Козаци

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Козаците се посебна етничка и културна група во Источна Европа. И до денес не престануваат споровите за нивното потекло. Според многу руски историчари Козаците се наследници на старото население на Хазарскиот хаганат - Хазари, Бугари и Алани.Придонесот им во руската историја е несомнен, храброста и нивните воени вештини се докажани во многу битки. Историјата на Козаците е одредена од нивното соседство со силните соседи - Руската империја, Жечпосполита и Османлиската империја. Кралевите на Жечпосполита се обидуваат да привлечат Козаците на своја страна и да ги интегрираат во вкупната полско - литванска држава. Одбивањето на Полјаците да прифатат Козаците во групата на аристократијата на Жечпосполита доведува до востанието на Богдан Хмелницки по што Козаците бараат сојуз со Москва за да ја задржат својата независност. Козаците играат важна улога во руската колонизација на Кавказ, Сибир и Средна Азија. Козачкиот атаман Ермак превземаа и приклучува кон Руската империја целиот Сибир. Козаците се познати како бранители на православието и до денес ги чуваат своите традиции.


Козаци пишуваат писмо на турскиот султан


Атаманот Иван Сирко




Кубански Козаци на парадот на победата во Москва 1945
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.281
Поени од реакции
22.555
Козаците се посебна етничка и културна група во Источна Европа. И до денес не престануваат споровите за нивното потекло. Според многу руски историчари Козаците се наследници на старото население на Хазарскиот хаганат - Хазари, Бугари и Алани.
Овој дел ти е прилично дискутабилен. Ко прво посебна културна група се, а етничка не се. Еве ти на википедија што пишува :
коза.png
Еве и етимолошки доказ :
коза 2.png
Така да Хазари,Алани,Бугари не биле у никој случај (можеби се мешале со нив, тоа не го тврдам).
Остатокот ти е ок.
Иначе козаците треба да ги земеме како пример за непокорност сите словенски народи без разлика од каде сме.
[DOUBLEPOST=1435363619][/DOUBLEPOST]
сликава да е е од "Тараз Буљба" :P
Оваа слика е како Запорошките Козаци му пишуваат писмо на Турскиот султан Мехмет Четвртти .Ова е уметничка слика од рускиот уметник Илја Репин. Повеќе за неа тука.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Ееехх конечно тема за моите :icon_mrgr:


Еве и со превод...

 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Мое прашање е дали лошата слика за козаците е намерно искреирана, или е вистинска слика за тогашните козаци.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Мое прашање е дали лошата слика за козаците е намерно искреирана, или е вистинска слика за тогашните козаци.
Од каде лоша слика, баш имам обратно мислење и општо кога сум дискутирал за темава никој немал лошо мислење, баш напротив Козаците (или Казаците) се колку ми е познато единствен воен сталеж со традиција кај славјанските народи (слично како самураите во Јапонија).
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Овој дел ти е прилично дискутабилен. Ко прво посебна културна група се, а етничка не се. Еве ти на википедија што пишува :
Во целина Козаците се мешана етничка група од Словени и старо локално население - Хазари, Алани, Бугари, Печенези, Кумани. Словените прифатиле традициите на овие народи кои секогаш се бореле на коњи - облека, бит, фризура, начин на војување. Културните контакти меѓу Словените и коњаниците од степите на Северното Црноморие и Кавказ се уште од раниот среден век, тоа е сосема сигурно бидејќи киевскиот кнез Сетослав е опишан од византиските хроничари со карактеристичната козачка фризура - избричена глава со опашка.

Инаку Козаците имаат многу интересни традиции. Една од нив е носењето на обетка како специјален знак. Козаците носеле обетки, но не случајно и не сите. Обетката на увото на козакот покажува местото и неговата улога во неговиот род. На левото уво обетка е носел козак кој е единствен син на вдовица. На десното уво обетката се носи од козак коj е единствен машки наследник во целиот род, а две на левото и десното уво кога е единствен син.

Така во некои случаи кога треба да се спроведуваат опасни задачи на бојното поле и можноста групата да не се врати жива е голема козачкиот командант (атаманот) строjaва своите потчинети и дава команда ''равнение на лево'' при што гледа кои Козаци имаат обетка и прави сé што е можно да не ги праќа на многу опасни мисии. Командантите и пријателите биле должни да ги штитат во битка колку што е можно Козаците со обетки на ушите. Тие обично не се праќани и во првите редови за време на битка каде можноста да бидат убиени е речиси сигурна.
http://kazak-mo.ru/tradiczii/sergi-u-kazakov.html

 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Инаку Козаците имаат многу интересни традиции. Една од нив е носењето на обетка како специјален знак. Козаците носеле обетки, но не случајно и не сите. Обетката на увото на козакот покажува местото и неговата улога во неговиот род. На левото уво обетка е носел козак кој е единствен син на вдовица. На десното уво обетката се носи од козак коj е единствен машки наследник во целиот род, а две на левото и десното уво кога е единствен син.

Така во некои случаи кога треба да се спроведуваат опасни задачи на бојното поле и можноста групата да не се врати жива е голема козачкиот командант (атаманот) строjaва своите потчинети и дава команда ''равнение на лево'' при што гледа кои Козаци имаат обетка и прави сé што е можно да не ги праќа на многу опасни мисии. Командантите и пријателите биле должни да ги штитат во битка колку што е можно Козаците со обетки на ушите. Тие обично не се праќани и во првите редови за време на битка каде можноста да бидат убиени е речиси сигурна.
http://kazak-mo.ru/tradiczii/sergi-u-kazakov.html

Овој дел е многу интересен со обетката и начинот на обележување за полесна идентификација при воени битки . :)
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Значи и Козаците биле Бугари...
Има ли некој на овој свет да не е Блгарин?
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Значи и Козаците биле Бугари...
Имам напишано јасно дека Козаците се мешано население на Словени со коњаниците од источноевропските степи - Алани, Хазари, Бугари, Печенези и Кумани. Ова не е мое лично мислење, а на руски историчари како Л. Гумилёв . Или според тебе кубанските Козаци се кавкаски Словени ? Целиот бит, култура и изглед на Козаците зборува за несомнена врска (на Словените) со степните коњаници.

https://ru.wikipedia.org/wiki/Хазарскиј_миф_(происхождение_казаков)
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.281
Поени од реакции
22.555
Кога сме кај фризурата таа има повеќе имиња.
Украински : чуприна ,чуб (крест,кикиришка кај птиците и животните на главата),оселедець (харинга)
Руски : Хохол (перче)

@red baron има повеќе групи на козаци кои живееле надвор од денешната територија на Украина, а некои дури немаат никаква врска со словенското население
Дунавски козаци (Задунајська Сiч)
Некрасовские казаки
Еврејски козаци !??!? :cautious:
Турски козаци
Татарски коцаци (татари христијани)
Персиски козаци
Албазинцы (кинеско-руски козаци од подрачјето на северна Кина )
Црвени козаци (Червоне козацтво)
Слободни козаци ( Вільне козацтво)
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.016
Поени од реакции
11.204
Да имаше барем малце од генезата,културата или духот од Козаците во Бугарскиот народ, ќе беше се поинаку, барем за Бугарија.

Секогаш се бореле на страна на Русија и Руската империја иако имало периоди кога не делеле ист поглед со владетелите на Руската Империја.
Единствен врховен авторитет кон кого делумно се покоруваат е религијата.


Козаците се непокорно, пргаво, воинствено, храбро и доста праведно племе.
Си ја негуваат традицијата,религијата и културата до ден денес и уживаат голема самостојност и слобода во Русија.
За време на Екатерина 2 голем дел од нив негодувале околу нејзиното владеење, за возврат од неа орагнизирани се погроми и голем дел од Запарошките козаци се истерувани Запарожје кон пределите на Грузија и другите региони.
Во Грузија подоцно се стекнуваат со името Духаборци термин близок до нивната непокорност и храбар дух, односно борбата против асимилацијата и присилното менување на религијата(муслимизирање, католизирање и тн).
Постои мит кога се бориш со Козак исто како да се бориш против дух.


Исто така голем дел од нив биле против Сталин и комунистичка СССР, па и во тој период се вршени погроми врз нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom