата.На крај кога заврши вадењето на металното парче , докторот побара фластер и газа да ме преврзе , газа имаше ама немаше фластер, ме лепеа со селотејт кој веднаш поради потта падна а газата требаше да ја држам со рака. За среќа преживеав и јас и моето око, но можам да замислам како им е на луѓето со потешки проблеми.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Па не е се до парите. Треба да имаш среќа да не завршиш на болница. Е ако завршиш тогаш идат парите на ред. Ковчег толку, цвеќиња толку, костим за мртовецот толку .. и се друго што е потребно за еден погреб.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Точно е тоа дека институциите честопати тотално ја оплескуваат работата, но пред се секој човек треба првенетсвено самиот а себе да си води ред игрижа за својот живот и здравје и исто така да внимава и на околината, да не загрозува туѓи човечки животи или туѓ имот !
На пр. пожарите кои секое лето беснеат ширум цела Македонија според полицијата се предизвикани од човечки фактор, дали намерно или ненамерно битно штетите се катастрофални, опожарени илјадници хектари шума, изгорени куќи, па дури во последниве денови и неколку човечки животи згаснаа во борбата против огнената стихија !
Што се однесува за жртвите во сообраќајот ............. како прво секој што користи возило треба да знае дека треба да внимава и на својот живот, исто како и на животот на другите .............. ако некој се качува пијан или дрогиран да вози треба да е свесен дека и неговиот живот е на конец, а исто така и други животи се доведени во опасност, исто така треба да се одбегнува возење доколку човек е болен, уморен, нервозен... Возењето со неприлагодена брзина исто така е опасно и за самиот шофер, како и за останатите, поголемиот дел од сообраќајките се случуваат поради големата брзина ......... ако на автопат пишува дека треба да се вози макс. 120 км/ч толку треба да се вози макс. а не некој да се курнази со 200 км/ч и после ќе го собираат парче по парче, па покрај него и другиќе настрадаат ............... а особено е критично возењето на моторџиите кои летаат по патиштата низ Македонија, но и децава кои возат скутерчиња низ градовиве скоро никој не става кацига на глава !
Пред се секој треба прво самиот да си внимава на себеси, исто така да внимава и на околината, да не ја загрозува безбедноста на останатите ................ е сега што се однесува до болестите тука нема спас, на кого му дошло да се разболи од некоја тешка болест и да умре, тука мислам дека нема спас, ниту брда од пари не помагаат при одредени тешки здравствени состојби, ниту ништо !
 
?

..........

Гостин
Луѓето си умираат, да, но друго е муабетот тука. Некни вечерта кога погина детето со скутерот во Тетово, околните кафичи и клубови си продолжија со музика, народот весел игра скока, а на неколку метри од нив згасна млад живот. На што личи тоа?
Па кој го терал да гине баш коа лугето си терат раат со кавфенце и цигара?

Грижи се за себе и за своите најблиски, а ако некој решил да си игра NFS со скутер или автомобил тоа си е негов проблем, нема шо јас да го жалам коа тој самиот не се жали...
 
Член од
13 март 2012
Мислења
476
Поени од реакции
128
Сега ако немаш врски во болница нема да те пуштат т.с нема да те лечат освен ако не платиш.
 
2

~2A

Гостин
Незнам што не ти е јасно? лугето умираат и тоа е тоа, многу луге, многу сообраќај, многу случувања несреќи невнимание итн....смрта е природен процес, а човекот е немоќен да го спречи тој процес, дали на 14 дали на 41 или 84 години ќе се умре...
Судбина ти е тоа, на крај бог ке им суди на сите, во рајот има место за сите страдални души, а и пеколот не е така лош со оглед на тоа кој се престојува таму, а и ѓаоло не е така лош како што го замислуваме.....

Чувајте се!
Само да те потсетам за работниците (најверојатно и без осигурување се) кои што се качени на скеле и работат на температура од 25+ степени, во најжешкото време од овој период,зарем тоа е природно?

Луѓето што се бездомници едни "бедни" услови не можат да му пружат од страна на нашата држава.
Знаеш ли колку луѓе умреле од неухранетост?

И ќе одговорам на прашањето на темава: Човечкиот живот во Македонија не вреди ни 5 пари!
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
146
Човечкиот живот е од непроценлива вредност!
Не можам да ги сфатам тие кои пресметувале со пари.
Секако дека се трошат пари во текот на животот, но не може да биде проценет во пари. Парите ја губат својата вредност, ако некогаш вределе многу, сега не вредат ич и обратно.
А за изгубените животи убаво рече некој, тоа е природен процес, само што е штета и жално во секој случај ако се изгуби животот многу рано.:(
За тие што загинаа во пожарите немам коментар, така требало да биде, не сакале и тие тоа да се случи.
Ама тоа е природна појава, а и природна непогода (штета што пожарот бил предизвикан од човечки фактор) ни Бранко, ни Грујо не се виновни за смртта, :cautious: немојте да мешате политики со случајот и да поврзувате споменици, зошто благе везе си немаат тие со пожарот. :гик:
Зарем тој што го подметнал пожарот треба да плати за изгубените животи во пари?
Јас сметам дека тој што го подметнал пожарот треба да си одлежи фино лепо една казна затвор од најмалку година дена, за да му дојде паметот, иако ни тоа не е доволна казна за животите што згаснаа.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Човечкиот живот е од непроценлива вредност!
Не можам да ги сфатам тие кои пресметувале со пари.
Секако дека се трошат пари во текот на животот, но не може да биде проценет во пари. Парите ја губат својата вредност, ако некогаш вределе многу, сега не вредат ич и обратно.
А за изгубените животи убаво рече некој, тоа е природен процес, само што е штета и жално во секој случај ако се изгуби животот многу рано.

Добро утро, малку си ги отворила очите, време е конечно да ги отвориш целосно.Всушност, во Македонија а и во било кој дел од светот човечкиот живот се пресметува со пари.Така на пример ако ти боледуваш од некаква болест и ти треба некаков орган а немаш пари да го купиш, докторот ќе го продаде на оној кој има доволно пари а тебе ќе те гледа како умираш и око нема да му трепне на тој човек.
Така на пр. пред неколку дена колешката кај мене на работа изгуби прст на машина за сечење и знаете што направи мојот работодавец?Ништо, си ја качи на јахта Натали со Штерјо и сега некаде сите тие тројца заедно крстарат по Јадранското Море во потрага по скриеното богатство.Мојот работодавец ти е од недопирливите...
Ова ти се неколку примери од секојдневниот живот.
Всушност знаеш, тие што немаат пари одсекогаш биле третирани како кучиња од сите во општеството.Се наоѓаат додуша по неколку „генетски отпадоци“ кои се добри по душата но тие се ретки, мнооогу ретки примероци во општеството и се третираат како грешки од повеќето.А всушност тие кои што ги третираат така не разбираат дека тие се најголемите грешки.А тие кои што ги третираат „генетските отпадоци“ како грешки ти се сите оние кои се лупаат во гради пред камери дека се религиозни, добри, дарежливи, хуманитарни луѓе но тие се такви само еден момент и тоа пред камера, а позади камера е веќе друга приказна......
Има многу работи од животот кои можам да ги напишам тука, но и да е морето мастило а небото хартија, пак нема да можам да ја опишам целата гомнарија.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Добро утро, малку си ги отворила очите, време е конечно да ги отвориш целосно.Всушност, во Македонија а и во било кој дел од светот човечкиот живот се пресметува со пари.Така на пример ако ти боледуваш од некаква болест и ти треба некаков орган а немаш пари да го купиш, докторот ќе го продаде на оној кој има доволно пари а тебе ќе те гледа како умираш и око нема да му трепне на тој човек.
Така на пр. пред неколку дена колешката кај мене на работа изгуби прст на машина за сечење и знаете што направи мојот работодавец?Ништо, си ја качи на јахта Натали со Штерјо и сега некаде сите тие тројца заедно крстарат по Јадранското Море во потрага по скриеното богатство.Мојот работодавец ти е од недопирливите...
Ова ти се неколку примери од секојдневниот живот.
Всушност знаеш, тие што немаат пари одсекогаш биле третирани како кучиња од сите во општеството.Се наоѓаат додуша по неколку „генетски отпадоци“ кои се добри по душата но тие се ретки, мнооогу ретки примероци во општеството и се третираат како грешки од повеќето.А всушност тие кои што ги третираат така не разбираат дека тие се најголемите грешки.А тие кои што ги третираат „генетските отпадоци“ како грешки ти се сите оние кои се лупаат во гради пред камери дека се религиозни, добри, дарежливи, хуманитарни луѓе но тие се такви само еден момент и тоа пред камера, а позади камера е веќе друга приказна......
Има многу работи од животот кои можам да ги напишам тука, но и да е морето мастило а небото хартија, пак нема да можам да ја опишам целата гомнарија.

Тотално си у право.У овј свет нема место за розови наочаре и утопистички размислувања.Имаш паре имаш живот как'в так'в.Не викам дека ако немаш паре нема да имаш живот.Него прост пример разболиш се ако имаш паре ке преживиш ако не крај ке ти се деси и такој си е тој.Имаше една изрека..
К'д беше млад мислеше дека паре су све,сга кд остаре..знам!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Струен удар како можна причина за инцидентите кај Канео

Текст: Макфакс
Македонија | 21 август 2012
Надлежните служби сè уште не ги имаат откриено причините за инцидентот на плажата кај Канео кога повеќе капачи се пожалиле на здравствени проблеми, но сомнежите се дека се работи за струен удар предизвикан од дефект на инсталација, пишува „Охридњуз“.
Како што пишува охридскиот портал, за каков дефект станува збор никој од надлежните не знаеше да каже со точност.
Жителите на населбата Канео вознемирени од инцидентот, раскажуваат дека лицата кои се пожалиле на здравствени проблеми кажувале дека нешто ги тресело во вода. Тие велат дека пумпите од колекторскиот систем често се во дефект и дека фекалии истекуваат во вода, што во допир со струја можат да предизвикаат струен удар.

http://kajgana.com/struen-udar-kako-mozhna-prichina-za-incidentite-kaj-kaneo

Еве колку вреди,мал семеен бизнис е доволно моќен и вреди повеќе од човечките животи. Не беше доволна Струга напротив опсаноста се проширо а зошто да не со некое евро во државната или општинската каса се плаќа се. Да не зборуваме за заразните фекалии кои се испуштат во Охрид и кои долгорочно исто така можат да бидат опсани по здравјето. Незнам што да кажам но кога човек ќе се навикне на некоја друга средина и кога ќе се најде во Македонија се чуствува загрозен од сите страни, што од гром поради неисправни или недостаток на громобрани, што од струен удар дома поради неправилно инсталиран бојлер или пак на плажа поради неисправната инсталација, што од сообраќајка поради несоодветни патишта и уште понесоодветни шофери со преголемо лачење на тестесерон, пренагласено его или едноставно слаб сексуален живот и недоволна култура како возачка така и домашна, што од саксии или кесиња со ѓубре кои летат на сите страни од зградите, што од несоодветно здравствено згрижување и погрешна дијагноза,што од мајонез поради прекинување на синџирот на ладење или пак расипано мелене месо од умрен коњ.....
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Багер прегази моторциклист во Стар Дојран
Додека В.П. (43) од Гевгелија, изведувал градежни работи на полски пат со работна машина-багер, ангажиран од ЈПКД-Стар Дојран, лицето Касруш К. (33)од Стар Дојран управувајќи моторцикл „Скајго“, при обид да изврши престигнување на работната машина, изгубил контрола над моторциклот и паднал позади работната машина, која во тој момент се движела наназад.


http://grid.mk/read/news/69003707/808113/bager-pregazi-motorciklist-vo-star-dojran

Несреќи се случуват на секаде во светот тоа е точно но исто така е точно дека насекаде во светот си има прописи за заштита и однесување при работа. Замислете во Македонија колку малку е работи и колку малку народ има а колку многу несреќи ако се земе во предвид колку се работи во индустриските земји тогаш тие би требало да имат секојдневно по стотици жртви.
И да денес видов Багер некаде во Германија се движеше кон неговото работно место пред него возило со светлосна сигнализација после него исто тако возило. Ги гледам Багерите секојдневно но никогаш не сум видел багер да работи а местото оклолу него да не биде заштитено, обележано, осигурано. Буквално не би можел да се самоубиеш а најмалку да се случи несреќа.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Вчера се сретнав со пријател кој го немав видено некое време заради одмориве и видов дека боледува од некаква инфекција која започнала на лицето малку над образот , а сега се проширува кон слузницата на окото. Е сега , страшното - бил на преглед и му рекле да чека резултати и да не прави ништо (му препорачале да пие витамини). Во меѓувреме , него инфекцијата му се шири понатамошно кон окото и ако го зафати очниот нерв - отиде јабана. Има уште , моите родители се специјалисти лекари во свои области , но сепак , ги прашав отприлика да ми кажат како што би можело да биде со другаров и зошто се чека на резултати толку долго кога е приоритет кога е инфекција бргу да се реагира , а добив одговор кој ме запрепасти - кај нас на микробиологија не се испитувале вируси! Ај да е само тоа , ама има уште. Најверојатно , се работи за кламидија (помала веројатност е херпес) и сега работата е во тоа што кламидијата се пренесува полово , а другаров немал никакви односи со никого за да ја добие. Начинот на кој ја добил инфекцијата е уште поморбиден од се досега наведено. Бил на воен и најверојатно некоја гнасна се измочала во водата. Та-дам! Значи не само што сме неорганизирани и неинформирани во случај на сообраќајот и пр.катастрофи , туку и во областите на хигиената и медицината. Цареви!
Da za 30.000den. Ne virusi nego i prioni ke ispituvaat!
More za taa mizerna plata se cudam so uste rabotat!!
 
Член од
11 јули 2012
Мислења
137
Поени од реакции
74
абе каков живот,љубов,вредност ова она,се е во паритееее.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom