Кисела вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Fcu
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да знае дали веќе е реконструирана патеката за трчање кај пругите?
 
Годината е 2999. Има облакодери високи до 1км и летачки автомобили а Фиком уште седи полуизграден/распаднат.
 
Некој да знае дали веќе е реконструирана патеката за трчање кај пругите?
Уште не е. Седи така, ништо не е преземено.
Минатата недела возев со точак, целото беше со езера, дека врнело минатиот ден.
 
@POWER-MKD жив си друже? Гледам и функција си лапнал некоја :D
Почнаа да се будат жителите на општината, откако општинарите решија да ги збогатат Кисела Вода, Црниче и Пржино со 200 нови згради.
Менување на ликот на населбите, на штета на граѓаните.

Во Пржино веќе неколку денови траат протерстите на група граѓани од улица „Пржино“. Имаше и инциденти со инвеститорот, како и со полицијата. Инвеститорот им се цепал на жителите на улицата, ама кога му се собравме повеќе луѓе минатава недела, се скри во дупката, чекаше да дојде полиција за да го вади. Бетер од шипци сме биле, во Чаир полесно ќе изградел :D
Утре се оди на мирен собир од целата населба, иако ние засега сме најмалку загрозени. Додека во Црниче и Кисела Вода спиеа почнаа да им никнуваат еден куп згради, не личат на себе населбите. Ние ќе се обидеме од старт да се кренеме, иако во државава гласот на народот се множи со нула.
СТОП ЗА ЗГРАДИ НА СЛАВИЈА!!!
 
Каде е собирот и во колку часот?
најдобро е директно кај Темел дома, пред врата.
 
Додека акцентот е на Пржино и Расадник, од карши кај Автомакедонија ќе го накрцаат со згради! Тримлум ја завршува, до неа почнуваат нова! Ок, ионака беше ругло ама ако го направат како 3 МУБ кутија до кутија, ексик!
 
Тоа беше прашање на време.

Се надевам ќе направат асална улица помеѓу 11ти Октомври населбите и по некоја грешка парк или библиотека. Од библиотека нема пари а парк направија поред пругата така да ќе има само згради, згради и повеќе згради.

Бтв се планира и тоа зградичето што е карши Супер Тинекс да се руши и да се крене големо зградиште.
 
Кисела вода 2021

file-20191201-156090-vgtqcx.jpg
 
Џам ќе свиткате со протестот :D
Тој купил парцела, платил за комуналии, можеби и шитнал станови уште не почната градбата и ќе гради.

Истото беше и со зградата на Настел на 8ми Септември, истото беше и со зградата кај Мајчин Дом, ама и двете се изградија и плус становите беа продадени уште не турено темели.
 
Со една важна разлика, Пржино не е Аеродром :D
Протестите не се толку за оваа зграда, знаеме дека е веќе завршена приказна. Проблемот се уште 10 други згради кои планираат да се градат. Исто така, жителите на Пржино веќе успеаа да стопираат изградба на зграда, но со тужба од страна на граѓаните од улицата. Ги утепаа на правниот терен.
Зградата кај Мајчин дом ја градеше Грчец мафија, а таму правото не помага :D

Сите размислуваат како тебе, затоа Скопје стана шталетина со зграда на секое место. На долг рок, Скопје -> странство, внатрешноста -> Скопје, шпонови од селата -> внатрешноста + Скопје. Лека полека се збогуваме од секој град и секое маало, баш затоа што луѓето се пички за да се спротстават.
Каде пишува дека МОРА ТАКА ДА БИДЕ? Ние сме им дозволиле и им дозволуваме да биде така.
 
Каде што бушат парите ни бургија не буши.
И таа вашата мафија во Пржино за некоја илјадарка ќе си ја подвитка опашката ;)
 
Јасно де, никој не негира дека парата ја отвора секоја порта.
Што останува ако никој не се буни? :D

И јас знам да речам џабе се буните, секако ќе ви изградат. Што да направат луѓето за да се спречи лудилото во Скопје, а решението да не биде преселба во странство?
Мене многу ми се погревни оние што се смеат од страна на оние што се обидуваат да истераат правда. Да излезат и они на улица, ќе биде подруго. Старите ги направиле помладите генерации да бидат меки, за ништо да не се бунат, затоа не сере кој стигне.
Расадник е огромно маало, да излезат 10% од граѓаните, има доволно луѓе да ја запалат цела општина. Ама, треба истрајност, треба напор и покажување муда. Пример Трнодолците :D

Македонецот чека друг да му ја тера битката и секогаш има оправдување.
 
Битно членов имал многу мислења против Албанци(нивното дејствување во РМ), политичари, курци палци ама кога треба да се буниме за нешто, абе ај шо се буните џабе е се.

Која е таа работа шо може да се направи ако маса народ е против тоа, не знам колку кеш и моќ да иам, ако ми застана цела младина од некоја населба пред врата ќе се посерам, така е и со се во животот, нема ништо на светов што може да победи истрајност и единство ама ние сме такви какви што сме си па после ќе ни биде крив не знам кој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom