- Член од
- 6 јуни 2009
- Мислења
- 3.094
- Поени од реакции
- 445
Ова.Е што ќе става нешто свое кога човекот е веб дизајнер-програмер што и да е. Треба така поупатен човек да е одговорен за тоа и да пишува рецензии или што и да е за филмови итн. Ако не можеш сам..или нема кој да ти пишува едноставно можеш да направиш некако посетителите да пишуваат рецензии ...еден вид коментари за филмовите.
------------
За да има вести и рецензии и такви работи треба да има филмски новинари, а по можност и критичари. Кај нас такви новинари нема. Кај нас има само политички новинари.
Нема оти, меѓу другото, нема публика. Нема публика оти нема кина. Во целава држава има 5-6 активни кина. Кај нас филмската култура скоро нема заради тоа, а тоа што го има функционира преку телевизија и преку 5 месеци задоцнети пиратски изданија. (и во идниниа евентуално преку легитимни системи за онлајн дистрибуција, како netflix во САД кои исто се со задоцнети изданија).
Со немање кина и сајтов ќе нема голема публика. Ако имаше без проблеми може да функционира само како информатор за кина, без вести и рецензии. (под функционира мислам да има релативно поголема посетеност).
Инаку, практична можност ќе биде да има архива на сите прикажани филмови во сите кина сосе податоци кога се прикажувале.