Книги кои би ги препорачале

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Покрај "Среќниот принц и други раскази", која е сет од неколку разкази за деца и за возрасни, топло, најтопло, ја препорачувам и "Куќата на Калинките" од Вајлд која е сет на бајки за деца и за возрасни.

Оваа книга е составена од 4 бајки: "Младиот крал", "Роденденот на Инфанта"," Рибарот и неговата душа" и Момчето ѕвезда".

Сржта на првата приказна се состои во самоинтерпретацијата на сништата на некрунисаниот млад крал, чиј двор се фокусира крунисувањето да остане незаборавно, неговата круна да ги има најцрвените рубини и најголемите бисери и неговата наметка да биде сошиена од најдобрите материјали. Сите го гледаат раскошот, а позади тој раскош стои смртта, болката и глатта.

Во еден пасус, во "интеракцијата" меѓу кралот и кројачот, е пресликан целиот живот на еден поданик, припадник на заборавениот општествен поданички слој кој е столбот на производствениот процес каде ја обработува земјата и ги плаќа даноците:
Во војна силните прават робови од сиромашните. Ние мора да работиме за да живееме, а тие да ни даваат толку мали плати со кои ние умираме. Ние цел ден работиме за нив, тие грабаат злато во нивната каса, нашите деца исчезнуваат предвреме, а лицата на оние кои ги сакаме стануваат тажни и зли. Ние го береме грозјето, а друг го пие виното. Ние сееме пченка, а нашиот амбар е празен. Имаме синџири, иако нивното око не ги гледа. И сме робови, иако не нарекуваат слободни.

Книгата е во издание на Ѓурѓа.
"Среќниот принц и други раскази" од Оскард Вајлд.

Малечно книжуле, од 50-тина страни, составено од неколку раскази на Вајлд како за деца, така и за возрасни, во издание на Магор.

Убаво е како позрасен кога можеш одново и одново, со повторно и повторно читање на ова дело, да се патува во светот на децата, но и да се вадат убави поуки за животот. Иако приказните се напишани на тој начин, ова не е детска книга, далеку од тоа, нешто налик "Малиот принц".

Првата приказна можете да ја најдете тука. :noze:

Прегледај го приврзокот 331015
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Друштво што има преведено од Рилке кај нас и кај може да најде? Немам сретнато никаде до сега. :)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.294
Поени од реакции
8.735
Друштво што има преведено од Рилке кај нас и кај може да најде? Немам сретнато никаде до сега. :)
Јас ги имам Записите на Малте Лауридс Бриге, издание Ѕвезди на светската литература и Pisma mladom pesniku на српском језику у издању Графос - Београд. Првата може во секоја книжара да се најде, втората антикварно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.858
Друштво што има преведено од Рилке кај нас и кај може да најде? Немам сретнато никаде до сега. :)
1. Поезија, избор - КСЦ, 2014 (Ѕвезди на светската книжевност)
2. Записите на Малте Лауридс Бриге - КСЦ, 2014 (Ѕвезди на светската книжевност)
3. Избрана поезија - Арт Еквилибриум, 2020
4. Писма до младиот поет - Феникс, 2004
5. Писма (од Рилке, Пастернак и Цветаева) - Три /Арс Ламина - 2015 (Ѕвезди на светската книжевност)
6. Дуински елегии / Сонети за Орфеј - Македонска книга / Култура / Мисла / Наша книга, 1983

И плус уште по нешто во некои антологии.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.188
Ne najdov soodvetna tema pa da prasam ovde: Dali ima dobar prevod na LOTR na Makedonski i koja verzija( ako ima povekje) ja preporacuvate?
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.821
Поени од реакции
7.140
Ne najdov soodvetna tema pa da prasam ovde: Dali ima dobar prevod na LOTR na Makedonski i koja verzija( ako ima povekje) ja preporacuvate?
Мислам дека има еден постар превод, а тој е малку сомнителен, благо речено.Мислам дека е на египетска сонувалка.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Мислам дека има еден постар превод, а тој е малку сомнителен, благо речено.Мислам дека е на египетска сонувалка.
Не е овој единствениот превод на Господар на прстените?
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.009
Ne najdov soodvetna tema pa da prasam ovde: Dali ima dobar prevod na LOTR na Makedonski i koja verzija( ako ima povekje) ja preporacuvate?
Јас ја имам преведена и издадена од АЕА и не сум баш задоволен од преводот , а посебно нервира што имињата и презимињата се преведени на македонски . За други преводи на македонски незнам дали има или не .
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.188
Јас ја имам преведена и издадена од АЕА и не сум баш задоволен од преводот , а посебно нервира што имињата и презимињата се преведени на македонски . За други преводи на македонски незнам дали има или не .
Kako mislis prevedeni? Neli Aragorn e Aragorn i Frodo e Frodo?
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.821
Поени од реакции
7.140
Не е овој единствениот превод на Господар на прстените?
Да, да. Мислам дека засега е само тој превод на Господар на прстените. Е, сега, дали арс ламина дали планираат и тоа да го преведат, не знам.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.622
Поени од реакции
26.449
Јас ја имам преведена и издадена од АЕА и не сум баш задоволен од преводот , а посебно нервира што имињата и презимињата се преведени на македонски . За други преводи на македонски незнам дали има или не .
Како имињата им се преведени ?! И тие книги ли се масакрирани како Хари Потер ?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Vo nikoj slucaj
Koga pocnav na mladi godini, ne pametam od koj prevedena i izdadena, uste se ebavav so biblioteki, no mene prevodot mi bese uzas i ako prodolzev ke si go unistev serijalot
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.009
Kako mislis prevedeni? Neli Aragorn e Aragorn i Frodo e Frodo?
Претежно е така кај презимињата ... на пример Underhill е преведено како Подридски или слично ... има и други такви глупости
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.188
Претежно е така кај презимињата ... на пример Underhill е преведено како Подридски или слично ... има и други такви глупости
Морам да кажам дека и кај Германската верзија е така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom