Кога престанува слободата на говор, а започнува говорот на омраза?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ова прашање отсекогаш ми било интересно за дискусија. Слободата на говор е нешто за кое последниве децении се повеќе се дига прашина, протести. Со интернетот истото уште повеќе доби на значење. Блогови, социјални мрежи, форуми.... Се повеќе доаѓа до израз можноста да си го изразиме сопственото мислење.

Сите се согласни дека слободата на говор е битна. Но, што кога истата се претвора во говор на омраза? Секаде говорот на омраза се санкционира (цензурира), но сторителите би рекле и дека тоа е слобода на говор.

Е сега тоа ми е клучната дилема. Што кога овие две се преклопуваат? Која е преломната точка кога слободата на говор станува говор на омраза?

За едни некоја изјава може да се протолкува како користење на правото на слобода на говор, за други тоа е отворено ширење омраза...

Има ли според вас некое решение и дали сметате дека цензурата е најефективниот начин?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И ширењето на омраза е слобада на говор.
Е па поентата е тоа да го продискудираме де... дали е или не е?
Пиши малце поопширно зошто мислиш така?
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Слободата на говор во принцип преставува можност да критикуваш одредени сегменти од општеството без да бидеш санкциониран. Е сега кога таа критика се префрла врз малцински или заштитени групи на општеството , станува говор на омраза.

пример: Ако во Македонија ја критикуваш власта , македонското население , стрејт заедницата , христијанската заедница - тогаш е слобода на говор. Ако ја критикуваш албанската заедница , муслиманската заедница , хомосексуалната заедница - тогаш тоа е говор на омраза ;)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.751
Поени од реакции
4.520
И ширењето на омраза е слобада на говор.
Зависи што подразбираш под слобода на говор.
Една верзија е да кажеш било што во било кое време на било кое место или аналогија на „апсолутна слобода на говор“.
Втора верзија е слобода на говор не ограничена од човечки закони(зошто е ова лошо и зошто цензурата е ******* на сите ни е повеќе од јасно) туку од етички и морален код на секој поединец.

Јас бидејќи се водам по таа логика дека мојата слобода не смее да ја повредува слободата на останатите поединци или групи луѓе и обратно изборот паѓа на втората верзија.

Понатаму од чиста логика бидејќи не постои ништо апсолутно не е возможно такво нешто како првиот пример.
Доколку сакаш да го кажеш своето мислење секогаш(скоро секогаш) постои начин да ја реформулираш изјавата со цел да се избегне омраза на говор.
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 17:28 ---
П.С Едно е употреба на слобода на говор, а сосем нешто друго е злоупотреба на дотичното право.
 
L

Luki Junior

Гостин
Тава ме потсеќа по малку на праве ли дрвото звук коа паѓа, а нема кој да го слушне...
У целата работа на слобода на говор е да има кој да те слушне...
На Диоклецијан му објаснувах за ерменскио поп...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Слобода на говор да, но да се говори за општи работи, за општи теми, без разлика дали станува збор за политика или пак за теми од секојдневието, лични незадоволство од ХХХ работи и личен став по одредени работи и прашања и.т.н.
Но кога некој ќе почне да споменува имиња и презимиња, кога ќе почне да прави лични дисквалификации и да дели лични навреди(па дури и по неговото семејство/блиските) е да тоа мислам дека треба строго да се санкционира !
Слобода на говор ДА, но говор на омраза(лични навреди, плукања и дисквалификации) НЕ - ова е мое лично мислење по темава !
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Јас лично проблемот го наоѓам во немањето критична маса која е составебна првенствено од независни интелектуалци и тоа од повеќе сфери, како образование,здравство правосудство, одбрана новинарство и.т.н

Зависни интелектуалци се марионети и воопшто не се интелектуалци, ниту новинари, правници или доктори па и економисти туку перачи на мозок, многу добро си забележала крејзи.

А и ова е солиден пример кој држи вода:


Слободата на говор во принцип преставува можност да критикуваш одредени сегменти од општеството без да бидеш санкциониран. Е сега кога таа критика се префрла врз малцински или заштитени групи на општеството , станува говор на омраза.

пример: Ако во Македонија ја критикуваш власта , македонското население , стрејт заедницата , христијанската заедница - тогаш е слобода на говор. Ако ја критикуваш албанската заедница , муслиманската заедница , хомосексуалната заедница - тогаш тоа е говор на омраза ;)

Altair мислам дека заштитени е поправилен термин;)
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Зад паравано на слобода на говор се минат ного нешта, вклучително и говоро на омраза.
А коа се случува такво нешто, говоро на омраза е најчесто знак на немоќ. :)
И зад параванот на говор на омраза врвет многу забрани, а можда и тужби. Тешка глупост. Се треба да е дозволено па народот нека предудит кого ќе слушат и кого не. Народот е секогаш во право.
 
Член од
21 мај 2011
Мислења
165
Поени од реакции
77
Слободата на говор треба да оди дотаму до каде што ти дозволува системот на вредности што го имаш зацртано во главата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Да се концентрирам на форумов, се додека критикуваме нечии ставови, јас не би поставила граница.
До последно нечиј став е во ред да се критикува.

Но никогаш не сметам дека е во ред да се критикува личноста, од причина што е бесполезно. Никој никому не е во кожа.

Не сметам дека е ,,говор на омраза,, да искритикуваш (грубо) нечиј став, но личниот напад е говор на омраза, и многу повеќе од дискусија, или несовпаѓање на мислења.

Барем за мене има очигледна разлика меѓу:
Крејзи, ова што го збориш нема врска, еден куп глупости собрани на едно место...

и

Крејзи, глупа си и досадна, се понашаш нешто тука...

Првото, колку и да сум или не во право, е сепак мислење против мислење.
Второто е лично.

Да не се сфатиме погрешно, пример дадов со тебе :) :) :)

Инаку, во сите останати сфери, можам да се согласам со Смихајло. Потполно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom