- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
БУЧКОВСКИ КОНТРОВЕРЗЕН - ОВА НЕ Е ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Концептот за Македонија како нација - држава (национална држава на македонскиот народ), со Рамковниот договор е напуштен. Оваа реченица во предговорот на книга посветена на конфликтот во 2001-та, ја напишал поранешниот премиер и екс министер за одбрана, Владо Бучковски.
Книгата е финансирана од Институтот Сорос, а коавтори се уште тројца. Иако се уште официјално непромовирана, таа кај дел од експертската јавност предизвикува остри реакции.
Токму делот во кој Бучковски зборува дека Македонија не може да се дефинира како национална држава на македонскиот народ, отвора една сериозна дебата, за која експертите се уште не сакаат јавно да зборуваат, со образложение дека чекаат официјално толкување од авторите. Сепак потенцираат дека оваа теза е контроверзна и во најмала рака опасна, бидејќи во светот постојат многу мултиетнички држави, но речиси сите во основата се држави - нации.
- Ако Македонија не може да се дефинира како национална држава на македонскиот народ, тогаш се отвора сериозно прашање, има ли македонскиот народ своја национална држава?, коментираат дел од експертите, потенцирајќи дека дополнителен проблем е тоа што вакво прашање се отвора токму во период на интензивни преговори со Грција за името на државата и сериозните обиди за негирање на македонскиот идентитет.
Професорот Владо Бучковски, со образложение дека договор со авторите било до промоцијата, која е закажана за в понеделник, да не се зборува за книгата, денеска се обиде дополнително да ја образложи тезата за напуштениот концепт на Македонија како држава национална на македонскиот народ.
http://www.sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=81439B35774F8A4AA5BE8684FFC578BC
Негатори на Македонија и македонскиот народ во самата Македонија еј .... и тоа луѓе со функции ..
Дали и ова е демократија ... или јас незнам штое демократија ? (ова е до Марсовка, Месија, Icewoman -кои подржуваат Герополус демократија - и слични некои подржувачи на овакви „демократии“ и начин на искажување и труење на Македонскиот Народ) ц ц ц ц ...