Колку ви значи насмевката?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Да ми значи многу, посебно од некој шо нема заби или му се црни, ептена ми значи:back:
 
Па многу ми значи насмевката на лицата на тие што ги сакам.
Едноставно кога се среќни/весели/исполнети и јас се чуствувам прекрасно.
А пак кога се чуствувам депресивно и спремна сум за карање со цел свет многу ми помага искрената насмевка на тие околу мене. Иначе секојдневно сум насмеана освен кога ми е нешо ептеен тапа али брзо ми проаѓа :)
 
Многу многу ми значи насмевката.....опкружена сум со позитивни луѓе,насмеани.....и кога имам некој лош ден,нешто не е во ред,доволна ми е една насмевка од некоја личност што ми значи,да ме расположи......мн ретко се случува да не сум нешто расположена.....секогаш сум насмеана.....:wink:
 
Во турбулетниов период во кој се наоѓам ми значи многу. Ама убава и искрена насмевка.
 
Мене многу ми значи,и на другите околу мене,пошто увек сум им рамо за плачење или нешто слично и секогаш успевам да им створам насмевка на нивните лица,што воедно ме прави и мене радосен :)
 
живееме во време во кое искрените насмевки се поретки, но и да имаше повеќе насмевки не ми значат.тоа што навистина ми е важно е јас да имам насмевка на лицето, да бидам среќна и тоа да го покажам.од друга страна, многу луѓе ми кажале дека шират позитивна енергија кога сум среќна...
 
Насмевката и насмеани лица околу мене многу ми значат, такви ги има многу во мојот живот и благодарна сум што можат да ме насмеат посебно кога имам лош ден. Убаво е да си насмеан, само опуштено! :icon_lol:
 
Насмевката е крива линија која може да исправи многу нешта !
Ова жива вистина! Насмевката е повеќе од збор, таа е ведрина, топол ветар на нашето и туѓото лице кој не гали повеќе од било што друго во моментите кога ни е потребна.
Многу ми значи насмевката, во моменти на психочка слабост ме смирува кога некој со насмевка ми вели -Се` ќе се среди.
Насмевката е утеха но и многу други нешта... Сакам насмеани лица и сакам да се смеам...:)
 
Насмевката - најубаво што го има човекот, уште кога е невина ,детска....За тоа се живее....
Секоја жена е убава кога од срце ќе се насмее...:smir:
 
Ретко се смеам сите шеги се на моја сметка... Инаку да насмевката апсолутно може да ти го разубави денот а посебно ако е од некое убаво чупе (:
 
Па со фактот дека ако видам некој ненасмејан го тегнам за образ да се насмејт или одма најдвам начин да го расположам некако ... многу ми значит насмевка и позитивна енергија.:smir:
 
:) :) :) :) :) :) :) :) :) :) :) :) :) :) Кога ќе видеш толку насмевки на едно место од луѓе што ти се најмили, јас мислам дека нема шанси ти да бидеш тажен :( тогаш или си заљубен преку глава или ти треба помош од стручно лице ( психијатар де ) :)

Како и да е постојано сум опкружен со некој шегаѓии па нема шанси да не се насмеам на некој од нивните "Бисери на мудроста" :pos2:
 
Многу!

Најкратката, дистанца помеѓу две особи е насмевката! :angel1:
 
Јас паѓам како круша на убава насмевка, едноставно ме топи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom