Кинески производи опасни по здравје

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
На сите кои планираат да си купат летни папучки им советувам да прочитаат до крај. Несреќниов Американец пазарејќи во Walmart бендисал симпатични апостолки Made in China. По неколкудневно носење, почувствувал блага иритација во пределот кај ременчето, но бидејќи болката не била силна не обрнал многу внимание и мислел дека му се тесни. Откако болката се засилила морал да се обрати на доктор. Испаднало дека материјалот од кој што биле направени (поточно ременчињата) предизвикувал хемиска реакција со кожата предизвикувајќи изгореници. 99 од 100 Американци во овој случај би побарале разврска на суд, но несреќников едноставно побарал производот само да биде повлечен од ланецот супермаркети. Неговата приказна ја обиколи цела Америка.

П.С. Oткако по еден месец дошол во истиот маркет, нашиот херој ги видел во продажба истите папучи.














 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Страшно. Уфф. Човек да не може ни едни апостолки со сигурност да си купи.:nerv:
Не знам само зашто не ги тужел кога видел дека не ги повлекле од продажба.Тоа додуша требало да ги тужи и претходно, ама ај.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Јас имам кинески апостолки, веќе трета година ги терам и ништо не ми е. Ух, сум имала среќа.:)

Само не ми е јасно со кој памет не ги повлекле од продажба?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Нели имаше и кај нас еден случај со девојка на која и скапала ногата од радиоактивни кинески чизми?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нели имаше и кај нас еден случај со девојка на која и скапала ногата од радиоактивни кинески чизми?
Да, баш вчера дознав за случајот со чизмите. Ги купила од овие нашиве кинески продавници и по брзо време и се инфицирала ногата ли или имала некоја инфекција, не знам точно што било, знам само дека е вистинита приказнава.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Епа тоа Ви е пластика, кинеската пластика и гума не се добри, поради начинот на кој ги вулканизираат, за вулканизацијата употребуваат суровини кои се секундарен производ, односно се рециклирани, за да ги подобрат својствата на пластиката или гумата, ставаат метанал(формалдехид) и фенол, но и тука ја оплескуваат работат наместо да користат безопасен катализатор амонијак(безопасен е затоа што лесно испарува, па за кратко време неговото присуство во пластиката е минимално), тие ставаат киселина...после реацијата киселината останува заробена во пластиката во вид на мали капки, при контакт на пластиката со ногата, телесната температура ја омекнува пластиката и тогаш киселината излегува и ја оштетува кожата, предизвикува изгореници кои се многу болни и тешко се лечат...
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Одвратно.. Е па затоа и кинеската роба е толку евтина.. Јас до сега немам купувано од кинески прадавници ништо.. се жалат дека робата не е квалитетна, веднаш се кини.. патиките смрдат.. и по ова што го прочитав.. бљак..
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Да,баш вчера дознав за случајот со чизмите.Ги купила од овие нашиве кинески продавници и по брзо време и се инфицирала ногата ли или имала некоја инфекција,незнам точно што било,знам само дека е вистинита приказнава.
Ова се има случено на роднина на моја познаничка. Не само што и` предизвикале инфекција, туку чувствувала цело време некоја вжештеност и неприродно потење на ногата.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
имам слушнато и дека од кинески гаќи девојка се има здобиено со некаква инфекција срашна работа се кинексиве прозиводи не влагам во нивните маркети воопшто не ги ни погледнувам ни пак се залажувам да купам нешто зашо било ефтино
 

Kajgana Shop

На врв Bottom