Добро утро, малку си ги отворила очите, време е конечно да ги отвориш целосно.Всушност, во Македонија а и во било кој дел од светот човечкиот живот се пресметува со пари.Така на пример ако ти боледуваш од некаква болест и ти треба некаков орган а немаш пари да го купиш, докторот ќе го продаде на оној кој има доволно пари а тебе ќе те гледа како умираш и око нема да му трепне на тој човек.
Така на пр. пред неколку дена колешката кај мене на работа изгуби прст на машина за сечење и знаете што направи мојот работодавец?Ништо, си ја качи на јахта Натали со Штерјо и сега некаде сите тие тројца заедно крстарат по Јадранското Море во потрага по скриеното богатство.Мојот работодавец ти е од недопирливите...
Ова ти се неколку примери од секојдневниот живот.
Всушност знаеш, тие што немаат пари одсекогаш биле третирани како кучиња од сите во општеството.Се наоѓаат додуша по неколку „генетски отпадоци“ кои се добри по душата но тие се ретки, мнооогу ретки примероци во општеството и се третираат како грешки од повеќето.А всушност тие кои што ги третираат така не разбираат дека тие се најголемите грешки.А тие кои што ги третираат „генетските отпадоци“ како грешки ти се сите оние кои се лупаат во гради пред камери дека се религиозни, добри, дарежливи, хуманитарни луѓе но тие се такви само еден момент и тоа пред камера, а позади камера е веќе друга приказна......
Има многу работи од животот кои можам да ги напишам тука, но и да е морето мастило а небото хартија, пак нема да можам да ја опишам целата гомнарија.