Кино.мк совети/предлози/забелешки

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Е што ќе става нешто свое кога човекот е веб дизајнер-програмер што и да е. Треба така поупатен човек да е одговорен за тоа и да пишува рецензии или што и да е за филмови итн. Ако не можеш сам..или нема кој да ти пишува едноставно можеш да направиш некако посетителите да пишуваат рецензии ...еден вид коментари за филмовите.
Ова.
------------
За да има вести и рецензии и такви работи треба да има филмски новинари, а по можност и критичари. Кај нас такви новинари нема. Кај нас има само политички новинари.
Нема оти, меѓу другото, нема публика. Нема публика оти нема кина. Во целава држава има 5-6 активни кина. Кај нас филмската култура скоро нема заради тоа, а тоа што го има функционира преку телевизија и преку 5 месеци задоцнети пиратски изданија. (и во идниниа евентуално преку легитимни системи за онлајн дистрибуција, како netflix во САД кои исто се со задоцнети изданија).
Со немање кина и сајтов ќе нема голема публика. Ако имаше без проблеми може да функционира само како информатор за кина, без вести и рецензии. (под функционира мислам да има релативно поголема посетеност).

Инаку, практична можност ќе биде да има архива на сите прикажани филмови во сите кина сосе податоци кога се прикажувале.
 

sasha4fiercef

Титула по желба
Член од
9 август 2011
Мислења
167
Поени од реакции
64
Дали ти уствари размислуваш пред да напишеш нешто? imdb е алфа и омега за филмови, серии, па и игри, и све што е поврзано со филмската индустрија. Каде на друго место да ги прати луѓето да читаат повеќе за филмот, ако не на imdb. Значи не ги праќа на топ-шоп.com goddammit, туку на сајт што е наменет за филмови.
Незнам брат ти ако си Магистар по маркетинг ние неможеме тоа т.е не сме сите опасни ко тебе. Коа не сваќаш не ме цитирај или па подиректно не си дораснал оти јас како што знам многу подобро е да земиш да преведиш од таа imdb и да си ставиш на своја отколку да оставиш линк од страницата. И тоа асоцира ко у смисла: „Неможам да пишам па еве читајте си сами“.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
Потполно ве разбирам кога викате дека сајтот треба да е побогат. Дојдов до следнава идеа, само како чист пример:
Одиш во Кино и гледаш филм. Потоа на Кино.мк пишуваш рецензија за филмот. Администратор ја одобрува и објавува рецензијата. Ти добиваш гратис карта за на кој било филм во киното.
Тука малку проблем е тоа што треба веќе еднаш да си бил во кино за да земеш гратис.

Од Милениум и Рамстор се надевам дека ќе добијам гратиси за да можам да ги делам, и на тој начин да ја зголемам популарноста на сајтот, но работата е како да ги искористам гратисите не само за реклама туку и за збогатување на сајтот со квалитетни содржини...
За пишување рецензии и слично, да можам и јас, но сигурно нема толку добро да го направам колку што би го направил некој поупатен од мене (овде сам си го побивам предлогот горе).

Затоа имам 2 прашања:
  1. Да сте вие на мое место, како би ги делеле гратисите, секако по можност да помогнат во развојот на сајтот?
  2. Кои информации би ви биле битни за филмот да ги прочитате на страната, т.е. кои информации вие ги барате на нет кога читате за филмот?
 

sasha4fiercef

Титула по желба
Член од
9 август 2011
Мислења
167
Поени од реакции
64
1 - Не ми се свиѓа, поарно плати добри пари за медиумска и банер рекламација отколку тоа! Под хитно коа ќе ја официјализираш неколку банери по јакиве сајтови!
2 - У кратки црти да биде објаснат филмот, колку е должина, кои се во главни улоги! Но само по можност значи 10032523 пати реков твое да биде, ти да го составиш напишаното и да ставиш flowplayer поинтересно е така ради со линкови ко од јутуб е ѓупски. Некад не дозволуваат да ги гледаш па мораш на јутуб да се фрлаш. Фала на разбирање :X3:
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
@sasha4fierce
Фала за мислењето, секако дека се што ќе пишувам ќе е мое, сум бил у ситуации каде што голем број мои дела само се копираат, така да знам како е :)
Инаку некако подобро ми е со YouTube баш поради следните причини:
  • Можеш на некој одма линкот да му го пратиш само до видеото
  • Можеш да си го ставиш во favourites ако до толку ти се допаднало
  • Можеш да видиш на него дополнителни коментари од други корисници
  • Можеш да видиш и други трејлери во related ако има повеќе од 1 направено за филмот.
(плус црниот плеер сега мн добро се вклопува во дизајнот на страната)
А тоа ми се има случено да е забрането ембедирање, така да прво ги проверувам пред да ги ставам за да не дојде до тоа :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.532
Поени од реакции
29.080
Потполно ве разбирам кога викате дека сајтот треба да е побогат. Дојдов до следнава идеа, само како чист пример:
Одиш во Кино и гледаш филм. Потоа на Кино.мк пишуваш рецензија за филмот. Администратор ја одобрува и објавува рецензијата. Ти добиваш гратис карта за на кој било филм во киното.
Тука малку проблем е тоа што треба веќе еднаш да си бил во кино за да земеш гратис.

Од Милениум и Рамстор се надевам дека ќе добијам гратиси за да можам да ги делам, и на тој начин да ја зголемам популарноста на сајтот, но работата е како да ги искористам гратисите не само за реклама туку и за збогатување на сајтот со квалитетни содржини...
За пишување рецензии и слично, да можам и јас, но сигурно нема толку добро да го направам колку што би го направил некој поупатен од мене (овде сам си го побивам предлогот горе).

Затоа имам 2 прашања:
  1. Да сте вие на мое место, како би ги делеле гратисите, секако по можност да помогнат во развојот на сајтот?
  2. Кои информации би ви биле битни за филмот да ги прочитате на страната, т.е. кои информации вие ги барате на нет кога читате за филмот?
2. Должина, жанр кои актери се и кратко за филмот но никако сцени да откриваш туку одприлика за што се работи.
1. Како што и наведе самиот :D
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Искрено, не ми се свиѓа. Зошто? Некако ми е блед сајтот. Убава е идеата со завесите, но позадината е ужасна (сивата боја). На ваков сајт повеќе му лежи минимализам отколку ова. И да фонтот, али тоа е веќе решено колку што гледам по коментарите. Требаат некои промени, според мене. А идеата е убава. И можеш да додадеш на филмовите ко опаковка нешто (види на last.fm албумите како им се, за тоа зборам). Поздрав.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
Фала на сите за советите, дефинитивно ќе ги земам во предвид. Едно 2 недели нема да имам пристап до ПЦ, но сајтот ќе биде апдејтуван, така да ако имате други предлози, слободно ставете ги па ќе ги разгледам кога ќе се вратам :)
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
UPDATE:
Неколку новини со кино.мк
  • дополнети се информации околу филмовите, како и целосен опис, времетраење и жанр
  • мали графички измени
Е сега повторно ќе ве прашам за мислења бидејќи странава е сепак за сите а не само за мене :)
  1. Конечно добивме гратис влезници за кино милениум за филмовите од 20 и 22.30. Првите неколку ги доделив на едноставен „кој прв ќе одговори на прашањево“ систем преку FB. Но премногу ми е смотан и досаден тој систем, а и тој со „кој ќе собере најмногу лајкови“. Ме интересира како вие би сакале да се натпреварувате за гратиси за во Милениум?
  2. Трнав и маички да принтнам неколку, па го средив ова. Просто, но интересно...нешто би му смениле? :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
UPDATE:
Неколку новини со кино.мк
  • дополнети се информации околу филмовите, како и целосен опис, времетраење и жанр
  • мали графички измени
Е сега повторно ќе ве прашам за мислења бидејќи странава е сепак за сите а не само за мене :)
  1. Конечно добивме гратис влезници за кино милениум за филмовите од 20 и 22.30. Првите неколку ги доделив на едноставен „кој прв ќе одговори на прашањево“ систем преку FB. Но премногу ми е смотан и досаден тој систем, а и тој со „кој ќе собере најмногу лајкови“. Ме интересира како вие би сакале да се натпреварувате за гратиси за во Милениум?
Смени фонтот, пак ќе ти кажам. :)
А за гратисите подобро е кој прв одговори, него ли лајковите. Или пак може да се направи нешто како апликација со квиз и кој ќе има најмногу точни одговори и секое прашање да биде со различна тежина и бодови... е сега ако ги има повеќе со исти број на поени може уште едно гратис прашање, па кој прв ќе одговори од тие Х корисници да добие влезница.
 
П

Паган-др

Гостин
Е сега повторно ќе ве прашам за мислења бидејќи странава е сепак за сите а не само за мене :)

  1. Конечно добивме гратис влезници за кино милениум за филмовите од 20 и 22.30. Првите неколку ги доделив на едноставен „кој прв ќе одговори на прашањево“ систем преку FB. Но премногу ми е смотан и досаден тој систем, а и тој со „кој ќе собере најмногу лајкови“. Ме интересира како вие би сакале да се натпреварувате за гратиси за во Милениум?

Искрено, најдобар ми е random системот. Без замарање за лајкови, без тепачки кој бил прв па ми се укочи фејсбукот etc. Знам преку random.org некои го прават тоа.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Топ ти е страната....но се чудам која е смислата на чудово....т.е која ти е таргет групата...само урбаниот дел на Скопје???

Јас да сум на твое место,ќе побарам од Т-Мобиле или од некој друг оператор(или авто куќа),да ми дозволат да поставам нивна реклама бесплатно.

И ако ти дозволат....тогаш ќе се искурназиш,и ќе пушташ покани за рекламирање на твојот сајт...по фирмички и сл.(со тоа што ќе нагласуваш дека Т-Мобиле се огласува кај тебе на пример;))

И пробај уфрли уште некој у проектов,и влезете му јако....со рецензии на секакви филмови,со интервјуа од наши глумци(актерите не се толку суетни кај нас..за едно кафе ќе се нафатат:)).... итн,итн.

Оти овака како што ти е сајтот,излегува како да си направил сајт за бесплатно промовирање на Рамстор,и Милениум...а притоа самарот сам да си го носиш(плаќањето домејн)....а тоа е нон сенс.

Поздрав и со среќа.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
26
Поени од реакции
8
Duly noted :) Фала на сите за предлозите, полека но сигурно ќе ги применуваме. Секако уште забелешки/предлози се добредојдени, а кој е за во кино, наминете на ФБ страната за некој гратис :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom