Z
zmej gorjanin
Гостин
Хм ме влечеш за јазикToa e utopija.
Daj gi faktite da gi proanalizirame. Koj gi narekuval Bugari, koga vo site vizantiski izvori jasno se razgraniceni i Srbite i Hrvatite od Bugarite.
Ne tvrdime deka bile Bugari, zosto samite sebe si nikogas ne se narekuvale Bugari.
Za Makedoncite e drugo prasanje. Najdobro e na prvo vreme da gi procitas "Za Makedonckite raboti". Tamu e dobro objasneto.
Белграѓани прикажани како Бугари со Петар Делјан, Скилица 11 век
Византискиот хроничар Михаил Псел за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) тврди дека тоа е востание на племето на "бугарите", а почнало во денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија, за на крај да стигне во Македонија. Крунисувањето на Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгарои).
Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.
Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).
Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).
Еве, уште еден пример дека и Босанциtе биле „Бугари“; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна и Сарајево, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памјатные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинјан, Вена, 1936). Зарем Босанците се Бугари?
Да не должам многу, во овој контекст ќе го спомнам Евлија Челеби, познатиот турски патеписец, само да се докаже дека ја користи тематската поделба на Византија, но пак прави многу грешки, всушност каша-попара, што би рекол народот. И тој, Босанците ги окарактеризира како Бугари. Во своите записи за Босна, Евлија Челеби како бугарски градови ги представува Сарајево, Сребреница и Рача (на устието на Дрина во Сава), со жители Бугари (Glasnik zemaljskog muzeja u Bosni i Hercegovini, XX, 1908, str 184,186, 304,305,310,338). Бугари, наоѓа и низ Србија и Македонија, но Македонци лоцира во Тракија, а за него најголеми македонски градови се Пловдив и Солун (Ibid. 410; 418; 423; 423-424; 424; 427-428 и 430-431; 432; 436; 442; 450-451; 454; 455; 456; 466; 468; 482-483; 518 и 582). Бугарските пропагандисти пак, само презентираат пишанија од Челеби за Македонија, каде што тој наоѓа Бугари, но ги „забораваат“ Бугарите од Босна и Србија, како и Македонците од Тракија, оти сосема е јасно, дека скоро сите патеписци, своите „податоци“ ги треселе од рака или користеле не етничка, туку византиска поделба на луѓето по теми. Ако бугарската историографија, ја презентира целата вистинска документација на Челеби, кој наоѓа Бугари и во Србија, Босна и Македонија, ќе падне во вода нивната пропаганда дека Македонците се Бугари.
И еве сега кога ти презентирав докази кажи ми зошто босанците, србите и црногорците исто биле нарекувани бугари?