да се в'рнеме на темата, колко са били т.нар. борци...
...Имате ли коментар за бунтот и ликвидацијата, кога дел од македонската војска на 7 јануари 1945 година, во Скопје и Штип протестираше поради обезглавување на македонскиот команден кадар и замена со српско-црногорскиот? Темпо, при обраќање на бунтовните македонски војници во штипската касарна, ќе ја изблуе жолчната арогантност: "Сета војна ја поминавте во Бугарија. Куршум не испукавте против окупаторот! Сега наеднаш станавте Македонци... Јас ви велам - вие не сте никави Македонци, јас сум поголем Македонец од вас...°. Ја знаете ли суштината на дуелот Ченто - Темпо во предвечерието пред АСНОМ, кога Ченто барал од Видое Смилевски-Бато да се изјасни дали е Македонец, кога во расправијата му подвикнал и на Темпо: "Ти другар Темпо, не треба да се мешаш во нашите работи!° Овие зборови на Ченто му ја скинаа главата. Тогаш "борците° како синот Брут кренаа рака на својот Цезар!
Кои се и во кои борби загинале македонските 25.000 борци и што претставува оваа цифра како сооднос со воениот потенцијал на македонската армија? Вистината е следна: стоилајдната македонска армија (?) е резултат на објавената и спроведена општа воена мобилизација по завршената Втора светска војна во Македонија - декември 1944 година. Интересно е да се знае, колкава е бројната состојба на армијата на Илинден 1944 година при одржување на Првото заседание на АСНОМ, кога е познато дека на 9 септември истата година бугарскиот фашистички окупатор, исплукан и проколнет без борба, избега од Македонија? Во оваа смисла еве и спротивставени бројки.
Еминентниот југословенски политичар од македонско потекло - Лазар Мојсов, во изданието на Историскиот архив на КПЈ во том 7 - "Македонија во НОБ 1941-44 година° во фуснота 164, стр. 410 ќе забележи: "Во текот на НОВ, КП Македонија дала мошне многу жртви во борбите со бугарската фашистичка војска и полицијата - вкупно 445 членови на Партијата°. Прашање: Кои се останатите загинати 24.505 борци?! Нека се објави монографија на загинатите борци во НОБ на Македонија!...
http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1891&stID=44239