Самоил е САМОПРОГЛАСЕНИОТ Цар, како што и сам кажа. А, претпоставувам знаеш дека во одредени периоди Византија имала по повеќе (јас знам за максимум 4) владители. „Доказот“ ти е прилично климав, ако можам да забележам... Со Роман завршува таа лоза зошто е кастриран за да нема наследници. Поголемиот дел од „владеењето“ го поминува во заточеништво, мислам дека две три години само со Самоила со „преклопуваат“.
Види кој ни дојде на гости
Од 972 не постои никаква Бугарија ниту царство со нејзиното место, територијата е поделена на теми, а Роман со титулата се наоѓа во Цариград.
Претходно заедно со брат му Борис се борат против Самоил во 970 г. После што Роман му го предава Скопје на Василиј 2.
Крунисањето на Самоил е подоцна само поради тоа што Византија не сака да го круниса, па го добива крунисањето дури подоцна од Ватикан.
Круната на Роман се наоѓа во Цариград кај Василиј и затоа јасно е дека нема да му ја даде круната на неговиот најголем непријател Самоил .
А престолот Самоил не го избра да биде во Бугарија, Преслав или некое друго место во Бугарија, туку во Македонија во Охрид, а во неговата држава жители беа и Власи и Срби, па дури Хрвати.
Постојат докази и извори дека западното римско царство Самоиловата држава ја нарекува СКЛАВИНИА, а не Бугарија, како што тоа го прави подоцна источен Рим т.е. Византија.
Кнез на Берзитската Склавинија, една од најголемите, бил таткото на Самоил, кнезот Никола.
Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136;
Bernhardi, Lothar, S. 600 f. zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39;
или Zonaras, ibid., IV, p. 75
Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во
866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис со крстено име Михаил,
секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички архиепископ.
Инаку целото папско правило гласи:
”...Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc...”
”Правила на св. православна ц'рква с т'лкованијата им, Софија, 1912, т. I, стр. 98...
Васил Н. Златарски: ”Историја на П'рвото б'лгарско Царство” II...
От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018) стр.119-120)
Тогаш, бугарскиот цар Борис со крстено име Михаил, ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област.
(Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.)
За управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.
Хронолошки:
Во
969 г., императорот Никифор Ј. Фока бил убиен, па на чело на Византија доаѓа Јован Цимискиј.
Во
970 г. бил ликвидиран комитопулот Никола, а власта со автономната земја ја презеле неговите четири синови.
Во
971 Јован Цимискиј ги протерал Русите од Балканот, и го ликвидирал слабото бугарско царство. Бугарија ја претворил во обична тема - провинција. Борис II и неговиот брат Роман повторно биле заробени и одведени во Цариград. Заедно со нив била пратена и бугарската царска круна. Истата година и Србија била потчинета од Византија, и уредена како провинција.
Земјата продолжила автономно да биде владеана во
тетрархија од четирите браќа:
- Давид владеел со јужните делови од земјата. Тој требал да ја чува најризичната гранична линија на патот кои Солун и Тесалија, кој постојано бил на мета на различни непријателски продори. Дворците на Давид биле сместени во Преспа и Касториа;
- Мојсеј својата власт ја ширел од Струмица која била главна база од која се лансирале походи кон брегот на Егејот, и Серез;
- Арон владеел од градот Средец, и имал за задача да ги спречува продорите на главниот пат од Адрианопол до Белград, како и да ја напаѓа Тракија;
- Самуил владеел со северозападниот дел на земјата, од добро утврдениот град Видин;
Тоталната независност на земјата на четирите браќа речиси била на дофат, а тоа се гледа и во моментот кога Јован Цимискиј им дозволил на комитопулите да испратат свои претставници на дворот на германскиот император Отон I во Кведлинбург 23 март 973 г, за да му однесат подароци по повод велигденските празници. На приемот во Кведлинбург тргнал најверојатно Самуил со еден од браќата. Таму го искористиле присуството на другите европски владетели,
за издејствување на меѓународно признание на својата држава.
Во
976 г. умрел и Јован Цимискиј. Браќата Давид, Мојсеј, Арон, и Самуил ја искористиле неговата смрт, за повторно да кренат финално востание овојпат против наложената византиска врховна власт. На страната на комитопулите поминало и дел од бугарското население, со што во Македонската Средновековна држава биле приклучеии и бугарски територии.
Во текот на 976 г., во рок од шест месеци биле убиени тројцата Самуилови браќа:
- Давид загинал кај местото “Убави Дабови“, меѓу Костур и Преспа, во борбите со Власи скитници;
- Мојсеј загинал во борбите со Византијците кај Серез;
- Арон бил ликвидиран од Самуил, во околината на Разметаница, зашто со помошта на Византија се стремел за себе да ја приграби целата власт во државата. Било ликвидирано и целото негово семејство. Жив останал само неговиот син Иван Владислав, кој бил спасен и поштеден од Гаврило Радомир, синот на Самуил;
На тој начин од
976 г. македонската држава била претворена во
монархија, на чело со македонскиот монарх Самуил.
Гледам неможеш да се одбраниш , па банираш или слично , зашто на vmro.bg не е така , дозволено е и да напишат "Македонија само на Македонците" од страна на вашите "македонисти" , Така да кајгана доколку продолжите вака пропага , штета!:angel1:
Види бугаре, ти го едитирав постот претходно и ти напоменав да не правиш реклама на бугарски националистички сајтови.
Ти по втор пат го правиш истото.
Доколку не ти се допаѓа на Кајгана ќе ми биде чест да те ескоритирам од овде.
Досега никој не беше баниран, сега неможете да си помогнете па самите ме предизвикувате со аргументи од типот
ад хоминем за да ве банирам и после да плачете дека сме ве цензурирале и тепале.