Кокино

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Neknio gledav reportahza za toj lokalitet vo Makedonija. Dali nekoj mozhe da kazhe neshto pointeresno za toa namesto da im laskame na nashite istochni sosedi? Dali za toj lokalitet se vrzani istoriski ili kulturni fakti? Pishete ako znaete - takva retkost vredi vnimanie...
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Мегалитската опсерваторија Кокино и крие и открива многу приказни
И кртовите ја вадат историјата на виделина

Од Кокино се протега незборавен поглед. Велат дека ноЌе се гледа и милениумскиот крст на Водно



"Татичев камен" е последен вулкански излив во Кратовско-злетовскиот масив

Катерина Богоева

Мегалитската опсерваторија Кокино оддалечена 35 километри од Куманово, сместена во простор исполнет со мир и бои од природата, со малку преостанати жители во испразнетото село, на почетокот на овој век е нов предизвик за археологијата и астрономијата. Со потврдените и верификувани научни сознанија, а особено со најновата годинешна потврда за вредноста и спецификата, четвртото место на листата на НАСА на најстари опсерватории на светот, сега е голем предизвик за компетентните државни и локани институции да покажат дали умеат на вистински начин да одреагираат и да го понудат Кокино како како атрактивна културно - туристичка дестинација. Паралелно со тоа треба и да го заштитат од видливите дегарадации од човечка рака но и да вложуваат во неговото понатамошно истражување за заокружување на приказните за луѓето кои од таму го набљудувале небото и го мереле времето. Кокино датира од 1.800 година пред новата ера а неговите истражувачи, археологот Јовица Станковски од Музејот во Куманово и астрономот Ѓоре Ценев од Планетаиумот при Младнскиот културен центар, успеаа од 2001 година до денес, откритието да му го презентираат на светот на вистински начин а неговата особеност да му отвори пат до НАСА.

Навистина впечатокот за овој простор по многу нешта е единствен. До опсерваторијата која се наоѓа на 1015 метри надморска височина, на Татичев врв, се доаѓа по патот кој поминува низ селото Старо Нагоричане. Татичев врв го гледате оддалеку, доминира во околината, а до него и до опсерваторијата се доаѓа поминувајќи крај селото Кокино, од каде истражувачите и го земаат името, според досегашната позната практика во светот, имињата да се доделуваат по најблиските населени места. Засега единствен патоказ е мермерната плоча крај патот од каде започнува искачувањето, добиена во рамките на проект на кумановска граѓанска организација. Археологот Јовица Станковски кој од 2001 година континуирано го посетува локалитетот и ги знае промените на теренот, потенцира дека долго време за него но и за многумина други, опсерваторијата претставувала "куп камења", се додека во Музејот во Куманово од "дивите копачи" не било донесено на увид парче керамика од просторот кој претходно тие го раскопувале. Евидентирани се интервенции од човечка рака и од тогаш започнуваат археолошките истражувања со средства од Министерството за култура, но заради спецификата на просторот археолозите претпоставиле дека станува збор за опсерваторија, што било и потврдено најпрвин со мерења од страна на астрономи од Стара Загора, Бигарија во 2002 година, а потоа и со комплетните мерења и датирања на староста на опсерваторијата и нејзината вредност од страна на Ѓоре Ценев.

На мегалитската опсерваторија и пријдовме од сончевата, југоисточна страна на ридот, положба која заедно со неговата доминација во околината, ги потврдува потребните показатели дека станува збор за светилиште , опсерваторија. Третиот потврден показател утврден на светилиштата на Крит, е непостоењето на населба, што во случајот со Кокино исто така се поклопува со периодот кога таа е создадена. Од опсерваторијата се набљудувало небото, движењето на Сонцето и Месечината, паралелно со тоа и Звезденото небо - Плејадите, се мерело времето, се одржувале обреди. Станковски смета дека станува збор за обреди посветени на светиот брак меѓу Божицата мајка и синот Сонце, на нивното спојување како знак на плодност, обреди познати во митологијата.

Патот што води до опсерваторијата е пресечен и со купчиња земја што од внатрешноста ја исфрлаат кртовите, во кои се гледаат и парчиња керамика.На истражуваниот простор од 120 квадратни метри археолозите досега собрале 500 килограми керамика која датира од подоцнежен период на постоење на населба на Кокино, од 13-12 век пред новата ера, кога во рамките на историскиот познат период (11 -14 век п. н.е) индоевропските народи, во таканаречените "Егејски преселби" поминувале и по Кумановскиот коридор и го населувале. "Тоа биле сточарски народи кои се населувале и во овие простори и на кои има требала опсерваторијата за да го мерат времето и да знааат кога треба да ја размножуваат стоката, да ја носат на пасење и др. Тие не ја користеле како светилиште. Од периодот на 13-12 век пред.н.е датираат и досега откриените и реконструирани триесеттина предмети, а двесеттина допрва чекаат на рекострукција. Откриени се садови во најразлична форма, разни предмети, мелници од камен за жито и други" - вели Станковски.

Населбата е предворјето на опсерваторијата, која за да ја доживеете треба и во неа да влезете, да ги поминете патеките направени од човекот и природата, провирајќи се крај стрмите карпи. Карпите на кои се шаренеат разнобојни лишаи се сочинети од андензит, состав што овозможува истите и да пукаат и да се обликуваат, но поради тоа својство се изложени и на дегарадации од времето. Токму поради составот, старите претставници на сеуште непозната цивилизација, успевале вешто да направат "нишани" низ кои го следеле движењето на Сонцето, Месечината и Звезденото небо. Кокино има 7 нишани, 3 за набљудување на Сонцето, четири за Месечината. Од карпите се направени и две платформи за набљудување, како и пет престоли на кои седеле владетелите.

"Многу внимателно е направена и траншеата која овозможува да се пропушти зрак и тој од главниот "нишан" да падне на престолот, со што во одреден период се означувал почетокот на годината, а со тоа и почетокот на свеченостите - вели Станковски, кој седна на престолот за да ја илустрира прецизноста на ловењето на зраците. Ја посочи и вештачки направената позиција од која можат да се видат сите посочени седум нишани низ кои се следат небесните тела, што е исклучителна специфика на Кокино. Од таму се набљудувала и рамноденицата. Археологот посочува дека старите народи имале потреба да се ориентираат во времето за да знаат кога е време за жетва, за одредени животни цилкуси од кои им зависел опстанокот.

"Од откриените позиции на опсерваторијата гледаме дека станува збор за цивилизација на високо ниво. Колку сериозно му пристапувале на мерењето на времето се гледа и по добро обработениот простор. Постои сличност на овој простор со светилиштето во Пелинце, каде со истражувања се откриени каремички садови депонирани во земја, како дел од обред за славење на плодноста. Првата употреба на опсерваторијата и нејзината старост коинцидира со тоа светилиште, поради тоа претпоставуваме дека и тука треба да најдеме такви садови. Очекуваме да пронајдеме и некој пишан запис можеби во камена плоча, нешто на кое луѓето забележувале како го мереле времето" - вели Станковски.

Од Кокино се протега незборавен поглед на околината. Велат дека од таму ноќе се гледа и милениумскиот крст на Водно, но и дека постојано има ветер. Во овој период од годината има и многу пеперутки. Но, и тука не се може без човечки деструкции, па веќе има остатоци од неколку запалени огнови, скршени делови од карпи, вдлабнати потписи, пластични чаши и др, што потврдува дека е потребна итна заштита од деградациите што ги прават претставниците на сегашните народи, многуте намерници и ненамерници . Археологот Станковски смета дека Кокино е спремно за туристичка понуда, но сепак треба и да се заокружат потребните елементи кои одат со тоа.

Во таа насока информира дека во текот на јуни во овде ќе се реализира и едукативен младински камп со подршка од холандска граѓанска организација, каде младите ќе стекнуваат сознанија од областа на етнологијата, археологијата и културното наследство. Предвидено е отпечатување на потребен каталог за Кокино, на флаери а Станковски најавува дека учесниците на кампот ќе ги направат потребните патокази и патека до опсерваторијата ш то сега недостасува.

Тој заедно со астрономот Ѓоре Ценев претпоставуваат дека вакви опсерватории во Македонија има уште и дека би требало да се протегаат во радиус од 20 - 30 километри и дека веќе до нив стигнуваат многу барања да одат и да проверат за што точно во одреден дел од Македонија станува збор. "Интересот за Кокино од ден на ден се зголемува. Наскоро треба да дојде и една група хрватски новинари, се највија и новинари од магазинот "Национална географија', се јавуваат секојдневно нови луѓе" - задоволен од досегашниот тек на актуелизација на вредностите на Кокино, заврши во оваа прилика Станковски.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Interesno, interesno. Da prasham, dali nekoj od makedoncite na frumov ima odeno na Kokino? AKo e taka neka ni objasni na site kako e. Ajde ve cekame site da se "izjasnite" za makedonskite ubajni :wink:
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Ова го извлеков од НАСА, на оваа карта се одбележани главните антички обсерватории низ светот.

 

RaGeAnGeL

KiCk AsS
Член од
23 јануари 2005
Мислења
930
Поени од реакции
7
imase mnogi interesna storija na onnet...ama ne dava da se kopira ne znam zashto....
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
КОКИНО - четврта светска опсерваторија



Праисториската опсерваторија, од која и денес може да се набљудуваат небесните појави, фасцинира со својата прецизност, културно наследство, убави престоли и куќи, иако е стара 3.800 години

Планинскиот врв Кокино, лоциран во кумановската котлина и сместен на 1.013 метри надморска височина, е прогласен за четврта светска опсерваторија од американската агенција НАСА, по повод светскиот ден на Земјата и Сонцето. Пред него, првите три места ги делат локалитетите Абу - Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Андкор - Ват во Камбоџа. До Кокино се доаѓа само со рачно качување или со магаре, но кога ќе се најдете на врвот, велат луѓето што го посетиле, хоризонтот се отвора како на дланка.

Цивилизациите 1.800 години пред нашата ера оттука го гледале небото и си го организирале животот според природните законитости, го мереле времето, ги броеле деновите и годините, ги предвидувале временските погоди и непогоди. И денес, како што објаснува Ванчо Стојкоски, претседател на македонското истражувачко друштво, кога небото е јасно и чисто од Кокино може да се види во далечина од стотина километри. Пример за тоа е поставениот крст на планината Водно, која се издигнува над главниот град Скопје, оддалечен 60-70 километри од опсерваторијата.

Современ откривач на локалитетот е Јовица Станковски, археолог кој пред четири години почнал да го истражува местото. Тој пронашол археолошки материјал тежок околу илјада килограми кој потекнува од бронзеното време - колиби и садови со кои се принесувале жртви на боговите, а откриена е и цела населба од 12-13 век. Цивилизацијата, која досега е непозната и која го изградила локалитетот, тврди Станкоски, добро ја познавалa геометријата и астрономијата.

„Пронајдените предмети и куќи говорат дека некоја цивилизација, која подоцна се доселила во овој регион, ја уништила онаа цивилизација која ја изградила опсерваторијата“, вели Станкоски.

Локалитетот е поделен во две целини и опфаќа простор со пречник од стотина метри поставен скалесто и на платформи. На повисоката кота се наоѓало централно место со обредно значење каде штo мештаните го славеле култот на големата богиња мајка и принесувале жртви. Според археолозите, во оваа област има уште три-четири вакви опсерватории и тоа на пречник од 30 километри кои треба да се докажат со истражувања.

За Кокино не постојат народни преданија и легенди. Според месното население, карпите се ѓаволска или самовилска работа и затоа ги одбегнуваат. Понекогаш, според нив, се случувало камењата сами да паѓаат без никакво надворешно влијание. А, археолозите објаснуваат дека доцното населување на овој предел придонеле да не се развијат легенди врзани со опсерваторијата.

Една опсерваторија да биде прастара, според Ѓоре Цонев астроном во Планетариумот во Македонија, мора да исполнува неколку правила. Да има три маркери за движењата на Сонцето во текот на годината (долгоденица, краткоденица, пролетна и есенска рамноденица) и четири за движењето на Месечината. Ако успеете да ги дофатите двете крајни точки во движењето на Сонцето, објаснува тој, веќе го имате почетокот и крајот на годината. Но, старите календари се правени според движењето на Месечината кое е покомплексно и има поекстремни позиции, минимално и максимално растојание во однос на Сонцето. За да се уловат овие позиции треба да се набљудува нивното движење минимум 18, 6 години, односно за да сфатите дека се работи за периодично повторување треба двојно време. Друг знак за староста е да постојат истородни маркери, од дрво или од метал. И третиот неопходен услов е човечка интервенција за дооформување или целосно градење на локалитетот. Оваа опсерваторија ги исполнува сите услови.

„Набљудувањата на небесните тела се вршеле со две намени. Првата била тој што ги набљудувал да направи календар преку кој се регулирал животот на заедницата. Од практична гледна точка, се одредувало времето за жетва, за изнесување на стадата или за извршување на некои обреди“, додава Ценев.

На прашањето како НАСА дознала за овој македонскиот мегалитен локалитет, овој астроном објаснува: „ Иако опсерваторијата е откриена пред две и пол години, архео-астрономските анализи ги соопштив на меѓународни конференции во Грција и во Унгарија. Претставниците на најголемиот портал за мегалитска култура од Велика Британија побараа опсерваторијата да ја постават на својата интернет-страница. Оттаму најверојатно и НАСА дознала за Кокино“, објаснува Ценев.

Конечно, Македонија ќе се потруди овој локалитет да го заштити, дури да го претвори и во туристичка атракција. Министерството за финансии ќе вложи средства за изработка на туристички проект за мегалитската опсерваторијата.
 
Член од
20 јуни 2005
Мислења
14
Поени од реакции
0
misterii

Kokino e vistinsko remek delo od neprocenliva vrednost izgradeno od strana na nasite predci. Steta sto seuste ne e turisticki afirmiran
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Ја најдов темава и ја вратив, не се љутете :) Оти има една страна да ја разгледаме и дај пишете малку повеќе :) кликнете на сликата за страната :)
 

BlAcK_MamBa

:: Living by my own rules ::
Член од
25 март 2007
Мислења
431
Поени од реакции
5
Jas iam bideno. mn e jako, i ic ne e strasno i strmno kako so ke vi opisuvaat tie vodicite ( ako se nepismeni ko nasite) :kesa: . Abe karpi ima sekade. ke vi kazuvaat marker vakov, marker takov, pa zetvata neso, golemata majka bozica, pa nekoi kupovi so znam ja. me mrzi sea da pisam. vazno mn e dobro i vredi da se poseti stvarno neso fenomenalno e. i to.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
nemam ideno tamu ama bi sakala...
pa nema sto da se pisuva zatoa sto toa sto e za kokino e napisano pogore... jas imam uceno po istorija na civilizacii za kokino i navistina e interesno toa sto se naogja na 4to mesto spored NASA
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
BlAcK_MamBa напиша:
Jas iam bideno. mn e jako, i ic ne e strasno i strmno kako so ke vi opisuvaat tie vodicite ( ako se nepismeni ko nasite) :kesa: . Abe karpi ima sekade. ke vi kazuvaat marker vakov, marker takov, pa zetvata neso, golemata majka bozica, pa nekoi kupovi so znam ja. me mrzi sea da pisam. vazno mn e dobro i vredi da se poseti stvarno neso fenomenalno e. i to.
На тие водичите им беше тешко оти не ли ги виде кооолкаави беа? хаха
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
знам само де КОКИНО е четврта светска опсерваторија и дека имаме и ние МАКЕДОНЦИТЕ да се гордеееме со нешто:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom