Климактериум

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Критичната возраст - сите жени знаат дека ќе ги стигне. Малку од нив се подготвени, повеќето го игнорираат тој факт. Затоа што "критичната возраст" се поврзува со губењето на младоста, на способноста со продолжување на родот, таа навестува старост. Но, во однос на климактериумот не може да се даваат претскажувања. Некои жени имаат силни жалби, други - никакви. Критичната возраст е најмногу душевна преодна фаза и од самите жени зависи дали ќе излезат од неа со повеќе сили, стабилност и поголема самодоверба.

Поимот "менопауза" означува крај на месечниот циклус и безменструална состојба после тоа. Времето пред тоа - со сите физички промени се нарекува климактериум или критична возраст. Кај некои жени тоа трае 1-2 години, кај други - една деценија и повеќе. Некои од крајно непријатните појави можат да продолжат долго после последниот циклус. Скоро една третина од жените не го ни чувствуваат климактериумот, исто толку жени го доживуваат бурно и непријатно, а останатиот дел - средно.

Што се случува во таа фаза?

За време на климактериумот жените минуваат низ хормонален преод. Јајниците произведуваат се помалку естроген и гестаген (естроген меѓутоа се произведува во мали количини долго после менопаузата). Телото реагира со најразлични симптоми:
- промени во менструацијата: ретки циклуси, продолжување или прекин на циклусот, послабо или посилно крварење итн.
- топли бранови: најчесто придружени со црвенило на кожата - кај некои жени ноќе, често пати со отоци на нозете. После такви "жешки облевања" често следува вистинско пливање во пот, потоа интензивно мрзнење.
- надуеност на стомакот, хемороиди, инфекции мочните патишта.
- нарушувања во циркулацијата, проблеми со вените: најмногу тежина во нозете, проширени вени, промени на крвниот притисок.
- остеопороза: намалување на калциум во коските, поради кое тие стануваат тенки и кршливи.
- нагласена чувствителност на градите: тежина или болки.
- промена во кожата, косата, ноктите: најмногу поради намалените естрогени кожата станува опуштена, задржува помалку течности, чувство дека е сува или чеша. Чешање се појавува и во вагината, кое може да ги отежни сексуалните односи. Некои жени забележуваат дека ноктите им се кршат полесно и дека косата паѓа.

Традиционални методи

За време на климактериумот се изведува лечење со естрогени (понекогаш и со машки хормони). Истото важи и за менопаузата, при што се земаат и гестагени.

Алтернативни методи

За добрата здравствена состојба по принцип решавачки се движењето, спортот и балансираното хранење.


Остеопороза: трошливи коски

По 35-та или 40-та година од животот телото постепено почнува повеќе да го разградува, отколку да го изградува својот коскен систем. Тоа е нормална состојба, што не е задолжително да создава проблеми. Но, кај жените после менопаузата може да дојде до остеопороза. Можни последици се: кршење на коски при најмал напор, набивање на пршлените кои водат до создавање грпка и неподносливи болки.
Затоа треба превентивно да се консумира калциум (млечни производи).

За време на климактериумот многу жени добиваат реума, болки во прстите на рацете, колената.

Со стареењето, ѕидовите на крвните садови ја губат својата еластичност. Внесувањето многу маснотии во организмот може да доведе до повишување на холестеролот и на нивото на шеќерот во крвта и до зголемување на тежината. Некои жени и покрај тоа што спортуваат за време на овој период, сепак тие добиваат на тежина. Најважно е повеќе да се консумира зеленчук, храна со многу витамини и млечни производи. Треба да се избегнува месото, белото брашно и премногу маснотии.

Од климактериум најсилно страдаат жени со ниска самодоверба, а другите кои се почитуваат себе си и се чувствуваат сакани и потребни - имаат далеку помалку тегоби. А многу жени кои се ангажирани со професијата и личниот живот велат дека речиси не го ни забележале климактериумот.

Секс - помала или поголема желба?

Секоја жена повеќе или помалку има во телото андрогени - т.е. машки хормони кои "одговараат" во организмот за либидото. Истовремено можат да се појават и фактори кои и пречат на желбата: поради недостаток на естрогени, вагината станува посува, понееластична, поранлива и поподложна на инфекции. Последицата: болки за време на секс.

Предвремен климактериум

Се мисли на климактериум ако менопаузата настапи пред 40-годишна возраст. Засегнатите жени често пати забележуваат што се случува кога нема да имаат менструација половина година или повеќе. Ако не е веќе доцна, менопаузата може да биде забавена со неколкугодишно лекување со медикаменти.

Хранење за време на климактериумот

ВИТАМИН А
Важен за: кожа, лигавици, зарастувањето на рани, очи.
Има во: риба, млечни продукти, зелена салата, жолчка, спанаќ, моркови, кајсии, зеленчуци.

ВИТАМИН B
Важен за: нерви, кожа, лигавици, одделни витамини од групата B против главоболка, болки во нозете, чешање.
Има во: житарици, зрнести производи, семки, риба, месо.

ВИТАМИН C
Важен за: против топли бранови
Има во: цитрони, зелка, јаболко

ВИТАМИН D
Важен за: регулирање на калциумот
Има во: рибино масло, риба, жолчка, млеко.

ВИТАМИН Е
Важен за: важен за снабдување на половите органи; срце и циркулација.
Има во: зеленчук, ф`стаци, цветен прав.

ВИТАМИН F
Важен за: неговиот недостаток води до срцеви заболувања, проблеми со циркулацијата, црниот дроб, нервите, рак.
Има во: семки

КАЛЦИУМ
Важен за: здрави коски, против топли бранови
Има во: млеко, млечни производи, сенф, семки, сусам.

ЖЕЛЕЗО
Важен за: го снабдува телото со кислород, против анемија на крвта.
Има во: спанаќ, зелен зеленчук, црвена репа, јајца, шумски плодови, македан.

МАГНЕЗИУМ
Важен за: обновување на клетките, црниот дроб, дејствува балансирачки на нервниот систем, го намалува процесот на стареење.
Има во: семки, соја, млеко, јајца.

ФОСФОР
Важен за: производство на хормони
Има во: житарици, лук, моркови, семки, риба, грозје.

БЕЛКОВИНИ
Важни за: обновување на клетките.
Има во: риба, месо, млеко, млечни производи, јајца, соја.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Форчун мила, фала ти шо мислиш на мене. Сеа ќе и' нарипам на оградана надвор да се обскрбам со железо, за почеток.:wink:
Не, стварно добра идеја за тема, независно што во моментов - според старосната структура на форумџијките, сигурно на памет не им паѓа дека часовникот работи само во една насока - и тоа многу брзо. Тик-так, тик-так. Француски женици кркаат хормони да ги успорат, да ги пролонгираат или дури избегнат сите горенаведени промени, ама не знам колку е тоа докажано ОК.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Невен против тегоби во климактериумот

Со билните капки "климаксин" наизменичните топли-ладни бранови сосема исчезнуваат и проблемите со циркулацијата се решаваат

Климактериумот е нормална еволуција на женскиот организам. Тогаш дефинитивно завршува менструацијата, што означува крај на можноста за репродукција. Таа состојба се случува меѓу 45-та и 55-та година кај жената. Тој менструален застој не се случува наеднаш, туку му претходат некои симптоми, неуреден менструален циклус наречен преклимактериум. Се смета дека дефинитивно настапува крај кога менструацијата не се јавува во период од 12 месеци. Тогаш може да настанат следните симптоми: чувство на жештина со црвенило на лицето, обилно потење, несоница, главоболка, лошо расположение, иритабилност, нервоза и покачен крвен притисок. Овие дисфункции траат обично 3 до 5 години, а можат да траат и многу подолго.

На таа биолошка состојба не треба да се гледа како на некоја болест против која треба да се бориме со хормонска терапија или со таблети за смирување, спиење или против депресија. Тие супстанции се опасни и можат да ги претворат вообичаените непријатности на климактериумот во вистински патолошки нарушувања со нарушена меморија, сон, распаѓање на личноста и нагло стареење. Навикнувањето на овие хемиски супстанции со време создава зависност. Затоа не треба да се претерува во овој период. Меѓутоа, сепак треба да се земе предвид дека новонастанатата хормонална ситуација (загуба на хормони) може да влијае на коските и да предизвика остеопороза, зголемен холестерол, намалување на видот, атрофија на ткивата и мускулите, масни наслаги, губење на меморијата, намалување на концентрацијата, болки во зглобовите, проблеми со циркулацијата на крвта, шеќерна болест и др.

Вештачкиот хормонски надомест кај жените чија цел е вештачки да го продолжат менструалниот циклус е противприроден и опасен. Создава зависност и органите веќе не се способни сами да функционираат. Тие ја нарушуваат рамнотежата во исхраната и предизвикуваат недостиг на витамините Б и Б6, Ц, Е и на цинкот. Го нарушуваат и метаболизмот на мастите. Во тој случај може да се развие и рак на матката.

За подобрување на симптомите во климактеричниот период без употреба на јаки лекови треба да се внимава на исхраната. Треба да се внесува храна богата со калциум, заради избегнување на симптомите на остеопороза, кои почнуваат со болка во грбот и во зглобовите и кои со тек на време може лесно да доведат до скршеници. Оние жени што биле активни во текот на целиот живот имаат помалку проблеми со коските од тие кои биле физички неактивни. Вегетаријанскиот начин на исхрана се покажал добар за превенција од остеопороза. Остеопорозата, освен поради недостиг на калциум, може да се јави и поради недостиг на флуор, силициум, витамин К, фосфор, магнезиум, витамин Ц и Д. Сите тие се наоѓаат во разни овошја и зеленчуци. Обилното потење е добро бидејќи се исфрлаат токсини, но тоа може да доведе до губење на минералите, кои мора да се надоместат со соодветна храна. Треба да се одбегнуваат сол и млечни производи, чај, кафе, алкохол. Ако повеќе години однапред се внесува вегетаријанска храна ќе може да се одбегнат непријатностите, а и потешките здравствени проблеми како: разни гинеколошки проблеми, деформација на скелетот, тумори, рак, инфекции, проблеми со циркулацијата на крвта, шеќерна болест, проблеми со очите и др. Освен со исхраната, тие проблеми можат да се регулираат со фитосупстанции, кои ги имаат истите својства како и женските хормони, а кои се без никакво штетно дејство.

Одлично решение за сите проблеми што се јавуваат во овој период се билните капки "климаксин". Направени се од невен, маточина и овчарска торбичка. Тие се апсолутно безопасни и многу се делотворни. Немаат никакви контраиндикации и несакани појави. Со овие капки се избегнуваат непријатностите предизвикани од хормоналниот дебаланс во климактериумот. Со нивно користење се намалува потењето и црвенилото на лицето. Наизменичните топли-ладни бранови сосема исчезнуваат. Проблемите со циркулацијата се решаваат и притисокот се нормализира. И нервниот систем се средува па така се намалуваат нервозата, иритабилноста и несоницата. Главоболката, која исто така не ретко може да се јави, се намалува со овие капки.
 
Член од
20 јуни 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Za zal deneska sve pomladi i pomladi devojki vleguvaat vo klimaks.neznam sto e pricinata?
 
Член од
29 август 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво кајганџики, си имам мака и добро што ја најдов темава. Јас имам повеќе симптоми на менопауза, кожата ми стана сува а не ми беше, топло-ладни бранови, нередовен циклус и нешто што многу ме мачи ми е сувоста на вагината и пецкањето кога одам во тоалет. Се хранам здраво и читам дека се препорачува да се јаде соја за зголемување на естрогенот. Кое е вашето мислење и ве молам за совет.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
28 јули 2017
Мислења
11
Поени од реакции
2
Здраво кајганџики, си имам мака и добро што ја најдов темава. Јас имам повеќе симптоми на менопауза, кожата ми стана сува а не ми беше, топло-ладни бранови, нередовен циклус и нешто што многу ме мачи ми е сувоста на вагината и пецкањето кога одам во тоалет. Се хранам здраво и читам дека се препорачува да се јаде соја за зголемување на естрогенот, но од друга страна сојата е генетски модифицирана. Кое е вашето мислење и ве молам за совет.
Дали си пробала да користиш вагиналети? Мајка ми ги користи PROBalans Lady на PharmaS и презадоволна е.
 

Attachments

Последно уредено од модератор:
Член од
29 август 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
Дали си пробала да користиш вагиналети? Мајка ми ги користи PROBalans Lady на PharmaS и презадоволна е.
Не сум ги користела овие вагиналети, која цена се и каде може да се најдат?
 
Член од
28 јули 2017
Мислења
11
Поени од реакции
2
Мајка ми ги земала од аптека Виола 580 денари, а ги имало и во Зегин, Еурофарм и во другите аптеки.
 
Член од
6 февруари 2017
Мислења
16
Поени од реакции
6
Здраво кајганџики, си имам мака и добро што ја најдов темава. Јас имам повеќе симптоми на менопауза, кожата ми стана сува а не ми беше, топло-ладни бранови, нередовен циклус и нешто што многу ме мачи ми е сувоста на вагината и пецкањето кога одам во тоалет. Се хранам здраво и читам дека се препорачува да се јаде соја за зголемување на естрогенот, но од друга страна сојата е генетски модифицирана. Кое е вашето мислење и ве молам за совет.
Сојата и тофуто го регулираат естрогенот и секако ќе ти помогнат. И покрај правилната исхрана треба да бидеш и физички активна.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
29 август 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
Мајка ми ги земала од аптека Виола 580 денари, а ги имало и во Зегин, Еурофарм и во другите аптеки.
Фала за препораката, почнав да ги користам PROBalans Lady и во составот имаат и изофлавони кои помагаат за атрофија на слузница.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom