Колку Македонија располага со квалитетни економисти?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, мислам дека е јасна темава. Поентата ми е да дојдеме до заклучов во однос на тоа:


Колку Македонија располога со квалитетен економски човечки потенцијал, во смисла не сите свери од Економијата (банкарство, прептриемништво, менаџмент...итн.)?

Некако јас имам впечакот дека главно неколку луѓе го сочинуваат оној дел на квалитетни Економски експерти, истите тие сега се, или пак биле на раководни позиции на компании или пак се дел од управните одбори во поголемите компании.


Колку Македонија може да се пофали со квалитетни менаџери на компании?Со квалитетни преприемачи, бизнисмени....

Кои се луѓето кои го го држат моќниот банкарски бизнис во Македонија?, од друга страна:Зошто на чело на големите странски фирми во Македонија, нашите економисти ги нема?

Кои се крие зад големите Македонски фирми-успешни економисти или снаодливи олигарси?

Неколку корпуциски скандали-можат ли тие да ја намалат “тежината“ на квалитетното експертско економско размислување во Македонија?

Кои се големите економски имиња со кои се гордее Македонија?


Еве што вика Игор Лештар (SEAVUS) за КАПИТАЛ
“Многу луѓе од развиените западни економии ме прашуваат како е да се работи во Македонија, во мала земја со кревка економија и банкалски менталитет.

Но, во суштина моето искуство покажа дека менталитетот меѓу Швеѓаните и Македонците не е многу различен. Швеѓаните во македонска фирма функционират како Македонци, а Македонците почнуваат да функционираат како Швеѓани, доколку раководството е шведско. Сe доаѓа од “главата”, од тоа раководство, од менаџментот кој постои во една фирма.

Нема разлика од каде е фирмата ако менаџментот е добар. И да не живеат Македонците во некоја заблуда дека се што е тука е заради менталитетот. Таквата состојба произлегува од неискуството на менаџирање на фирмите и тоа се рефлектира понатаму. Добриот менџмент е спас за македонската економија. Ако сакаме да изградиме држава, треба да едуцираме менџерски кадар. Инаку фирмите нема да можат да опстанат. Ние треба да донесеме капитал тука, а не да го носиме надвор. Се гордеам што во “Сеавус” го постигнуваме тоа”.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ретко, многу ретко...

Условите и случувањата во изминатава деценија ипол создадоа успешни компании врз база на други фактори, а не на способноста и стручноста на економистите или менаџерите. Тука пред се мислам на постарите фирми кои постоеја и пред осамостојувањето на Македонија и кои го пројдоа периодот на транзицијата така како што го пројдоа. Значи, старите волци кои се снајдоа во тоа бунило ги искористија своите 5 минути.

Лично за мене најуспешни економисти се оние кои успешно менаџираат мали фирми.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Во Македеонија има одлични еконмски експерти и економисти, менаџери итн. Да се разгледа менаџментот на сите нивоа (низок, среден и висок) во средните и големите претпријатија ќе се види дека има и те како способен и најважно едуциран кадар во државата.
Со банкарството е друг проблемот, неможеш да иницираш зголемен аутпут и производство без прво да имаш развиен финансиски сектор(тука не зборувам само за банките). Но тоа е веќе проблем на владата и до некаде на Централната банка.

Фактот што никој не ги консултира економските експерти за некој стратешки прашање е веќе политчки проблем а не економски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom